Сител — приватен телевизиски канал што започнал да прикажува програма на македонски јазик на 17 септември 1994 година, како една од првите приватни ТВ-станици во Македонија. Сител е медиум со претежно забавен општ формат.[1] Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски јазик, но се прикажуваат и други серии, како и програма од македонско производство: „Качамак“, „Брза кујна“, „Сè или ништо“, „Листа за 300“ и други. Исто така има информативна програма, која прикажува централни вести во 19:00 и 23:00 часот.[2][3]

Сител-телевизија
Отпочната17 септември 1994
ДржаваМакедонија
Јазикмакедонски
Област на емитувањеМакедонија Македонија
Сестрински канал(и)Сител 2, Сител 3 - поранешни
Веб-странаsitel.com.mk

На 1 јули 2008 година, Сител телевизија ја пуштила и својата сателитска програма, телевизија Сител 3, а на 20 јуни 2013 година, вториот канал, Сител 2, кој бил регионален канал и можел да се прикажува само во областа на Кратово, Куманово и Крива Паланка. И двете сестрински канали не се активни.

Наводи

уреди
  1. Совет за радиодифузија
  2. „Официјално мрежно место на Сител“. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2013-06-10.
  3. „Серии на Сител“. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 2013-06-10.

Надворешни врски

уреди