Трката околу Пекинг 2012 било второто издание на етапната велосипедска трка Трка околу Пекинг. Започнала на 9 октомври од плоштадот Тјананмен и завршила на 13 октомври во округот Пингу во Пекинг по одржаните 5 етапи. Била 28. и последна трка во сезоната на Светската турнеја.
Трката била освоена втора година по ред од германскиот возач Тони Мартин, возејќи за екипата Омега Парма-Квик Степ.[2] Мартин ја освоил втората етапа на трката по соло напад на 25 километри пред крајот на етапата и на крајот ја освоил етапата со 46 секунди предност пред најблискиот соперник. Го одржал водството во генералниот пласман на трката до нејзиното завршување, на крајот освојувајќи ја трката со 40 секунди пред возачот на АстанаФранческо Гаваци,[3] кој ја освоил кралската етапа на трката на третиот ден. Возачот на Тим СкајЕдвалд Боасон Хаген го заокружил подиумот, 6 секунди зад Гаваци и 46 секунди зад Мартин и исто така го освоил бодовниот пласман на трката.[4]
Трката повторно се состоела од пет етапи; за разлика од изданието во 2011 на трката, немало поединечен хронометар по кој Тони Мартин го одржал водството од хронометарот и победил на крајот на трката.[6][7] Пред трката, втората етапа била изменета поради поројните дождови во областа претходно во годината; етапата првично била планирана на растојание од 134 километри, но на крајот била скратена на 126 километри.[8]
Бидејќи Трката околу Пекинг била настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI ProTeam екипи автоматски се повикани се обврзани да испратат своја екипа. Првично, организаторите на трката им доделиле покана на екипата Аргос-Шимано,[9] но тие се повлекле од трката по политичките препирки помеѓу Кина и Јапонија,[10] што предизвикало јапонските возачи да бидат приморани да ја напуштата септемвриската Трка околу Кина,[11] која се одржала како дел од Азијската турнеја. На крајот биле заменети од екипата Чемпион Систем,[12] и со тоа се создала групата од 19 екипи.