Ацо Видиков (15 октомври 1946 во Кавадарци24 мај 2021) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Ацо Видиков - Лавот
Роден 15 октомври 1946
Кавадарци, Македонија Македонија
Починал 24 мај 2021
Кавадарци, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогите во:
Каца
Македонски народни приказни
Јуначко колено.
Занимање глумец

ЖивотописУреди

Сценарист и главен лик на филмот "Каца" има завршено средно училиште во Кавадарци. Потоа се запишува на правен факултет во Скопје, но судбината си поигрува со него,па наместо правник,останува актер.Имено запишувајќи III семестар на право тој се враќа во Кавадарци на викенд. Во меѓувреме театарот каде што тој беше аматер од 1964 година беше во припрема на нова премиера, која ја режираше тогашниот директор на домот И.Каров. Во претставата зема улога и Видиков, кој по некое време,1972 година, е примен на работа како актер,заедно со неговиот колега и соработник Данчо Бањански. Во неговата богата кариера има одиграно преку 100 премиери, од кои,шеесетина како главна улога. Има снимено неколку серии за МРТВ , Македонски народни приказни и сл.Има одиграно и три монодрами: "Чекајќи го Илко" , "Задоцнета серенада" и "Тутуле Бале" , сите три пишувани од неговата пријателка, писателката Мирјанка Селчанец. Покрај театарот и телевизијата има играно во неколку филмови како: "Крушевска Република од зад грб" , "Републоката во пламен" , "Јуначко колено" и во неговиот првенец ,филмот "КАЦА"

Филмот КацаУреди

"Комедија направена кога господ одеше по земјата,1997 година.Јас како автор на филмот,случајно дојдов до идеа да го напишам ова сценарио.Седев во една кафеана,полудомаќинска,како што викаме на кавадаречки.Кафана во кој можеш да заиграш табла,карти,домино,да се напиеш нешто,да замезиш,итн.Газдата на таа кафана беше и сè уште е,Ќире Белевски.Неговиот татко Дане Белевски беше многу голем шегаџија и знаеше многу приказни.Многу настани од поблиското и подалечното минато на Кавадарци.Меѓу другото ми кажа еден вистинит случај од кавадаречкиот комарџијски живот,за прв пат се случило на комар изгубените пари,да му се вратат на тој што изгубил.Благодарејќи на чичко Дане,за прв пат во кавадарци се снима игран филм,за прв пат на екранот на киното "Балкан" се појавија скоро сите познати актери како од Кавадарци ,така и од цела Македонија,како:Ѓорѓи и Шенка Колозови ,Ванчо Петрушевски ,Гоце Тодоровски ,Дади Ангеловски ,Мите Грозданов ,Лазе Бараков и се разбира актерите позати на кавадаречката јавност: Диме Коцевски, Данчо Бањански, Милица Гочевска, Васо Ангелов, Александар Малинков и други.

Филмот е режиран од Драган Велјановски, тон мајстор:Виктор Ивановски-Чаир, Камерман:Бошко Ацевски, Светло:Иван Потевски-Балто.

ФилмографијаУреди

Видиков ги остварил филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1982. Едно лето ТВ-серија
1982. Илинден ТВ-серија
1984. Јуначко колено ТВ-серија Ѓузбашијата
1985. Од зад грб ТВ-филм
1991. Еурека ТВ-серија
1993. Македонски народни приказни ТВ-филм
1997-2000. Македонски народни приказни ТВ-серија
1999. Каца ТВ-филм Перо
2000. Погрешно време ТВ-серија Коле
2000-2003. Македонски народни приказни ТВ-серија
2000. Големи и мали ТВ-серија Сосед
2000-2001. Светот има осум страни ТВ-серија
2001. Прашина ТВ-филм
2003. Лото, лото ТВ-серија
2005. Обични луѓе ТВ-серија
2005. Лудомарини лакардии ТВ-серија
2007. Досие-К ТВ-филм
2010. Царската е последна ТВ-филм
2010. Македонски стари приказни ТВ-серија
2011-2013. Македонски народни приказни ТВ-серија
2013. Тврдокорни ТВ-серија
2014. Женски итроштини ТВ-филм

НаводиУреди

  1. „Aco Vidikov“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.