Луис Оливеира
Луис Аиртон Баросо "Лулу" Оливеира (роден на 24 март 1969 година, во Сао Луис, Бразил) — белгиски тренер и поранешен играч, со бразилско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.
Луис Оливеира | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 24 март 1969 | ||
Роден во | Сао Луис, Бразил | ||
Држава |
Бразил Белгија (од 1992) | ||
Висина | м | 1,76||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Сегашен клуб | Муравера (тренер) | ||
Младинска кариера | |||
Андерлехт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1988–1992 | Андерлехт | 95 | (36) |
1992-1996 | Каљари | 121 | (42) |
1996–1999 | Фјорентина | 95 | (27) |
1997-2000 | Каљари | 24 | (4) |
2000-2001 | Болоња | 17 | (1) |
2001-2002 | Комо | 38 | (23) |
2002-2004 | Катанија | 74 | (28) |
2004-2005 | Фоџа | 14 | (0) |
2005 | Венеција | 17 | (5) |
2005-2006 | Лукезе | 19 | (3) |
2006-2008 | Нуорезе | 63 | (25) |
2008-2009 | Дертона | 32 | (16) |
Репрезентација ‡ | |||
1992-1999 | Белгија | 31 | (7) |
Раководител на екипите | |||
2010-2011 | Муравера | ||
2012-2013 | Муравера | ||
2014 | Про Патрија | ||
2015-2016 | Флоријана | ||
2017- | Муравера | ||
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Тој во моментов е тренер на италијанскиот нисколигаш Муравера.
Кариера
уредиИграч
уредиОливеира го поминал најголемиот дел од неговата играчка кариера во Италија. По почетоците во Белгија во дресот на Андерлехт за кој играл од 1988 до 1992, тој се преселил во Каљари во Серија А пред почетокот на сезоната 1992-93. Набрзо тој станал еден од клучните играчи на сардинијците, а во сезоната 1995-96 бил најдобар стрелец на тимот со 15 постигнати гола. По оваа мошне успешна сезона за него екипата Фјорентина го довела во својте редови во летото 1996. Оливеира имал три успешни сезони во дресот на виола, но во зимата 2000 година се вратил во Каљари. И во својте подоцнежни години од кариерата тој останал да игра во тимови од Италија сè до крајот на неговата кариера, настапувајќи за: Болоња во Серија А една сезона (2000-01); Комо, Катанија, Венеција во Серија Б; Фоџа и Лукезе во Серија Ц1; Нуорезе во Серија Ц2 и на крајот за Дертона во Серија Д.
За репрезентацијата на Белгија има вкупно 31 настап и 7 постигнати гола. Тој ја претставувал својата репрезентација на Светското првенство 1998 во Франција и бил стартер во сите три натпревари од групната фаза, во која Белгија била елиминирана со освоени 3 бода завршувајќи на 3. место.
Тренер
уредиПо завршувањето на играчката кариера станал тренер на малку познатиот италијански клуб Муравера.
Титули
уредиАндерлехт
уреди- Белгиско првенство : 1991
- Белгиски куп : 1988, 1989
Фјорентина
уреди- Суперкуп на Италија : 1996