Дрис Мертенс
Дрис Мертенс (роден на 6 мај 1987 во Левен) — белгиски фудбалер, напаѓач на Галатасарај и на белгиската репрезентација.
Дрис Мертенс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Дрис Мертенс[1] | ||
Роден на | 6 мај 1987 | ||
Роден во | Левен, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[2] | 1,69||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Галатасарај | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Андерлехт | |||
Гент | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005-2006 | Гент | 0 | (0) |
2005-2006 | → Алст | 14 | (4) |
2006-2009 | АГОВ | 108 | (30) |
2009-2011 | Утрехт | 65 | (16) |
2011-2013 | ПСВ | 62 | (37) |
2013-2022 | Наполи | 295 | (113) |
2022- | Галатасарај | 62 | (12) |
Репрезентација ‡ | |||
2004 | Белгија 17 | 4 | (0) |
2011- | Белгија | 109 | (21) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Мертенс ја започнал кариерата во родната Белгија, каде играл за неколку клубови пред да се пресели во Холандија во 2006 година, каде што дошол до израз во дресот на АГОВ. Од 2009 година тој се етаблирал прво во Утрехт, во чии редови играл две сезони, а потоа во ПСВ, каде одиграл уште две години, освојувајќи еден Куп на Холандија (2011-2012) и еден Суперкуп на Холандија (2012). Најголемиот дел од неговата кариера се поврзува со Наполи, клуб за кој играл 9 сезони и со кого освоил два Купа на Италија (2013-2014 и 2019-2020) и еден Суперкуп (2014). Тој, исто така, е рекордер по бројот на постигнати голови за Наполи во сите официјални натпреварувања, во Серија А и во европските натпреварувања. Од 2022 година, игра за Галатасарај, со кого го освоил турското првенство (2022-2023).
На индивидуално ниво, тој бил вклучен во Тимот на годината на Серија А за сезоната 2016-2017 и бил избран за Белгиски фудбалер на годината во 2016 година. Исто така, бил вклучен во листата од 30 кандидати номинирани за добивање на Златната топка во 2017 година.
Мертенс го направил своето деби за репрезентацијата на Белгија во 2011 година и оттогаш има 109 настапи, кој го рангираат на шесттото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. Тој бил во составот на својата нација на три Светски првенства во 2014, 2018 и 2022, како и на две Европски во 2016 и 2020.
Биографија
уредиДрис е син на Херман, петкратен белгиски шампион во гимнастика, додека мајката, Маријке ван Кампен, е универзитетски професор по педагогија; неговиот брат Јероен работи на телевизија во Белгија како автор и водител.[3] Од 2015 година е оженет со телевизиската водителка Катрин Керхофс.[4]
Технички карактеристики
уредиРазноврсен играч[5] со вешт дриблинг,[6] кој најчесто настапува на позицијата лево крило, но исто така често бил користен и како полушпиц од страна на Дик Адвокат;[7] Мертенс е добар стрелец, но и асистент за својте соиграчи.[8] Во сезоната 2016-2017, на барање на тренерот Маурицио Сари, поради повредата на Аркадиуш Милик, Мертенс играл како главен напаѓач, постигнувајќи одлични резултати.[9]
Клупска кариера
уредиРани години
уредиРоден во Левен, Белгија, Мертенс ја започнал својата кариера во сега веќе распаднатиот локален клуб Стад Левен. Додека тој бил тука скаути на еден од најпознатите белгиски клубови Андерлехт го забележале Мертенс, и во крајна линија тоа резултирало понудена шанса за него да се приклучи на младинската школа на клубот во 1998 година. Тој поминал пет години во младинската школа на Андерлехт пред да биде отпуштен во 2003 година, кога тренерите во академијата укажале на тоа дека тој бил премногу низок и физички неспособен да се натпреварува на професионално ниво.[10]
По ослободувањето од Андерлехт, Мертенс потпишал за друг прводивизионен клуб од Белгија Гент. По две сезони во младинската академија на Гент, Мертенс бил позајмен во Алст за сезоната 2005-2006. Тој брилирал во третата дивизија и бил прогласен за играч на годината.[10] Сепак, тренерскиот штаб во Гент, многу слично на оние од Андерлехт пред неколку години, останале неубедени од квалитетите на Мертенс најмногу заради неговиот мал раст. Сепак, тој останал под договор со Гент и бил позајмен повторно следната сезона, овој пат во АГОВ Апелдорн во Холандија.[10]
АГОВ
уредиНа 1 јули 2006 година, Мертенс официјално потпишал за АГОВ Апелдорн, клуб кој подоцна се распаѓа во 2013 година, на заем за една сезона, со опција за откуп доколку клубот биде задоволен од неговите игри.[10][11] Тој успеа да се врати со 2 гола во 35 настапи за време на сезона, во која тој станал омилен меѓу навивачите и поддржувачите на Сините. Формата со која настапувал Мертенс го поттикнала раководството на АГОВ, предводено од страна на новиот тренер Џон ван ден Бром, да ја искористат опцијата за потпишување на траен договор со белгискиот играч следната сезона. Тоа бил потег кој итекако му се исплатил на холандскиот клуб кога Мертенс ја завршил сезоната со 15 гола во 38 натпревари за тимот.[10]
Како растело неговото влијание врз клубот така и клубот имал сè повеќе доверба во Мертенс назначувајќи го за нов капитен за сезоната 2008-2009.[12] Мертенс брилирал во својата нова улога и придонел со уште 13 гола за сезоната по што му била доделена наградата за Златен Бул за најталентиран играчи во Ерсте дивиси.[13] Тоа ќе биде неговата последна сезона во клубот, бидејќи на крајот на сезоната тој се согласи да му се приклучи на една лига повисоко рангираниот клуб Утрехт во Ередивиси. Мертенс направил 110 настапи во сите натпреварувања за АГОВ во текот на три сезони во клубот и постигнал 31 гол.
Утрехт
уредиОткако добиле согласност од АГОВ во март 2009, Утрехт го договориле доаѓањето на Мертенс пред почетокот на сезоната 2009-2010, официјално реализирајќи го трансферот за кој платиле обесштетување од 600.000 €.[14] Во својата дебитантска сезона со клубот, Мертенс постигнал шест голови и бил финалист, зад напаѓачот на Ајакс, Луис Суарес, во изборот за наградата "Фудбалер на годината во Холандија". Тој исто така бил награден со "Трофеј Ди Томазо", наградата за играч на сезоната на Утрехт.[10]
Тој ги подобрил неговите резултати во следната сезона, постигнувајќи 10 гола во 31 натпревар во лигата за Утрехт, вклучувајќи го и хет-трикот во последното коло против АЗ Алкмар, и трите гола во неговото деби во Лига Европа.[15] Севкупно, Мертенс постигнал 14 гола во сите натпреварувања и имал неверојатни 24 асистенции.[16] Тоа се покажала неговата последна сезона во клубот, бидејќи неговата фантастична форма на Стадион Галгенвард го привлекла вниманието на некои од најголемите клубови во лигата.[10] За две сезони поминати во Утрехт, Мертенс постигнал вкупно 21 гол во 86 натпревари во сите натпреварувања.
ПСВ Ајндховен
уредиВо јуни 2011 година, било објавено дека Мертенс потпишал за ПСВ како замена за заминатиот Балаш Џуџак во пакет со соиграчот од Утрехт, Кевин Стротман, за вкупен надомест од 13 милиони евра.[17] Тој постигна гол во своето официјално деби за клубот на 7 август 2011 година, постигнувајќи го почесниот погодок за ПСВ во поразот со 3-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар.[18] Подоцна тој месец, на 28 август, Мертенс го постигнал својот прв хет-трик за ПСВ во победата со 6-1 над Екселсиор.[19] Силниот старт на сезоната на Мертенс кулминирал "во победата со 7-1 над Рода на 24 септември 2011 година постигнувајќи четири гола", со што дошол до бројката од 11 постигнати гола во својте први 7 натпревари за ПСВ.[20] Во завршниот дел од кампањата, Мертенс загубил поголем број од забите кога се судрил со голманот на Хераклес Ремко Пасвер, иако тој успеал да постигне гол за време на инцидентот. На друштвената мрежа Твитер било откриено подоцна дека Пасвер нашол еден заб на Мертенс закопан во неговата глава, три недели подоцна откако играчите се судрија.[21] Мертенс ја завршил сезоната со 21 постигнат гол во 33 натпревари, заземајќи го четвртото место на списокот на стрелците во Ередивиси за таа сезона. Тој, исто така, постигнал три гола во четири натпревари во Купот на Холандија, вклучувајќи го и голот со глава во финалето на Де Којп, во Ротердам, во кое ПСВ со 3-0 го победил Хераклес.[22]
Следната сезона Мертенс ја започнал со додавање на уште еден трофеј, откако во првиот натпревар од новата сезона му помогнал на ПСВ да го победи Ајакс со 4-2 во Јохан Кројф Шилд (Суперкуп на Холандија), асистирајќи притоа за првиот гол кој го постигнал Ола Тоивонен по само 3 минути игра.[23] На 30 септември 2012 година, Мертенс и Јирген Локадија, кој го имал своето деби во Ередивисије, постигнале хет-трик во победата на ПСВ над ВВВ Венло со 6-0.[24] Мертенс ја завршил сезоната со 14 постигнати голови во лигата, 16 во сите натпреварувања, но ПСВ ја завршиле сезоната како второпласирани зад Ајакс во Ередивисије. Тој, исто така, додал и 17 асистенции.[25] Тоа била неговата последна сезона во Ередивисије, откако по завршувањето на истата ПСВ ја прифатил понудата на клубот од Серија А, Наполи за неговиот потпис.[26] Мертенс го напуштил Ајндховен забележувајќи 88 натпревари за клубот и постигнал 45 голови во текот на две сезони.
Наполи
уредиНа 16 јуни 2013, агентот на Мертенс Серен Лерби потврдил дека играчот се согласил на потпишување договор со италијанскиот Наполи. Трансферот го чинел Наполи 9.480.000 €,[27] а Мертенс потпишал петгодишен договор со кој заработувал 1,2 милиони евра по сезона.[28] Така тој станал првото засилување на новиот тренер на Наполи, Рафа Бенитес. Своето деби во Серија А го направил на 25 август 2013, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Марек Хамшик во победата со 3-0 над Болоња.[29] Неговиот прв гол за наполитнаците дошол на 30 октомври, кога тој го постигнал победничкиот погодок со кој била совладана Фјорентина на гости со 1-2.[30] Во првиот натпревар на Наполи по Серија А после зимската пауза на 6 јануари 2014 година, Мертенс ги постигнал своите први два гола во еден исти натпревар за клубот во победата со 2-0 над Сампдорија.[31] Потоа тој го постигнал и вториот гол за Наполи во победата со 2-0 над Јувентус на 30 март, со што партенопеите му го нанеле само вториот лигашки пораз на подоцнежниот шампион.[32] На 3 мај 2014 година Мертенс го освојува својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија; во финалето против Фјорентина тој се појавил во игра на местото на Марек Хамшик во 64-тата минута и го постигнал последниот гол за водство на Наполи од 3-1 (што било и конечен резултат) во судиското продолжение, заверувајќи ја победата на небесно сините.[33] Својата прва сезона во Италија ја завршил со 11 голови во првенството (во 33 настапи) и уште два во Купот на Италија.
На 18 септември 2014, во натпреварот од групната фаза на Лигата на Европа, Мертенс постигнал два гола против Спарта Прага (3-1), негови први за Наполи во некое од клупските натпреварувања на УЕФА.[34] На 22 декември 2014 тој заработил уште еден шампионски медал, по победата на Наполи над Јувентус на пенали во Суперкупот на Италија иако тој бил еден од тројцата играчи на неговиот клуб којшто промашиле.[35] И покрај тоа што претежно бил користен како замена, тој продолжил да игра во добра форма за Наполи во текот на следната сезона и пол, постигнувајќи 10 гола и придонесувајќи 11 асистенции во текот на сезоната 2014-2015 и уште 11 гола во текот на сезоната 2015-2016.[36][37] Во текот на неговата трета сезона во Неапол, Мертенс постигнал два гола во победата со 5-0 над клубот од неговата родна земја Клуб Бриж придонесувајќи притоа за највисоката победа во историјата на Наполи во натпреварите од Лигата на Европа.[38] Мертенс, исто така, постигнал и хет-трик во второто полувреме во убедливата победа во првенството со 6-0 над Болоња на 19 април 2016 година.[39] Тој бил еден од само четворицата играчи кој успеале да постигнат хет-трик во текот на сезоната 2015-2016 во Серија А, покрај Никола Калиниќ, Сусо и неговиот соиграч Гонсало Игуаин.
По продажбата на Гонсало Игуаин - Капоканониере од претходната сезона - на соперникот за скудетото Јувентус и сериозната повреда на неговиот заменик Аркадиуш Милик, Мертенс бил поставен во уште поофанзивна улога во нападот на Наполи за сезоната 2016-2017, играјќи како главен шпиц во 4-3-3 формацијата на тренерот Маурицио Сари.[37][40] Мертенс добро ја започнал сезоната постигнувајќи два гола во првото коло од новата сезона во Серија А на гостувањето кај Пескара (2-2) со кои го спасил Наполи од срамен пораз кај новакот во лигата.[41] На 11 декември 2016 година, тој постигнал хет-трик во првенствената победа со 5-0 над Каљари, а веќе во следното коло тој отишол и чекор понатаму постигнувајќи четири гола во победата со 5-3 над Торино.[42][43] Четирите гола на Мертенс, меѓу кои е вклучен и четвртиот најбрз хет-трик во историјата на Серија А, значеле дека тој е првиот играч на Наполи кој го постигнал ова уште од Бепе Саволди во 1977. Тој, исто така станал првиот играч кој постигнал два последователни хет-трика во лигата уште од напаѓачот на Јувентус Пјетро Анастази во 1974 година, и првиот играч кој забележал седум гола на два натпревари, по Антонио Анџелило во 1958 година.[37][44] Неговата фантастична форма за клубот и репрезентацијата била наградена кога, на 30 декември, тој бил прогласен за Белгиски фудбалер на годината за 2016 година, победувајќи ги Еден Азар од Челси и Раџа Наинголан од Рома во борбата за наградата.[45][46] На 4 февруари 2017 година, Мертенс и Хамшик двајцата постигнале хет-трик во победата над Болоња со 7-1 на гости, со што Наполи за првпат во својата клупска историја регистрирал седум постигнати голови на гостински терен во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.[47] Својот 20-ти гол во Серија А за сезоната Мертенс го постигнал на 19 март 2017, во победата со 2-3 на гостувањето кај Емполи, иако во истиот натпревар претходно промашил пенал. Во последното коло од сезоната тој го постигнал својот 50-ти првенствен гол за Наполи, и свој 28-ми во сезоната, завршувајќи со само еден гол помалку од најдобриот стрелец за сезоната во Серија А Един Џеко.[48] Вкупно за сезоната тој постигнал 34 гола во 46 настапи во сите натпреварување.
Новата сезона со Наполи ја започнал со гол за отворање на резултатот во првиот натпревар против Ница од квалификациите за Лигата на шампионите, кој бил одигран на 16 август 2017 година на Сан Паоло и завршил 2-0 за партенопеите. Својот прв првенствен гол во лигата за сезоната 2017-2018 го постигнал на 27 август 2017, во победата со 3-1 на домашен терен над Аталанта. На 17 септември 2017, тој постигнал хет-трик во победата со 6-0 над Беневенто, при што вториот и третиот гол ги постигнал од пенал. На 9 октомври 2017 година, тој за првпат во својата кариера бил избран меѓу 30-те кандидати за Златната топка.[49] Сезоната ја завршил со 38 настапи и 18 голови во лигата, или вкупно 49 настапи и 22 гола на сите натпреварувања.
На 2 ноември 2018 година, во натпреварот од Серија А, Наполи-Емполи 5-1, тој постигнал хет-трик (негов седми во дресот на Наполи) што му овозможило да ги надмине Карека и Жозе Алтафини и да се искачи на шестото место на списокот на стрелците за Наполи на сите времиња, со 98 гола.[50] Во исто време, тој станал белгиски играч со најмногу голови во Серија А, надминувајќи го Луис Оливеира, и застанувајќи на бројката од 72 голови.[51][52] На 28 ноември, благодарение на двата гола во победата со 3-1 на домашен терен над Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите, тој стигнал до 100 гола во дресот на Наполи, станувајќи исто така најдобар клупски стрелец досега во Европските натпреварувања (20) и достигнувајќи ја бројката од 200 голови во кариерата. На 28 април 2019, тој се изедначил со Диего Армандо Марадона по бројот на постигнати голови во Серија А за Наполи, со голот кој го постигнал во победата со 2-0 на гостувањето кај Фрозиноне.[53][54]
На 23 октомври 2019, во натпреварот од Лигата на шампиони во кој италијанскиот тим го победил на гости Салцбург со 2-3, Мертенс постигнал два гола, со кои го надминал Марадона и со 116 гола станал втор најдобар стрелец на сите времиња на Наполи зад Марек Хамшик.[55] На 25 февруари 2020 година, тој се изедначил по бројот на голови со Хамшик (121) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, на домашен терен против Барселона (1-1),[56] а потоа и го надминал на 13 јуни - кога сезоната продолжила по прекинот поради пандемијата на КОВИД-19 - постигнувајќи го голот за 1-1 во реванш полуфиналето на Купот на Италија против Интер.[57] Овој гол им овозможил на партенопеите да се квалификуваат за финалето на 17 јуни, кое потоа го добиле на пенали против Јувентус,[58] освојувајќи ја својата шестта титула во ова натпреварување во клупската историја, втора лична за Мертенс кој го започнал натпреварот и играл до 66-тата минута кога бил заменет од Матео Политано.
На 21 март 2021 година, со голот постигнат против Рома (0-2), тој стигнал до бројката од 100 гола во Серија А со „наполитанците“, израмнувајќи се уште еднаш со Хамшик.[59][60] Последователно на 22 април, со голот постигнат против Лацио во победата на домашен терен со 5-2, тој го израмнил рекордот од 102 гола во Серија А со дресот на Наполи што го држел Антонио Војак.[61] Овој рекорд бил соборен на 21 ноември истата година, кога за време на поразот од Интер со 3-2 на гостински терен, белгиецот го постигнал вториот гол за Наполи.[62]
Во летото 2022 година, по истекот на неговиот договор со клубот, Мертенс ја завршил неговата авантура во Наполи, по 9 сезони, во кој запишал вкупно 397 настапи и 148 голови.[63][64]
Галатасарај
уредиНа 6 август 2022, Мертенс му се приклучил на Галатасарај како слободен играч.[65] Тој го направи своето деби во новиот дрес на 13 август, заменувајќи го Јунус Акѓун во последната четвртина од натпреварот против Гиресунспор, во кој Галата била поразена со 0-1.[66] На 23 октомври, тој го постигнал својот прв гол со турскиот клуб, за време на домашниот натпревар против Аланијаспор, во рамките на 11-тото коло на Суперлигата кој заврши без победник 2-2.[67] Својата прва сезона со Галатасарај ја завршил со освојување на турското првенство,[68] придонесувајќи за успехот на жолто-црвените со 6 гола и 3 асистенции во 30 настапи.
Репрезентативна кариера
уредиОткако претходно ја претставувал Белгија на младинско ниво, Мертенс го добил својот прв повик во сениорската репрезентација на Белгија од селекторот Жорж Лекенс на 1 октомври 2010 година за натпреварите на репрезентацијата против Казахстан и Австрија во квалификациите за Европското првенство 2012.[69] Иако тој не бил вклучен во игра во ниту еден од тие два натпревари, Мертенс ќе го направи своето деби за репрезентацијата на 9 февруари следната година во пријателскиот натпревар против Финска во Гент, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Насер Шадли.[12] Својот прв гол за Белгија Мертенс го постигнал на 15 август 2012 година во Дербито на Ниските Земји против Холандија и притоа во истиот натпревар асистирал за уште други два гола, со што и помогнал на својата репрезентација да го надополни дефицитот од 2-1 и да победи на крајот со 4-2.[70]
На 13 мај 2014 година, Мертенс бил избран во 23-члениот состав на селекторот Марк Вилмотс за Светското првенство 2014 во Бразил.[71] Во подготовките на репрезентацијата за турнирот, на 7 јуни Мертенс постигнал победнички гол во финишот од натпреварот против Тунис за да и донесе победа на Белгија од 1-0.[72] Своето прво појавување за Белгија на турнирот го имал во првиот натпревар на Светското првенство, влегувајќи на местото на Шадли на полувремето и постигнал доцен победнички гол во победата со 2-1 над Алжир во Бело Хоризонте.[73] Пред почетокот на Светското првенство, Мертенс се обложил со неговиот татко дека тој ќе постигне гол на турнирот. По натпреварот, тој објавил фотографија на Instagram како ги бричи мустаќите на неговиот татко како награда за победата во облогот.[74] Тој направил вкупно пет настапи на Светското првенство каде што Белгија била елиминирана во четвртфиналето од подоцнежниот вицешампион, Аргентина.[75]
По Светското првенство, Белгија лесно ја поминала својата квалификациска кампања за Евро 2016. Мертенс постигнал два гола за три минути за Белгија во нивното отворање на квалификацискиот циклус, во победата со 6-0 над Андора.[76] Следната година, тој постигна еден и асистирал за друг гол во победата со 3-1 над Израел со која било загарантирано првото место на Белгија во квалификациската група.[77] Тој бил избран во тимот на Белгија за завршницата на турнирот и бил вклучени во сите пет натпревари на нацијата, меѓутоа Белгија била елиминрана во четврт-финалето уште еднаш, овој пат биле поразени од Велс со 3-1.[78][79]
Под водството на новиот селектор Роберто Мартинес, Мертенс постигнал пет гола во квалификациите за Светското првенство 2018, вклучувајќи ги и двата во победата со 8–1 на домашен терен над Естонија.[80] Потоа, тој бил избран во составот на Белгија за завршниот турнир во Русија и се запишал во листата на стрелците веќе во првиот натпревар на репрезентацијата, победата со 3-0 над Панама во групата Г.[81][82] Тој играл наизменично како стартер и замена во остатокот од турнирот, помагајќи и на Белгија да заврши на третото место и да го освои бронзениот медал, совладувајќи ја Англија во натпреварот за бронзата.[83]
Повикан за Европското првенство 2020,[84] на 17 јуни 2021, тој го одиграл 100-тиот натпревар за Белгија излегувајќи на теренот во победата со 2-1 над Данска во групната фаза.[85] Турнирот за Белгија завршил во четвртфиналето, во кое паднале од подоцнежниот шампион Италија (1-2).[86]
Година и половина подоцна, бил вклучен во списокот на повикани играчи и за Светското првенство 2022 во Катар,[87] каде што Белгија застанала во групната фаза. На овој мундијал, Мертенс настапил двапати во поразот со 0-2 од Мароко и во ремито 0-0 против Хрватска, резултат кој ја означил елиминација на Црвените ѓаволи.[88]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 26 април 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2005-2006 | Алст | 3ДБ | 14 | 4 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 14 | 4 |
2006-2007 | АГОВ Апелдорн | ЕЕ | 35 | 2 | КХ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 36 | 2 |
2007-2008 | ЕЕ | 38 | 15 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 38 | 15 | |
2008-2009 | EE | 35 | 13 | КХ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 37 | 14 | |
Вкупно АГОВ Апелдорн | 108 | 30 | 3 | 1 | 111 | 31 | |||||||||
2009-2010 | Утрехт | Е | 34+4[89] | 6+1[89] | КХ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 7 |
2010-2011 | Е | 31 | 10 | КХ | 4 | 1 | ЛЕ | 12[90] | 3[91] | - | - | - | 47 | 14 | |
Вкупно Утрехт | 65+4 | 16+1 | 5 | 1 | 12 | 3 | - | - | 86 | 21 | |||||
2011-2012 | ПСВ | Е | 33 | 21 | КХ | 5 | 3 | ЛЕ | 11[92] | 3 | - | - | - | 49 | 27 |
2012-2013 | Е | 29 | 16 | КХ | 3 | 1 | ЛЕ | 6[93] | 1 | СХ | 1 | 0 | 39 | 18 | |
Вкупно ПСВ | 62 | 37 | 8 | 4 | 17 | 4 | 1 | 0 | 88 | 45 | |||||
2013-2014 | Наполи | А | 33 | 11 | КИ | 4 | 2 | ЛШ+ЛЕ | 6+4 | 0+0 | - | - | - | 47 | 13 |
2014-2015 | А | 31 | 6 | КИ | 4 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 2[94]+13 | 0+4 | СИ | 1 | 0 | 51 | 10 | |
2015-2016 | А | 33 | 5 | КИ | 2 | 1 | ЛЕ | 5 | 5 | - | - | - | 40 | 11 | |
2016-2017 | А | 35 | 28 | КИ | 3 | 1 | ЛШ | 8 | 5 | - | - | - | 46 | 34 | |
2017-2018 | А | 38 | 18 | КИ | 2 | 1 | ЛШ+ЛЕ | 8[95]+1 | 3[96]+0 | - | - | - | 49 | 22 | |
2018-2019 | А | 35 | 16 | КИ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 6+5 | 3+0 | - | - | - | 47 | 19 | |
2019-2020 | А | 31 | 9 | КИ | 3 | 1 | ЛШ | 8 | 6 | - | - | - | 42 | 16 | |
2020-2021 | А | 29 | 9 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | СИ | 1 | 0 | 38 | 10 | |
2021-2022 | А | 30 | 11 | КИ | 1 | 1 | ЛШ | 6 | 1 | - | - | - | 37 | 13 | |
Вкупно Наполи | 295 | 113 | 21 | 7 | 79 | 28 | 2 | 0 | 397 | 148 | |||||
2022-2023 | Галатасарај | ТСЛ | 30 | 6 | КТ | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 33 | 7 |
2023-2024 | ТСЛ | 32 | 6 | КТ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 11+2 | 2[97]+1 | СТ | 1 | 0 | 47 | 9 | |
Вкупно Галатасарај | 62 | 12 | 4 | 1 | 13 | 3 | 1 | 0 | 80 | 16 | |||||
Вкупно во кариерата | 610 | 213 | 41 | 14 | 121 | 38 | 4 | 0 | 776 | 265 |
Хет-трикови
уредиХет-трикови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Титули
уредиКлупски
уреди
|
- Куп на Холандија : 1
- 2011-2012
- 2012
|
- Куп на Италија : 2
|
- 2022–2023
- 2023
Репрезентативни
уредиБелгија
уреди- Трето место: 2018
Поединечни
уреди- 2016
Наводи
уреди- ↑ „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“. FIFA. 11 June 2014. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 10 July 2014.
- ↑ „Prima Squadra - Dries Mertens“. SSC Napoli. Архивирано од изворникот на 2017-11-05. Посетено на 31 December 2016.
- ↑ Mertens: "Voglio restare a Napoli il più a lungo possibile" solonapoli.com
- ↑ Het Nieuwsblad (30 december 2015), Dries Mertens koopt “mooiste huis van Leuven”. Пристапено на 7 јули 2018.
- ↑ „Napoli riscopre il suo folletto belga, Mertens punta in alto: "Ce la giochiamo ovunque, cerco il goal"“. 28 октомври 2013.
- ↑ Roberto Ventre (13 ноември 2014). „Il Napoli punta su Mertens. Il «folletto» alla prova da big“.
- ↑ Gianluca Monti (13 октомври 2013). „Napoli, qui Mertens: deve stregare Napoli e Benitez per avere il Brasile“. Посетено на 6 декември 2013.
- ↑ Gianluca Monti (22 јуни 2013). „Mertens al Napoli: visite mediche ok, a breve l'annuncio“. Посетено на 6 декември 2013.
- ↑ Pasquale Tina (19 јануари 2017). „Napoli, il nuovo Mertens: da falso nueve a vero attaccante“.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 De Kock, Bjorn (30 April 2014). „Why Napoli's winger Dries Mertens should start for Belgium at the World Cup“. BeneFoot. Архивирано од изворникот на 2016-07-15. Посетено на 31 December 2016.
- ↑ „Miljoenendeals Chadli en Mertens komen te laat voor AGOVV“. AD (холандски). 22 July 2013. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ 12,0 12,1 Fadugba, Jonathan (16 June 2014). „Everything you need to know about ... Dries Mertens“. Four Four Two. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ Kersten, Steurbaut (15 May 2009). „Eén Gouden Stier voor Mertens“. Voetbalkrant (холандски). Посетено на 2 January 2017.
- ↑ Coerts, Stefan (25 March 2009). „Official: Utrecht Sign AGOVV Forward Dries Mertens“. Goal. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ „Utrecht v AZ: 5-1“. Soccerway. 15 May 2011. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ Rainbow, Jamie; Bidwell, Nick (5 October 2011). „Talent Scout: Dries Mertens“. World Soccer. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ Mira, Luis (29 June 2011). „PSV agree deals for Utrecht duo Dries Mertens & Kevin Strootman“. Goal. Посетено на 2 January 2016.
- ↑ „AZ v PSV“. Soccerway. 7 August 2011. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ „Live: PSV v Excelsior“. Eurosport. 28 August 2011. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ „PSV Eindhoven 7–1 Roda JC“. Goal. 24 September 2011. Архивирано од изворникот на 2018-11-21. Посетено на 4 May 2014.
- ↑ Bragg, James (3 May 2012). „Goalkeeper finds PSV player's tooth embedded in head three weeks after clash“. talkSPORT. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ Scholten, Berend (22 May 2012). „Season review: Netherlands“. UEFA. Посетено на 4 May 2014.
- ↑ „PSV 4 – 2 Ajax: First blow by Advocaat“. 11tegen11. 5 August 2012. Архивирано од изворникот на 2016-12-29. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ „VVV-Venlo - PSV (30-9-2012)“. PSV (холандски). 30 September 2012. Архивирано од изворникот на 2014-05-04. Посетено на 4 May 2014.
- ↑ Moretto, Alex (25 June 2013). „Official: Napoli signs Dries Mertens from PSV“. Yahoo!. Архивирано од изворникот на 2017-01-03. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ „Napoli snap up Mertens“. ESPNFC. 25 June 2013. Посетено на 25 June 2013.
- ↑ Sscnapoli.it, уред. (24 јуни 2013). „Napoli, ufficializzato Mertens“. Архивирано од изворникот на 2013-07-13. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ Inter-Mertens, parte l'assalto
- ↑ gazzetta.it, уред. (25 август 2013). „Napoli-Bologna 3-0: apre Callejon, poi la doppietta di super Hamsik“.
- ↑ gazzetta.it, уред. (30 октомври 2013). „Fiorentina-Napoli 1-2: reti di Callejon, Rossi (rigore) e Mertens. Espulso maggionel finale“. Посетено на 13 јануари 2014.
- ↑ gazzetta.it, уред. (6 јануари 2014). „Napoli-Sampdoria 2-0. Mertens pesca due cioccolatini nella calza“.
- ↑ „Leaders Juventus lost for only the second time in Serie A this season as they fell to defeat at Napoli“. BBC. 30 March 2014. Посетено на 3 May 2014.
- ↑ gazzetta.it, уред. (3 мај 2014). „Finale Coppa Italia, Fiorentina-Napoli 1-3. Doppio Insigne, gol di Vargas e Mertens“. Посетено на 18 мај 2014.
- ↑ „Mertens double eases Napoli past Sparta8“ (англиски). UEFA.com. 2014. Посетено на 19 септември 2014.
- ↑ „Juventus 2-2 Napoli (5-6 on pens)“. BBC. 22 December 2014. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ Wright, David (19 June 2015). „Agent opens door for Napoli star Dries Mertens joining Liverpool“. Express. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ 37,0 37,1 37,2 Horncastle, James (9 February 2017). „Unlikely hero Dries Mertens helping Napoli quickly forget about Higuain“. ESPN. Посетено на 6 March 2017.
- ↑ „Sparkly Napoli flatten Club Brugge“. UEFA. 17 September 2015. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Dries Mertens records hat trick to help Napoli rout Bologna“. ESPNFC. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ Gladwell, Ben (26 July 2016). „Juventus complete Gonzalo Higuain signing from Napoli in €90 million deal“. ESPN. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Mertens salva Napoli. Solo 2-2 a Pescara in gol con Benali-Caprari“. Архивирано од изворникот на 2017-03-25. Посетено на 2017-03-21.
- ↑ „Cagliari 0-5 Napoli“. ESPN. 11 December 2016. Посетено на 30 December 2016.
- ↑ „Napoli 5-3 Torino“. BBC. 18 December 2016. Посетено на 30 December 2016.
- ↑ Scarsi, Selene (19 December 2016). „Dries Mertens' four-goal haul for Napoli against Torino didn't sink in“. ESPN. Посетено на 30 December 2016.
- ↑ „Devil of the Year 2016“. Belgian Red Devils on Twitter. 30 December 2016. Посетено на 30 December 2016.
- ↑ Olver, Tom (31 December 2016). „Chelsea star Eden Hazard finishes behind Dries Mertens in Belgium's Player of the Year vote“. Metro. Посетено на 2 January 2017.
- ↑ „Seventh heaven for record-breaking Napoli as Hamsik and Mertens net hat-tricks“. Four Four Two. 4 February 2017. Посетено на 5 February 2017.
- ↑ Simpson, Christopher (29 May 2017). „Golden Shoe 2016–17: Top Goalscorers in Europe, Latest Points on May 29“. Bleacher Report. Посетено на 30 May 2017.
- ↑ „Pallone d'oro, Mertens tra i primi 29 calciatori del mondo“. la Repubblica. 7 декември 2017. Посетено на 3 февруари 2020.
- ↑ „Mertens supera Careca e Altafini: «Ero arrabbiato, martedi gioco io»“. Посетено на 3 февруари 2020.
- ↑ „Mertens strike sets two records | Football Italia“. www.football-italia.net. Посетено на 3 февруари 2020.
- ↑ „VIDEO: Mertens maakt hattrick en is beste Belg in Serie A“ (холандски). 2 ноември 2018. Посетено на 3 февруари 2020.
- ↑ „Frosinone-Napoli, fa festa Mertens: un gol che vale Maradona. Ciociari a un passo dalla B“. Посетено на 3 февруари 2020.
- ↑ „Il Napoli vince a Frosinone e Mertens eguaglia Maradona“. Посетено на 3 февруари 2020.
- ↑ Eurosport, уред. (23 октомври 2019). „Dries Mertens nella storia! 116 gol nel Napoli e Maradona è scavalcato“.
- ↑ „Napoli-Barcellona 1-1: gol e highlights di Champions League. Griezmann risponde a Mertens“. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Mertens supera Hamsik: è il miglior marcatore di tutti i tempi del Napoli“. 13 јуни 2020. Посетено на 13 јуни 2020.
- ↑ „Napoli-Juve 4-2 dopo i rigori: Gattuso vince la finale di Coppa Italia 2020“. 17 јуни 2020. Посетено на 9 септември 2023.
- ↑ „Mertens, 100esimo gol in Serie A. Dries sale a quota 133 reti come leader della classifica dei bomber azzurri "all time"“. Посетено на 2021-03-22.
- ↑ „Juventus suffer shock home defeat as Zlatan Ibrahimovic inspires AC Milan win over Fiorentina - European round-up“ (англиски). Посетено на 2021-03-22.
- ↑ „Mertens, serata da record ma le lacrime sono di tristezza“. 22 април 2021.
- ↑ „Mertens sale a 137 reti come leader della classifica marcatori azzurri all-time“. 21 ноември 2021. Посетено на 21 ноември 2021.
- ↑ „Napoli, adesso è ufficiale: Mertens non rinnova“. 23 luglio 2022. Посетено на 23 јули 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „UFFICIALE - SSCNapoli saluta Mertens con una clip: "Grazie!"“. 24 јули 2022. Посетено на 24 јули 2022.
- ↑ „Galatasaray'a hoş geldin Dries Mertens!“. Galatasaray (турски). 8 August 2022.
- ↑ „Mertens, esordio amaro in Turchia: pochi minuti per il belga e Galatasaray ko“. 14 август 2022. Посетено на 22 септември 2022.
- ↑ „Galatasaray, finalmente Icardi e Mertens ma non arriva la vittoria...“. 23 октомври 2022. Посетено на 23 октомври 2022.
- ↑ „Galatasaray campione, primo campionato vinto da Mertens e Mata. Per Muslera è il sesto“. 30 мај 2023. Занемарен непознатиот параметар
|accesso-date=
(help) - ↑ „Four debutants in Belgium selection“. UEFA. 1 October 2010. Посетено на 1 October 2010.
- ↑ Scholten, Berend (15 August 2012). „Mertens aglow after Belgium floor Dutch“. UEFA. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Adnan Januzaj included in Belgium's World Cup squad“. BBC. 3 June 2014. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Lukaku injured in late Belgium win“. ESPNFC. 7 June 2014. Посетено на 7 June 2014.
- ↑ Chowdhury, Saj (17 June 2014). „Belgium 2-1 Algeria“. BBC. Посетено на 17 June 2014.
- ↑ „Belgium Matchwinner Wins A Bet Against His Father“. Forza Italian Football. 18 June 2014. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Dries Mertens FIFA World Cup“. UEFA. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „European Qualifiers: Belgium thrash Andorra 6-0 in Group B clash in Brussels“. Sky Sports. 11 October 2014. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ Blenkinsop, Philip (13 October 2015). „Mertens makes amends as Belgium beat Israel 3-1 to stay top“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2021-01-05. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Belgium Squad“. UEFA. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ Smith, Alan (4 July 2016). „Euro 2016 power rankings: France up the ante as Wales bash brutal Belgium“. Guardian. Посетено на 5 January 2017.
- ↑ „Belgium 8–1 Estonia“. BBC Sport. 13 November 2016. Посетено на 8 June 2018.
- ↑ „World Cup 2018: Belgium include Vincent Kompany but Christian Benteke misses out“. BBC Sport. 4 June 2018. Посетено на 8 June 2018.
- ↑ „'Moment of magic' - Mertens volley sets up Belgium win“. BBC Sport. 18 June 2018. Архивирано од изворникот на 2020-12-27. Посетено на 25 June 2018.
- ↑ Doyle, Paul (14 July 2018). „Thomas Meunier and Eden Hazard scored as Belgium secured third place despite England's best efforts in the second half“. The Guardian. Посетено на 15 July 2018.
- ↑ „SELECTIE RODE DUIVELS VOOR EURO 2020 IS BEKEND“ (холандски). 17 мај 2021. Посетено на 18 јуни 2021.
- ↑ „Europei. Calcio. Le pagelle di Danimarca-Belgio 1-2: De Bruyne on fire, bene Kjaer“. 17 јуни 2021. Посетено на 2021-06-18.
- ↑ „Belgio-Italia 1-2: Barella e Insigne spingono gli azzurri in semifinale“. 2 јули 2021. Посетено на 17 септември 2023.
- ↑ „BELGIO, I CONVOCATI PER I MONDIALI: LUKAKU, DE KETELAERE E MERTENS CI SONO. ESCLUSO ORIGI, SAELEMAEKERS RISERVA“. 10 ноември 2022. Посетено на 14 август 2023.
- ↑ „MONDIALI 2022 - BELGIO ELIMINATO: IL CT ROBERTO MARTINEZ ANNUNCIA LE DIMISSIONI DOPO LO 0-0 CON LA CROAZIA“. 1 декември 2022. Посетено на 14 август 2023.
- ↑ 89,0 89,1 Плејоф.
- ↑ 6 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 2 гола во квалификациските кола.
- ↑ 2 настапи во плејофот.
- ↑ Еден настап во плејофот.
- ↑ Во плејофот.
- ↑ 2 Во плејофот.
- ↑ 1 Во плејофот.
- ↑ Во квалификациските кола
Надворешни врски
уреди- Дрис Мертенс на soccerway
- Дрис Мертенс на transfermarkt
- Дрис Мертенс на goal.com Архивирано на 19 февруари 2017 г.
- Дрис Мертенс на espn