Блаже Алексоски
Блаже Алексоски – Глумецот (Прилеп, 1 февруари 1933 - Прилеп, 22 декември 2015) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, доајен на македонската глума.
Блаже Алексоски | ||
Роден | 1 февруари 1933 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 22 декември 2015 Прилеп, Македонија | (возр. 82)|
Занимање | глумец |
Животопис
уредиАлексоски е роден во 1933 година во Прилеп. Својата кариера ја започнал прво како ученик во драмската секција. Тој бил еден од основачите на театарот во кој се вработил 1953 година и го дал својот придонес сè до неговото пензионирање. Одиграл голем број улоги: Луков во Чашулевата „Црнила“ Омер во „Робот и агата“ од Чернодрински, Ристе во „Мангите пијат чај“ а останал запаметен по улогата во претставата „Татко“ од Стринберг. Во својата кариера остварил и завиден број режии на театарски претстави, пред сè на битови драми, меѓу кои на Бегалка, Печалбари, Антица… За своите глумечки реализации Алексоски е добитник на голем број признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ како и на наградата за животно дело на овој фестивал. За неговиот придонес за театарот добитник е на признание од Советот на општина Прилеп. Покрај глумата Алексоски се занимавал со литература, драматургија, проза, историски хроники. Алексоски беше еден од ретките хроничари на Прилеп. Како драматичар дебитираше со пиесата „Итроман Пејо“, а напиша уште десетина драмски текстови, меѓу кои и „Колобан“ по кој се играше и истоимената претстава во театарот. Ги напиша и делата „Аџи Христо Логотет“, „Тале Мелезот“, романот „Ах“, „Прилепските прекари“, а остави зад себе и необјавени творби. Ќе остане запаметен дека драмската сцена ја исполнуваше со фини и непосредни тонови, со една специфична мекост и непосредност, со многу топлина и шарм, оставајќи впечаток пред сè со чистата и лична дикција, со природната и доживеана игра, со изостреното чувство на вајање на деталот. Починал на 22 декември 2015 година во Прилеп.[1]
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1975 | Парадоксот на Диоген ТВ-филм | Член на судскиот совет |
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1983 | Премиера ТВ-филм | |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | Чауш |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Пријател на кафеанџијата |
2011 | Македонски народни приказни ТВ-серија | Татко |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Блаже Алексоски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)