Отвори го главното мени

Канал 5 Телевизија

Канал 5 Телевизија е национална телевизија основана во 1998 година и е една од водечките помлади телевизиски куќи во Македонија. Таа е телевизија од претежно забавен општ формат. Исто така телевизијата поседува свој сателитки канал Канал 5+.[1]

Канал 5
Logo of Kanal 5.svg
Отпочната1998
Формат на слика4:3 (576i, SDTV)
СлоганСекогаш со вас и за вас
ДржаваМакедонија
Јазикмакедонски
Област на емитувањеМакедонија
СедиштеСкопје, Македонија
Сестрински канал(и)Канал 5 плус
Канал 5 HD
Веб-странаwww.kanal5.com.mk
Достапност
Терестријална телевизија
АналогнаКанал ?
ДигиталнаКанал ?
Boom TVКанал 005
Сателитска телевизија
Total TVКанал 004
Кабелска телевизија
BlizooКанал 004
TelekabelКанал ?
Достапна на повеќето кабелски операториПроверете ги локалните оператори за достапност
IPTV
Max TVКанал 003
Семрежно емитување
WebMax TVГледај во живо Само (MKD)
OnNetГледај во живо Само (MKD)

Телевизијата располага со две комплетно опремени студија, најсовремена телевизиска дигитална техника (Sony), аналогни и дигитални студиски камери, најнови дигитални камери dsr 200 и dsr 250 dv-cam (Sony), современи компјутерски и кат монтажни едници.

Седиштето на Канал 5

Со сето ова се произведуваат емисии од најразличен карактер. Јавувањата во живо од местото на настаните се овозможува со вклучување на врска преку репортажните возила кои се опремени со комплетна опрема. Програмската шема на телевизијата преку емисиите од своја продукција пред сѐ, ги задоволува потребите на гледачите.

Од многуте емисии би ги издвоиле: дневно информативни, политички емисии, вести, контактно забавни, детски емисии, спортски натпревари, актуелни филмови и серии и нагласени документарни емисии. Разновидните програмски содржини што секојдневно се нудат, привлекуваат сѐ поголем број гледачи. Во сите медија-истражувања веќе подолг период расте трендот на гледаност на програмата. Со тоа рекламниот простор е сѐ повеќе цел на многу клиенти и тие своите производи и услуги можат да ги претстават по слободен избор и пристапни цени. За успешна презентација на сето ова задолжен е маркетинг тимот на Канал 5 Телевизија. Зад функционалноста на телевизијата стои раководен тим заедно со уште 80-тина вработени кои се стручно оспособени, а своите задолженија ги извршуваат на најпрофесионален начин.

СерииУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди