Виолета Чакарова
Виолета Чакарова (р. 1961, Прилеп) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Виолета Чакарова | ||
Роден | 1961 (воз. 62–63 г.) Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Познат | по улогите во: Три во едно Авантурите на Итар Пејо | |
Занимање | глумица |
Животопис
уредиПред своето вработување во Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп како професионална глумица во 1984 година, таа работела две години како глумец-аматер во истиот ансамбл. До денес има одиграно повеќе од 70 главни и епизодни улоги на матична сцена. Уште на почетокот на нејзината кариера и е доверена главната улога на Коштана во истоимената пиеса во режија на Петре Прличко со која се пробива на домашната театарска сцена во 1982 година. Во 1990 година на МТФ „Војдан Чернодрински“, таа ја добила наградата за млада глумица за своето остварување во претставата „Големиот брилијантен валцер“ во режија на Стојан Стојаноски. Од својата театрографија, истакнувачки се соработките во сите претстави на матичната сцена во режија на Мартин Кочовски и Коле Ангеловски, како и улогите во „Буре барут“ во режија на Наташа Поплавска, Бисера во „Духот на слободата“, Кате во „Разбуди се Кате“ (режисер Благоја Дамески), „Маките на Живоин“ во режија на Ацо Алексов, итн.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1988 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1988 | Ел камино дел сур ТВ-филм | |
1991 | Македонија може ТВ-серија | |
2009 | Стапица ТВ-филм | Жената |
2010 | Антица ТВ-филм | Баба Анѓа |
2013-2014 | Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија | Жената на бакалот |
2014 | Приказни од животот ТВ-серија | Марта |
2015 | Три во едно ТВ-филм | Жената |
2023-2024 | Македонски стари приказни ТВ-серија | Митра |
Награди
уреди- Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, за улогата на ликот Љубица во претставата „Големиот брилијантен валцер“ (1990).
Надворешни врски
уреди- Виолета Чакарова на Семрежната филмска база на податоци (англиски)