Кирил Трајковски (Штип, 27 ноември 1951Скопје, 13 октомври 2012) — виден македонски археолог и академик, долгогодишен член на Македонското научно друштво,[1] проучувач на средновековната археологија во Македонија, кустос-советник во Музејот на Македонија и персевант.

Кирил Трајковски
Роден 27 ноември 1951
Штип, СФРЈ денес Македонија Македонија
Починал 13 октомври 2012
Скопје, Македонија Македонија
Занимање археолог
персевант

Животопис

уреди

Трајковски е роден на 27 ноември 1951 година во Штип, каде што завршил и гимназија, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група археологија во Белград во 1976 година. Во Музејот на Македонија работел од 1977 година. Како најзначајни, од повеќето археолошки стратиграфски бази, во археолошкиот континуум на Трајковски се издвојувале Морозвизд (Мородвис) и Кастелот над Пчиња, наоѓалишта на кои тој раководел со реализација на проектите: Средновековен Моробиздон 1980-1999, Средновековната археологија на Брегалница 1987-1989, Рановизантискиот град кај Коњух (пилот-проект) 1998 и Кастелот над Пчиња 2008-2012. Негова сестра е британскиот археолог и оксфордски професор Славица Трајковска - Вејт, која е и директорка на фондација која го нови името на Кирил Трајковски.[2] Бил женет и имал три сина. Починал во Скопје на 13 октомври 2012 година.

Наводи

уреди
  1. Членови на МАНД. Архивирано од изворникот на 2016-04-04. Посетено на 2014-03-30.
  2. ВО ЗЕМЈАВА ПРЕСТОЈУВААТ АРХЕОЛОЗИ ОД ОКСФОРД [мртва врска]