Париз-Ница 2016
Париз-Ница 2016 — 74. издание на велосипедската етапна трка Париз-Ница. Започнала на 6 март, а завршила на 13 март како втора трка во сезоната на Светската турнеја.[1]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 74. Париз-Ница | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2016 2.UWT | ||
Етапи | 8 | ||
Датуми | 6 – 13 март | ||
Растојание | 1.122,1 км | ||
Држава | ![]() | ||
Поаѓалиште | Конфлан Сент Онорин | ||
Одредиште | Ница | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 175 | ||
Возачи на крај | 131 | ||
Просечна брзина | 40,886 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | ![]() ![]() | ||
Второпласиран | ![]() ![]() | ||
Третопласиран | ![]() ![]() | ||
Бодовен | ![]() ![]() | ||
Планински | ![]() ![]() | ||
Екипен | ![]() ![]() | ||
![]() | |||
◀2015 | 2017▶ | ||
![]() | Документација ![]() |
Британецот Герајнт Томас го освоил генералниот пласман. Алберто Контадор бил втор зад него со четири секунди, а бранителот на титулата Ричи Порт завршил трет со 12 секунди.[2]
Рута Уреди
Трката започнала со пролог (поединечен хронометар) во предградието Конфлан Сент Онорин, 24,2 километри од центарот на Париз, на 6 март 2016. Првата етапа до Вандом, вклучувајќи две земјени патеки во последниот круг близу градот. Од втората до четвртата етапа се возеле во и низ Средишниот Масив од рамен до ридест терен.[3] Петтата етапа ја однела трката во Прованса и завршила во Салон де Прованс, близу брегот на Средоземното Море. Шале Рејнар, со 1.440 метри надморска височина, била највисоката точка на трката и може да биде под снег во почетокот на март.[4]
Потоа, трката се префрлила во Ница за последните две одлучувачки етапи. Шестата етапа започнала во Ница и завршила на искачувањето Ител, со просечен наклон од 5,7% на 15 километри. Седмата и последна етапа била на 13 март, на ридест терен околу Ница, со Кол д’Ез како завршно искачување на трката. Трката завршила на познатото Англиско шеталиште, на крајбрежјето на Азурниот Брег.[4]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
Пролог | 6 мар | Конфлан Сент Онорин – Конфлан Сент Онорин | 6,1 | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | |
1 | 7 мар | Конде на Вегр – Вандом | 198 | Арно Демар | Мајкл Метјус | |
2 | 8 мар | Контр – Комантри | 213,5 | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | |
3 | 9 мар | Кисе – Мон Бруили | 168 | откажување на етапата | Мајкл Метјус | |
4 | 10 мар | Жилиенас – Роман на Изер | 195,5 | Насер Бухани | Мајкл Метјус | |
5 | 11 мар | Сен Пол Троа Шато – Салон де Прованс | 198 | Алексеј Луценко | Мајкл Метјус | |
6 | 12 мар | Ница – Sanctuaire de la Madone d'Utelle | 177 | Илнур Закарин | Герајнт Томас | |
7 | 13 мар | Ница – Ница | 134 | Тим Веленс | Герајнт Томас |
Екипи Уреди
Бидејќи Париз-Ница е настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа на трката. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[5]
Сите екипи, освен Лото-Судал (кој настапил со седум возачи), започнале со максималните осум дозволени возачи, со што главната група била сочинета од 167 возачи.[6] Тим Лото-Судал ја започнале трката со нов дрес со името Lotto Fix All, производ на нивниот спонзор Судал.[7]
Екипи во Светската турнеја на UCI
Професионални континентални екипи
Етапи Уреди
Пролог Уреди
- 6 март 2016 — Конфлан Сент Онорин, 6,1 км поединечен хронометар (ITT)[8]
Место | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Мајкл Метјус (АВС) | Орика-БајкЕксчејнџ | 7' 39" |
2 | Том Димулен (ХОЛ) | Џајант-Алпецин | + 1" |
3 | Патрик Бевин (НЗЛ) | Канондејл-Драпак | + 2" |
4 | Хосе Ерада (ШПА) | Мовистар Тим | + 6" |
5 | Јон Изагире (ШПА) | Мовистар Тим | + 6" |
6 | Ливе Вестра (ХОЛ) | Астана | + 7" |
7 | Герајнт Томас (ВБР) | Тим Скај | + 7" |
8 | Дрис Девенинс (БЕЛ) | ИАМ Сајклинг | + 8" |
9 | Силвен Шаванел (ФРА) | Директ Енержи | + 9" |
10 | Жером Копел (ФРА) | ИАМ Сајклинг | + 9" |
Извор: [9] |
Етапа 1 Уреди
- 7 март 2016 — Конде сир Вегр до Вандом, 198 км[10]
|
|
Етапа 2 Уреди
|
|
Етапа 3 Уреди
Третата етапа била откажана поради снег. Организаторите ја неутрализирале трката на 70 километри пред крајот и на крајот ја откажале целосно.[15] Не биле земени предвид времињата, ниту бодовите освоени на првиот среден спринт и на искачувањата во ниеден од пласманите на трката.[16]
Етапа 4 Уреди
- 10 март 2016 — Жилиенас до Роман на Изер, 195,5 км[17]
|
|
Етапа 5 Уреди
- 11 март 2016 — Сен Пол Труа Шато до Салон де Прованс, 198 км[18]
|
|
Етапа 6 Уреди
- 12 март 2016 — Ница до Мадон д’Ител, 177 км[19]
|
|
Етапа 7 Уреди
|
|
Поредок Уреди
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Бодовен пласман |
Планински пласман |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|
П | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | недоделена | Мовистар Тим |
1 | Арно Демар | Јон Изагире | |||
2 | Мајкл Метјус | ||||
3 | откажана | ||||
4 | Насер Бухани | Евалдас Шишкевичиус | |||
5 | Алексеј Луценко | Хесус Ерада | Астана | ||
6 | Илнур Закарин | Герајнт Томас | Антоан Дишен | Тим Скај | |
7 | Тим Веленс | Мовистар Тим | |||
На крај | Герајнт Томас | Мајкл Метјус | Антоан Дишен | Мовистар Тим |
- Трката не го вклучила пласманот за млад возач.
- На првата етапа, Том Димулен, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Мајкл Метјус ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[20]
- На втората и третата етапа, Арно Демар, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Мајкл Метјус ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[20]
- На петтата и шестата етапа, Насер Бухани, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Мајкл Метјус ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.[17]
Наводи Уреди
- ↑ Вин, Најџел. „Календар за Светската турнеја на UCI 2016“. Cycling Weekly. Посетено на 18 декември 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Етапа 7 - Ница > Ница“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 13 март 2016.
- ↑ „Рута 2016“. letour.fr. Amaury Sport Organisation. Посетено на 19 декември 2015.
- ↑ 4,0 4,1 Фаранд, Стивен. „Париз-Ница 2016 ќе го посети Ванту и ќе вклучи земјени патеки“. Cycling News. Immediate Media Company. Посетено на 19 декември 2015.
- ↑ „Избор на екипите за Париз-Ница 2016“. Amaury Sport Organisation.
- ↑ „Почетна листа за Париз-Ница 2016“. Amaury Sport Organisation.
- ↑ „Lotto Fix ALL in Paris-Nice“. Lotto-Soudal.[мртва врска]
- ↑ „Пролог: Конфлан Сент Онорин“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 6 март 2016.
- ↑ Флечер, Патрик (6 март 2016). „Пролог на Париз-Ница: Метјус го победи Димулен за жолтата маичка“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот 2016-03-06. Посетено на 6 март 2016.
- ↑ „Етапа 1 - Кондер сир Вегр > Вандом“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 7 март 2016.
- ↑ 11,0 11,1 „Париз-Ница: Демар ја освои првата етапа во Вандом“. cyclingnews.com. 7 март 2016. Архивирано од изворникот 2016-03-07. Посетено на 7 март 2016.
- ↑ „Етапа 2 - Контр > Комантри“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 8 март 2016.
- ↑ 13,0 13,1 „Пласмани по етапа 2“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 8 март 2016.
- ↑ „Етапа 3 - Кисе > Мон Бруили“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 8 март 2016.
- ↑ „Третата етапа на Париз-Ница откажана за време на трката“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 9 март 2016.
- ↑ „Снегот присили на откажување на третата етапа“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 9 март 2016.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 „Етапа 4 - Жилиенас > Роман на Изер“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 9 март 2016.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 „Етапа 5 - Сен Пол Труа Шато > Салон де Прованс“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 11 март 2016.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 „Етапа 6 - Ница > Мадон д'Ител“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 12 март 2016.
- ↑ 20,0 20,1 „Пласмани - Париз-Ница 2016“. Париз-Ница. Amaury Sport Organisation. Посетено на 8 март 2016.
Надворешни врски Уреди
„Париз-Ница 2016“ на Ризницата ? |
- Матична страница (француски) (англиски)
- „Париз-Ница 2016“. ProCycling.
- „Париз-Ница 2016“. Cycling Archives.