Отвори го главното мени

Трка Абу Даби

велосипедска трка во ОАЕ

Трка Абу Дабивелосипедска трка во и околу Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, која се одржува секоја година од 2015.

Трка Абу Даби
Датумоктомври (2015 и 2016)
февруари (2017 и 2018)
РегионАбу Даби, Обединети Арапски Емирати
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторRCS Sport
Прво издание2015 (2015)
Изданија4 (2018)
Прв победник Естебан Чавес (КОЛ)
Најмногу побединема повеќекратни победници
Неодамнешен победник Алехандро Валверде (ШПА)

ИсторијаУреди

Претходно била дел од Азиската турнеја UCI.[1] Трката се одржувала во октомври, како една од последните трки во сезоната. Трката е организирана од RCS Sport, организаторот на Џиро д’Италија и на соседната Трка Дубаи.[2]

Во 2015 година, UCI ја организирала првата „Меѓународна велосипедска гала“ вечерта на затворањето на трката како прослава за крај на сезоната. Организаторите ја изразиле желбата да се приклучат на Светската турнеја.[3] Во 2016 година започнала два дена по велосипедската гала, една недела по Светското друмско првенство во Катар.[4]

Третото издание на трката била додадено на Светската турнеја 2017 и требало да се одржи на почетокот на сезоната, во февруари 2017.[5][6]

Во 2019 година, Трката Абу Даби била споена со Трката Дубаи, станувајќи Трка ОАЕ.[7]

ТекУреди

Првите две изданија на трката биле составени од четири етапи; три од нив биле рамни и подобни за спринтерите и една со планинска завршница на Џабал Хафит. Завршната етапа е на тркалиштето околу Јас Марина, која се одржува на самрак.

ПобеднициУреди

НаводиУреди

  1. „Abu Dhabi Tour 2015 - General Classification“. ProCyclingStats. конс. 1 април 2015. 
  2. Abu Dhabi Tour added to 2015 race calendar“, „Cycling Weekly“, 22 декември 2014 (посет. 1 април 2015 г).
  3. Inaugural Abu Dhabi Tour route announced“, „Cyclingnews.com“, 25 март 2015 (посет. 1 април 2015 г).
  4. „Cycling's stars gather for end-of-season celebration held in Abu Dhabi“. cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 20 октомври 2016. 
  5. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  6. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  7. https://www.cyclingweekly.com/tag/uae-tour

Надворешни врскиУреди