Благоја Спиркоски-Џумерко

Благоја Спиркоски-Џумерко (Прилеп, 6 февруари 1946Прилеп, 11 јуни 2015) — познат македонски театарски и филмски глумец[1].

Благоја Спиркоски - Џумерко
Роден 6 февруари 1946(1946-02-06)
Прилеп
Починал 11 јуни 2015(2015-06-11) (возр. 69)
Прилеп
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Македонски народни приказни
Тетовирање
Викенд на мртовци
Солунски патрдии
Оловна бригада
Нели ти реков
Прашина
Бог да ги убие шпионите
Занимање глумец
Деца Марија Спиркоска Илијеска

Животопис уреди

Спиркоски е роден на 6 февруари во 1946 година во Прилеп[2] од татко Киро и мајка Марија. Бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011 година. Починал во Прилеп на 11 јуни 2015 година.[3]

Филмографијa уреди

 
Сцена од филмот „Оловна бригада“ со Благоја Спиркоски - Џумерко во улога на Коста
Година Филм Улога
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Бугарски полицаец
1972 Истрел ТВ-филм
1973 Добра долина ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1977 Итар Пејо ТВ-серија
1979 Жена од малтер ТВ-филм Киро
1980 Оловна бригада ТВ-филм
1982 Илинден ТВ-серија Ангеле
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984 Белото Циганче ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-филм
1985 Јазол ТВ-филм
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм
1985-1986 Крале Марко јунак стана ТВ-серија
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Итар Пејо
1986 Македонски народни приказни ТВ-серија
1986 Климент Охридски ТВ-филм Васил
1987 Хај-фај ТВ-филм
1987 Трето доба ТВ-серија
1987 Ѕвездите од 42-та ТВ-филм
1988 Некоја чудна земја ТВ-филм
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Агент 1
1988 Марка ТВ-филм
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија
1990-1991 Опстанок ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм Стражар
1991 Македонија може ТВ-филм
1991 Поштар ТВ-филм Ловец
1991 Елелига Пепелига ТВ-серија Раскажувачот
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм
1992 Време, живот ТВ-филм
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија Ван Варау
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Питачот
1994 Прекалени ТВ-филм Коста
1994 Пред дождот ТВ-филм Водичот на бандата
1994 Проколнати ТВ-филм Арслан
1994-1995 Бумбари ТВ-серија Блажо
1995 Заборавени ТВ-филм Претседателот
1998 Салон Хармони ТВ-серија Сватот
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм Јоше
1999 Време, живот ТВ-филм Блаже
2000 Погрешно време ТВ-серија Наум
2001 Одмазда ТВ-филм Кајмакам
2001 Прашина ТВ-филм Перух
2001 Ноќ спроти Свети Василиј ТВ-филм Гатачот
2002 Глужд во времето ТВ-филм
2002 Наше маало ТВ-серија Спасе
2003 Последниот фалцер ТВ-филм Полицаецот
2003 Лото, лото ТВ-серија
2003 Едно од лицата на смртта ТВ-филм
2004 Како убив светец ТВ-филм Богдан
2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Попот
2006 Тајната книга ТВ-филм Човек од болница
2007 Сенки ТВ-филм
2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија
2008 Абсурдистан ТВ-филм Цобблер
2008 Куќен совет ТВ-серија
2009 Седумка, љубов или смрт ТВ-филм Миле
2009 Народни приказни ТВ-серија Итар Пејо
2010 Мајки ТВ-филм Лазе
2012 Минатото лето на Балканот ТВ-серија
2013 Тврдокорни ТВ-серија Атанас
2014 До балчак ТВ-филм Сотир
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Селанец

Награди и признанија уреди

Наводи уреди

  1. „Биографија и галерија на Благоја Спиркоски - Џумерко“. Стар Прилеп. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 4 јули 2015.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Спиркоски-Џумерко, Благоја“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1404–5. Text "series " ignored (help)
  3. ТАЖНА ВЕСТ: Почина славниот глумец Благоја Спиркоски-Џумерко. Архивирано од изворникот на 2015-06-12. Посетено на 2015-06-11.

Надворешни врски уреди