Турска Супер лига

Турската Супер лига е најсилната фудбалска лига во Турција. Во моментов се наоѓа во топ 10 лигите на УЕФА и победникот добива право директно да се натпреварува во групната фаза на Лигата на шампионите.

Супер лига
SporTotoSuperLigLogo.png
ЗемјаТурција Турција
КонфедерацијаУЕФА
Основана1959
Број на клубови18
Нивоа на пирамида1
Испаѓање воТФФ Прва лига (втора лига)
Домашен купКуп на Турција
Актуелен шампионГалатасарај Галатасарај (22-та титула)
(2018–19)
Најмногу титулиГалатасарај Галатасарај
(22 титули)
ТВ партнериLig TV
Мрежно местоSüper Lig
ТрофејRoundel flag of Turkey.svg
Турска Супер лига 2019-2020

Лига е основана во 1957 година, а прв шампион е екипата на Бешикташ. Досега најмногу титули имаат освоено екипите на Галатасарај (20) и Фенербахче (19).

Систем на натпреварувањеУреди

Лигата брои 18 клубови и се игра по системот секој против секого двапати (дома и гости) што вкупно изнесува 34 кола. Првопласираниот клуб обезбедува место во групната фаза на Лигата на шампионите, додека второпласираниот клуб игра во третото коло на квалификации за истото натпреварување. Третопласираниот клуб игра во третото коло квалификации за Лига Европа, додека четвртопласираниот клуб игра во второто коло квалификации за Лига Европа. На крајот на секоја сезона трите последнопласирани клубови испаѓаат во ТФФ Прва лига, втората турска фудбалска лига.

Клубови во сезоната 2015-2016Уреди

Клуб Град Стадион Сезона 2014-2015
  Акхисар Беледиеспор Акхисар Manisa 19 Mayıs Stadı 12. место
  Анталијаспор Анталија Анталија Ататурк 2. место ТФФ 1.Лига 2014-2015
  Бешикташ Истанбул Стадион БЈК Инону 3. место
  Бурсаспор Бурса Стадион Бурса Ататурк 6. место
  Галатасарај Истанбул Турк Телеком Арена Шампион на Турската Супер лига 2014-2015
  Газиантепспор Газиантеп Стадион Камил Оџак 10. место
  Генчлербирлиги Анкара Стадион Анкара 19 Мајис 9. место
  Ескишехирспор Ескишехир Стадион Ескишехир Ататурк 11. место
  Истанбул Башакшехир Истанбул Стадион Олимпија Ататурк 4. место
  Касимпаша Истанбул Стадион Реџеп Тајип Ердоган 13. место
  Кајсериспор Кајсери Стадион Кадир Хас 1. место ТФФ 1.Лига 2014-2015
  Конијаспор Конија Стадион Јени Конијаспор 8. место
  Мерсин Идманјурду Мерсин Стадион Јени Мерсин 7. место
  Османлиспор Анкара Стадион Османли Победник во плејофот на ТФФ 1.Лига 2014-2015
  Ризеспор Ризе Стадион Ризе Шехирı 14. место
  Сиваспор Сивас Стадион Сивас 4 Ејлул 15. место
  Трабзонспор Трабзон Стадион Хусеин Авни Акер 5. место
  Фенербахче Истанбул Стадион Шукру Сараџоглу 2. место

ШампиониУреди

Успешност на клубовитеУреди

Клуб Титули Сезони
  Галатасарај 22 1961-1962, 1962-1963, 1968-1969, 1970-1971, 1971-1972, 1972-1973, 1986-1987, 1987-1988, 1992-1993, 1993-1994, 1996-1997, 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000, 2001-2002, 2005-2006, 2007-2008, 2011-2012, 2012-2013, 2014-2015, 2017/18, 2018/19
  Фенербахче 19 1959, 1960-1961, 1963-1964, 1964-1965, 1967-1968, 1969-1970, 1973-1974, 1974-1975, 1977-1978, 1982-1983, 1984-1985, 1988-1989, 1995-1996, 2000-2001, 2003-2004, 2004-2005, 2006-2007, 2010-2011, 2013-2014
  Бешикташ 15 1957, 1958, 1959-1960, 1965-1966, 1966-1967, 1981-1982, 1986-1987, 1989-1990, 1990-1991, 1991-1992, 1994-1995, 2002-2003, 2008-2009, 2015/16, 2016/17
  Трабзонспор 6 1975-1976, 1976-1977, 1978-1979, 1979-1980, 1980-1981, 1983-1984
  Бурсаспор 1 2009-2010

Надворешни врскиУреди

Најдобри фудбалски лиги во Европа (УЕФА)

Австрија | Азербејџан | Албанија | Англија | Андора | Белгија | Белорусија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Велс | Германија | Грузија | Грција | Данска | Ерменија | Естонија | Кипар | Израел | Република Ирска | Исланд | Италија | Казахстан | Латвија | Литванија | Луксембург | Македонија | Малта | Молдавија | Норвешка | Полска | Португалија | Романија | Русија | Сан Марино | Северна Ирска | Словачка | Словенија | Србија | Турција | Украина | Унгарија | Фарски Осторови | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шведска | Шкотска | Шпанија