Стево Симски ( 1953, Јабука) – поет, раскажувач, писател за деца.

Стево Симски
Роден/а1953
Јабука, Србија
Занимањепоет, раскажувач, писател за деца
НационалностМакедонец

Животопис

уреди

Роден на 07. 09. 1953 година во село Јабука, во Војводина, Србија, чие население е претежно македонско. Од 1961 година живее во Скопје. Завршил Педагошка академија, група македонски јазик. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик, а од 1997 до 2017 година работел како дипломат во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор е на над 80 ТВ-сценарија снимени од МРТВ, ТВ Алфа и ТВ Сител.[1]

Творештво

уреди

Автор е на книгите:

  • Бродот нуркач (поема за деца, 1991),
  • Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992),
  • Ѕвездена порта (роман, 1993),
  • Источен ѕид (поезија, 1999),
  • Раѓање на ангелот (поема, 2001),
  • Зимска шапка (раскази, 2002),
  • Виолетов дожд (раскази, 2004),
  • Недеремено око (поезија, 2008)
  • Таинство на Богомилите, 2019)

Автор е на 5 сценарија од серијата „Македонски народни приказни 2“ (1994-1995)[2]

  • Магарешки инает, 1994
  • Чиракот – мајстор, 1994
  • Спогодба си е спогодба, 1994
  • Секој со својата мака, 1994
  • Жив арамија, 1995

Награди

уреди

Наградени книги:

  • Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни „Источниот ѕид“
  • Прличева награда за поемата „Раѓање на ангелот“, 2000[3]
  • Прличева награда за поемата „Таинство на богомилите“, 2019[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Добитник на престижната награда „Григор Прличев“ е Стево Симски Архивирано на 23 јануари 2020 г. на семрежното место на Центарот за култура - Охрид
  2. Филмографија на Стево Симски на IMDB
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 231.