Тинка Ристевска (р. 3 март 1953 во Струмица) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Тинка Ристевска
Роден 3 март 1953(1953-03-03)(71 г.)
Струмица, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Познат по улогите во:
Болка на Душата
Прашина
Бела ноќ
Македонски народни приказни
Ругање со Христос
Занимање глумица

Во 1969 година, се вработува во "Народен театар Антон Панов" во Струмица. Нејзина прва улога била "Донка" во претставата "Бегалка" во 1969 година. Оттогаш има остварено бројни улоги, играла во над 100 претстави. Во 2005 година, заминува во пензија, таа продолжува да биде активна во театарот и по пензионирањето. Во 2019 година, одбележала 50-години кариера во театарот со улогата на "Аманда" во "Стаклена менажерија". По повод 70-години од постоењето на театар "Антон Панов" Струмица таа доби специјално признаније.[1]

Филмографија

уреди

Ристевска ги остварила филмските улоги:[2]

Година Филм Улога
1992 Словенски орфеј ТВ-филм Сибила
1995 Внатрешна машина ТВ-филм Терористката
1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм
2001 Прашина ТВ-филм Селанка
2014 Последниот Македонски пророк ТВ-филм
2014-2015 Македонски народни приказни ТВ-серија
2015 Струмички Народни Приказни ТВ-серија
2015 Бела ноќ ТВ-филм Баба Ленка
2016 Болка на Душата ТВ-серија Стана Валиева
2018 Ругање со Христос ТВ-филм Љуба
2021 Кино Љубов ТВ-филм Бабата
2022 Само ѓаволот се плаши од вода ТВ-филм Мира
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија

Наводи

уреди
  1. „Актерката Тинка Ристеска половина век на сцената на Струмичкиот театар“. Канал 5. Посетено на 19 септември 2024.
  2. „Tinka Risteska“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.