Владимир Ангеловски

Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади (22 мај 1946, Скопје15 ноември 2012, Скопје[1]) — еден од најголемите македонски глумечки имиња. Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации. Роден глумец, но сосема нетипичен глумец. Цел живот во Драмски театар — Скопје, со излети на “осмиот колосек” наречен естрада. За себе велел дека е глумец уште од своето раѓање.

Владимир Ангеловски - Дади
Роден 22 мај 1946
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Починал 15 ноември 2012(2012-11-15) (возр. 66)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Трст виа Скопје
Викенд на мртовци
Солунски патрдии
Македонски народни приказни
Хихирику
Каца
Пусто турско
Училиште за кловнови
Занимање глумец
Роднини Коле Ангеловски (брат)

Животопис

уреди

Владимир Ангеловски - Дади е роден на 22 мај 1946 год. во Скопје како втор син во семејството на Борис и Костадинка Ангеловски. Татко му попот Борис имал свој црковен хор и прв ја направил комплетната црковна богослужба со ноти и на македонски јазик, а мајка му била учителка во основното училиште „Кирил и Методиј“. Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој В.А.-Дади има соработувано многупати.

Првите почетоци

уреди

Првите чекори кон својата идна професија Дади ги имал во Радио драмата, додека пак за првпат на сцената стапнал во 1962 година, кога го играл Оливер Твист кај режисерот Димитрие Османли во тогашниот Младинско-детски театар, денес Драмски театар - Скопје. И тука се раѓа неговата голема љубов кон театарот. Како гимназијалец во “Цветан Димов “ одел на голем број натпреварувања низ Југославија што всушност биле и неговите први естрадни почетоци. По гимназијата се подготвувал да оди на Академија во Белград, но тоа не се случило. Имено на Драмскиот театар во тоа време му биле потребни глумци па така Дади бил ангажиран во претставата „Принцот и просјакот“ и истата 1966 година станува и член на драмскиот театар.

Некои позначајни улоги

уреди

Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па сè до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии. Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија „Чук, чук Стојанче”, „Баш челик” и „Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите „Шеќерна приказна” и „Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”.

Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии”, во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Грозданоски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје“, „Битолски лакрдии” и многу дриги.

Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Крстева, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Катерина Коцевска во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење. Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот глумец кој 9 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.

Филмографија

уреди
Год. Филм Улога Канал
1960-ти
1967 Мементо ТВ-филм
1967 Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија Дади ТВ Скопје
1969 Волшебниот воз ТВ-серија
1969 Републиката во пламен ТВ-филм
1970-ти
1970 Детективи ТВ-серија
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм МРТ 1
1973 Илустриран ТВ Речник ТВ-серија Димо
1975 Сребрено јаболко ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија Итар Пејо ТВ Скопје
1978 Сеќерна приказна ТВ-филм
1979 Наши години ТВ-серија ТВ Скопје
1979 Хихирику Радио-емисија
1980-ти
1980 Учителот ТВ-филм
1982 Црвено, жолто, зелено ТВ-серија
1984 Хихирику - 5 години (1984)
1984 Камчевци ТВ-серија МРТ 1
1985 На наш начин ТВ-филм ТВ Скопје
1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија МРТ 1
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Цветан МРТ 1
1986-1988 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1
1987 Трст виа Скопје ТВ-серија Попот МРТ 1
1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм
1987 Училиште за кловнови ТВ-серија Дади МРТ 1
1987 Претежно ведро ТВ-серија
1988 Чук, чук Стојанче ТВ-серија МРТ 5
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Климе Глупчев МРТ 1
1989 Цвеќе на карпата ТВ-филм
1989-1993 Еурека ТВ-серија МРТ 1
1990-ти
1990 Македонски народни приказни ТВ-серија
1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Дедото МРТ 1
1990 Викенд на мртовци ТВ-филм
1991 Македонија може ТВ-филм Владимир МРТ 1
1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм Ангеле
1992 Тврдокорни ТВ-серија МРТ 1
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Гази МРТ 5
1992-1995 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија МРТ 1
1997 Калигула ТВ-филм
1996-1999 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1
1999 Време живот ТВ-филм
1999 Хихирику - 20 години
1999 Каца ТВ-филм Полицаец 1 КТВ
2000-ти
2000 Мајка Тереза ТВ-филм Алфа
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија / МРТ 1
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија МРТ 5
2000-2003 Македонски народни приказни ТВ-серија МРТ 1
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија Злате Динго
2003 Битолски лакрдии ТВ-серија МРТ 1
2003 Лото, лото ТВ-серија Сител ТВ
2004 Неверство во зимска ноќ ТВ-филм Сител ТВ
2004 Хихирику
2004 Сакам да бидам кошаркар ТВ-филм Судијата
2006 Пусто турско ТВ-филм Димче МРТ 1
2008 Кукен совет ТВ-серија
2009 Ветар низ тополите ТВ-серија Сител ТВ
2009 Седумка, љубов или смрт ТВ-филм Кумот
2009 Балкан бенд ТВ-серија Дада Сител ТВ
2010-ти
2012 Македонски приказни ТВ-серија Канал 5
2012 Скопје ремикс ТВ-филм Човек од спот

„Викенд на мртовци“

уреди

Филмот е снимен во 1988 година, во стандард техника, со звук, во боја, 35 мм и е во времетраење од 94 минути. Филмот разработува една апсурдна ситуација кога поради невнимание во една болница се заменуваат умрените пациенти, па така две семејства добиваат туѓи мртовции кои треба да ги погребаат, па доаѓа до сплет на настаните. Филмот е во режија на Никола Коле Ангеловски, сценариото е на Миле Попоски а во главните улоги покрај Владимир Ангеловски се јавуваат и Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Благоја Чоревски.

Филмот е награден на филмскиот фестивал „Голубац“ во 1988 година, и тоа прва награда „Златна рипка“ за режија и трета награда од публиката.

„Солунски патрдии“

уреди

Оваа тв серија е снимена во 1985 година, во три епизоди со времетраење од по 55 минути. Жанрот е комедија, а режисер е братот на Дади - Коле Ангеловски. Покрај Дади ,кој се јавува во улогата на Цветан, во другите улоги се јавуваат и Благоја Спиркоски - Џумерко, Трајче Иваноски, Гоце Тодоровски, Димче Мешковски, Ванчо Петрушевски, Снежана Стамеска, Салаетин Билал, Стево Спасовски, Тодорка Кондова, Јовица Михајловски, Марин Бабиќ, Мите Грозданов и други.

„Лото, лото”

уреди

Оваа комична тв серија е едно од поновите телевизиски остварувања. Снимена е 2003 година во режија на Никола Ангеловски. Серијата се состои од 5 епизоди со времетраење од 40 минути. Главните улоги ги толкуваат Владимир Ангеловски, Благоја Спиркоски Џумерко, Бранко Бенинов, Владимир Талески, Андон Јовановски и др.

„Калигула”

уреди

Овиј филм е снимен 1997 година во режија на Миле Грозданоски, а во главните улоги се јавуваат Димче Мешковски, Владимир Ангеловски, Димитар Зози, Ѕвезда Ангеловска и Ѓорѓи Јолевски.

Награди

уреди

Владимир Ангеловски-Дади е наградуван уште од самите почетоци на својата кариера уште како дете бил трикратен првак на Југославија во детска радио драма. Некои од позначајните награди: 13-та Ноемвриска, Климент Охридски и на фестивалот Ристо Шишков, ги добива во последните 2-3 години.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди