Роман Кројцигер
Роман Кројцигер (чешки: Roman Kreuziger; р. 6 мај 1986) — чешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[2] Кројцигер е универзален возач, со способности за планини и хронометри, станувајќи кандидат за генерален пласман на етапните трки. Исто така се смета за еден од најголемите таленти на овој спорт, по освојувањето на Светското јуниорско друмско првенство 2004 и Тур де Свис 2008 на возраст од 22. Следната година победил на Тур де Романди 2009, а во 2013 бил победник на Амстел Голд Рејс.
Кројцигер на Тур де Франс 2009. | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Роман Кројцигер | ||
Роден | 6 мај 1986 Моравска Требова, Чехословачка | ||
Висина | 1,83 м[1] | ||
Маса | 65 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Кубека Асос | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Професионални клубови | |||
2006–2010 2011–2012 2013-2016 2017-2018 2019- | Ликвигас Астана Тим Саксо-Тинкоф Орика-Скот Тим Дименжн Дата | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 8 ноември 2020 |
Неговиот татко, Роман Кројцигер, исто така бил велосипедист, кој ја освоил Трката околу Австрија во 1991 и Светското јуниорско велокрос првенство во 1983 година.
Кариера
уредиЛиквигас (2006-2010)
уредиСтанал професионалец во 2006 во Ликвигас, по успешната аматерска кариера, кои го забележале по победата на Светското јуниорско друмско првенство во 2004 и етапа на Џиро деле Региони во 2005. Во 2007, остварил големи подобрувања во неговите способности, станувајќи втор на прологот на Париз-Ница и Тур де Романди, каде исто така завршил шести во генералниот пласман. Првата негова професионална победа ја освоил на втората етапа на Сетимана Сиклистика Ломбарда. На крајот на 2008, го завршил и неговиот прв Гранд Тур по освојувањето на 21. место на Вуелта а Еспања.
Во 2008, завршил втор на Тур де Романди, 35 секунди позади Андреас Кледен, еден од водечките светски велосипедисти. Го осветил неговиот пораз со освојување на Тур де Свис, завршувајќи 49 секунди пред Кледен и победувајќи на планинскиот хронометар на преминот Клаузен. На неговиот прв Тур де Франс, се докажал како исклучителен специјалист за планини, меѓу светските великани, завршувајќи втор во пласманот за млад возач и 12. во генералниот пласман.
Во 2009, повторно се вратил на Тур де Романди и конечно успеал во неговиот обид да победи во трката, освојувајќи и една етапна победа. Покрај овој успех, успеал да заврши и на деветтото место на Тур де Франс.
Во 2010, Кројцигер го направил преместувањето од Ликвигас-Доимо во Астана, по петте поминати сезони со италијанската екипа.[3]
Астана (2011-2012)
уредиВо 2011, Кројцигер го освоил планинскиот пласман и етапа на Џиро дел Трентино. Завршил на четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж во масовниот спринт, скоро една и пол минута зад победникот Филип Жилбер.[4] Потоа целел на Џиро д’Италија. Завршил на петтото место во генералниот пласман и исто така го освоил пласманот за млад возач.[5]
Во 2012 завршил на третото место на Тирено-Адријатико.[6] Настапил на Џиро д’Италија 2012 предводејќи ја Тим Астана со Паоло Тиралонго. Ја освоил планинската деветнаесетта етапа по соло-бегство[7] но имал разочарувачки пласман на 15. место во генералниот пласман.[8]
Тим Саксо-Тинкоф (2013–2016)
уредиКројцигер го напуштил Астана на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Саксо-Тинкоф на тригодишен договор од сезоната 2013 па натаму.[9] Во април 2013 ја освоил Амстел Голд Рејс. Се одвоил од водечката група на седум километри од целта и давал отпор на потерата на групата на Кауберг, освојувајќи соло триумф.[10] Кројцигер работел со докторот за допинг Микеле Ферари, според поранешниот колега Леонардо Бертањоли.[11] Кога го прашале за обвинувањата по Амстел Голд Рејс, Кројцигер одбил да коментира за овие врски, велејќи дека ќе даде изјава по Тур де Романди.[12] Тоа го направил и признал дека работи со Ферари од есента 2006 до 2007, но не користел забранети средства.[13] По Амстел Голд Рејс, Кројцигер завршил на третото место на Тур де Свис, целејќи на победа.
И покрај тоа што возел на Тур де Франс 2013 како поддршка на Алберто Контадор, Кројцигер по етапите во Пиринеите се наоѓал на петтото место во генералниот пласман. Откако имал солиден хронометар на етапата 17, Кројцигер се поместил на првите три места, претекнувајќи ги Лауренс тен Дам и Бауке Молема. И покрај тоа што имал висок пласман со Алберто Контадор, Кројцигер паднал на петтото место во генералниот пласман, откако изгубил контакт со Наиро Кинтана и Хоаким Родригес на Алпите.
Во 2014 година, Кројцигер ја започнал сезоната завршувајќи осми на Трката околу Оман. Возел на Тирено-Адријатико како поддршка на Алберто Контадор, каде завршил на третото место во генералниот пласман, додека Контадор ја освоил трката. Потоа, возел на арденските класици завршувајќи помеѓу првите десет на Флеш Валон и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Потоа завршил осми на Тур де Свис.
Во јуни 2014 година, Тинкоф-Саксо објавил дек Кројцигер бил привремено суспендиран откако Меѓународниот велосипедистички сојуз пројавиле сомнеж во неговиот биолошки пасош. Сојузот ги потенцирал податоците за сезоните 2011 и 2012 преку писмо во јуни 2013 година, на кое Кројцигер одговорил во октомври 2013 година, иако вредностите не биле надвор од границите, кои определуваат до каде велосипедистите треба да одат. Ова го спречило Кројцигер од настап на Тур де Франс и на Трката околу Полска.[14] Во август 2014 година, Арбитражниот суд за спорт ја одбил жалбата на Кројцигер да му дозволи да учествува на Вуелта а Еспања 2014.[15] На 22 септември било објавено дека чешкиот олимписки комитет го ослободил од сите сомнежи и бил слободен повторно да настапи.[16] Сојузот и Светската антидопинг агенција се жалеле против оваа одлука на Арбитражниот суд за спорт во октомври 2014 година.[17] Случајот бил отфрлен од обете агенции на 5 јуни 2015 година.[18] Кројцигер учествувал на Тур де Франс 2015, завршувајќи на 17. место.
Орика-Скот (2017-2018)
уредиВо август 2016 година, Орика-БајкЕксчејнџ објавила дека Кројцигер потпишал двегодишен договор, кој ќе заврши на крај на сезоната 2018. Кројцигер изјавил: „Орика-БајкЕксчејнџ беше лесен избор за мене кога започнав да барам нова екипа и да ја одредам мојата иднина како возач. Навистина се восхитувам на амбициите кои ги имаат за понатаму и сакам целосно да им помогнам со нивните млади возачи за врвен успех на големите трки“.[19]
Достигнувања
уреди- 2004
- 1. Светски друмски првак под 19 години
- 1. Чешка Друмски првак под 19 години
- 1. Чешка Хронометарски првак под 19 години
- 2. Светско хронометарско првенство под 19 години
- 2. Светско велокрос првенство под 19 години
- 2005
- 2. Краен пласман Џиро деле Региони
- 1. Етапа 3
- 8. ГП Палио дел Речото
- 10. Краен пласман Џиро дела Тоскана
- 2006
- 9. Трофео Чита ди Кастелфидардо
- 9. Гран Премио Индустрија е Комерсио Артиџанато Карнагезе
- 2007
- 1. Трофео Чита ди Боргоманеро
- 6. Краен пласман Сетимана Ломбарда
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 2
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 21. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2008
- 1. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 8 (ITT)
- 1. Пласман за млад возач Трка околу Мисури
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 12. Краен пласман Тур де Франс
- 2009
- 1. Краен пласман Тур де Романди
- 2. Класика де Сан Себастијан
- 3. Краен пласман Тур де Свис
- 9. Краен пласман Тур де Франс
- 10. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
- 2010
- 1. Краен пласман Џиро ди Сардења
- 1. Етапа 2
- 3. Краен пласман Париз-Ница
- 5. Амстел Голд Рејс
- 9. Краен пласман Тур де Франс
- 2011
- 1. Етапа 4 Џиро дел Трентино
- 1. Планински пласман
- 4. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 5. Краен пласман Џиро д‘Италија
- 2012
- 1. Етапа 19 Џиро д’Италија
- 3. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 6. Страде Бјанке
- 2013
- 1. Амстел Голд Рејс
- 3. Краен пласман Тур де Свис
- 3. Класика де Сан Себастијан
- 5. Краен пласман Тур де Франс
- 6. ГП Мигел Индураин
- 2014
- 3. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 5. Страде Бјанке
- 7. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 8. Краен пласман Трка околу Оман
- 8. Флеш Валон
- 8. Краен пласман Тур де Свис
- 2015
- 1. Етапа 6 САД Про Сајклинг Челинџ
- 5. Краен пласман Лиеж-Бастон-Лиеж
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2016
- 1. Национално друмско првенство
- 6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 7. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 10. Краен пласман Тур де Франс
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2017
- 1. Про Ецталер 5500
- 4. Национално друмско првенство
- 2018
- 2. Амстел Голд Рејс
- 4. Флеш Валон
- 6. Светско друмско првенство
- 8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Распоред на резултатите од етапните трки
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||||
Голема трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | 5 | 15 | — | — | 28 | — | — | 55 | — | — |
Тур | — | 12 | 9 | 8 | 112 | — | 5 | — | 17 | 10 | 24 | — | 16 | 109 |
Вуелта | 21 | — | 61 | 28 | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||||||||
Етапна трка | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 |
Париз-Ница | 19 | СО | СО | 3 | 17 | — | — | — | — | — | — | 19 | — | 24 |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | 3 | 13 | 3 | 10 | 10 | СО | — | 24 | — |
Волта а Каталуња | — | — | — | 8 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | НСО |
Трка околу Баскија | — | — | 10 | — | — | — | 18 | 17 | — | 30 | 33 | — | — | |
Тур де Романди | 6 | 2 | 1 | СО | 63 | 6 | 30 | — | — | — | 35 | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 19 | 28 | — | — | СО |
Тур де Свис | — | 1 | 3 | 16 | — | 6 | 3 | 8 | — | — | — | СО | 22 | НСО |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | 86 | — | — | — | СО | 29 | 56 | — | — | 40 | 54 | |
Трка околу Фландрија | не настапил во кариерата | ||||||||||||||
Париз-Рубе | |||||||||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | 45 | 48 | 4 | — | 125 | 7 | 5 | 7 | 27 | 8 | 79 | — | |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | — | — | — | — | 23 | 52 | СО | 32 | — | СО | — | |
Класик | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | |
Страде Бјанке | нема | — | — | — | — | 6 | — | 5 | 11 | — | СО | — | 20 | СО | |
Амстел Голд Рејс | 59 | 52 | 18 | 5 | — | — | 1 | 18 | 14 | 12 | 126 | 2 | 18 | НСО | |
Флеш Валон | 39 | 50 | 51 | 91 | — | — | 17 | 8 | 11 | 11 | 72 | 4 | СО | — | |
Класика де Сан Себастијан | — | 20 | 2 | СО | — | — | 3 | — | 13 | 22 | 63 | — | — | NH |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Роман Кројцигер“.
- ↑ „NTT Pro Cycling Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 3 January 2020. Посетено на 3 January 2020.
- ↑ „Кројцигер потпиша со Астана“. Cyclingnews.com. Future plc. 16 август 2010. Посетено на 14 април 2013.
- ↑ ФицГералд, Мајкл (24 април 2011). „Жилбер победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Посетено на 21 април 2013.
- ↑ Бери Рајан (29 мај 2011). „Контадор ја освои втората победа на Џиро д'Италија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 21 април 2013.
- ↑ „Nibali overhauls Horner to win Tirreno“. SuperSport. Naspers. South African Press Association; Agence France-Presse. 13 март 2012. Посетено на 21 април 2013.
- ↑ Аткинс, Бен (25 мај 2012). „Роман Кројцигер се искачи до победа на Алпи ди Памеаго“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 21 април 2013.
- ↑ „Резултати на етапата 21 на Џиро д'Италија 2012“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 27 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2014-09-11. Посетено на 21 април 2013.
- ↑ „Кројцигер му се приклучи на Саксо Банк-Тинкоф Банк“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
- ↑ Вин, Најџел (14 април 2013). „Роман Кројцигер победи на Амстел Голд Рејс“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 14 април 2013.
- ↑ Грегор Браун (11 октомври 2012). „Bertagnolli names Kreuziger“. Velonews. Архивирано од изворникот на 2013-12-02. Посетено на 20 април 2013.
- ↑ Грегор Браун (20 април 2013). „Кројцигер одби да зборува за врските со Ферари“. Cycling Weekly. Посетено на 20 април 2013.
- ↑ Браун, Грегор. „Роман Кројцигер призна дека работел со забранетиот доктор Ферари“. Cycling Weekly.
- ↑ Браун, Грегор (29 јуни 2014). „Роман Кројцигер надвор од Тур де Франс поради проблем со биолошкиот пасош“. Cycling Weekly. Посетено на 29 јуни 2014.
- ↑ „Одбиена жалбата на Роман Кројцигер“. espn.go.com. 20 август 2014. Посетено на 21 септември 2014.
- ↑ „Кројцигер ослободен од чешкиот олимписки комитет“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 септември 2014. Посетено на 22 септември 2014.
- ↑ „Роман Кројцигер: УЦИ & ВАДА се жалат по ослободувањето на возачот“. bbc.co.uk. 23 октомври 2014. Посетено на 27 октомври 2014.
- ↑ „UCI and WADA drop biopassport case against Kreuziger“. Cyclingnews.com. Future plc. 5 јуни 2015. Посетено на 5 јуни 2015.
- ↑ „'Game-changing' Kreuziger joins ORICA-BikeExchange“. Orica BikeExchange Cycling Australia. Архивирано од изворникот на 2016-08-04. Посетено на 3 август 2016.
Надворешни врски
уреди„Роман Кројцигер“ на Ризницата ? |
- Матична страница (чешки)
- „Достигнувања на Роман Кројцигер“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Роман Кројцигер“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Роман Кројцигер“. ProCycling.
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 15 февруари 2012 г. (француски)