Цеље

град во Словенија

Цеље (словенечки: Celje, германски: Cilli) — четвртиот град по големина во Словенија. Тој е регионално средиште на традиционалниот словенечки регион Штаерска и административно седиште на Градска општина Цеље која се наоѓа во Савињскиот статистички регион. Гратчето е сместено под Цељскиот замок кај вливот на реките Савиња, Худиња, Ложница, Воглајна во Савињската Долина и кај раскрсниците на патиштата што ги поврзуваат Љубљана, Марибор, Велење и долината Засавје. Цеље лежи на 238 метар надморска височина.[2]

Цеље
Celje
гратче
Цеље гледан од Цељскиот замок во 2016 година
Цеље гледан од Цељскиот замок во 2016 година
Прекар(и): Кнежевско место
Цеље is located in Slovenia
Цеље
Цеље
Местоположба на Цеље во Словенија
Координати: 46°14′09″N 15°16′03″E / 46.23583° СГШ; 15.26750° ИГД / 46.23583; 15.26750
Земја Словенија
Традиционален регионШтаерска
Статистички регионСавињски
ОпштинаЦеље
Површина
 • Вкупна22,7 км2 (88 ми2)
Население (2020)[1]
 • Вкупно37.872
 • Густина170/км2 (430/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Поштенски број3000
Повик. бр.03
Рег. таб.CE
КлимаОкеанска

Цеље бил познат како Келеја (латински: Celeia) за време на античкоримскиот период. Раните сведоштва на името за време или по словенското населување се Килија (Cylia) во 452 година, еклесие Келејане (ecclesiae Celejanae) во 579 година, Целија (Zellia) во 824 година, ин Цилија (in Cilia) во 1310 година, Цили (Cilli) во 1311 година и Целе (Celee) во 1575 година. Старословенечкото име *Целе или *Цеьјe, од кое се развил современиот словенечки топоним Цеље (Celje), било позајмено од народниот латински Келее (Celeae). Името е од предримско потекло и неговата понатамошна етимологија е нејасна.[3] На месниотсловечки дијалект, Цеље е наречено Цјеле или Целе. На германски се нарекува Цили (Cilli), а на италијански е познат како Чили (Cilli) или Челје (Celie).

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Првата населба во областа на Цеље се појавила во Халштатско време. Населбата била позната во келтското време и на старогрчките историчари како Келеја;[4] наодите наведуваат дека Келтите ковале норички монети во регионот.

 
Цеље, Георг Матеус Фишер,, Topographia Ducatus Stiriae (Топографија на Војводството Штаерска), Грац, 1681 година.

Откако областа била вклучена во Римската Империја во 15 п.н.е., таа била позната како Кивитас/Киуитас Келеја (латински: Civitas Celeia. Местото добило општински права во 45 н.е. под името муникипиум Клаудија Келеја (municipium Claudia Celeia) за време на владеењето на римскиот император Клавдиј (41-54). Записите наведуваат дека градот бил богат и густо населен, обезбеден со ѕидини и кули, со повеќекатни мермерни дворци, широки плоштади и улици. Бил нарекуван Втора Троја (Троја секунда, Troia secunda), и/или Мала Троја. Еден римски пат низ Келеја водел од Аквилеја (словенечки: Оглеј) до Панонија. Келеја набрзо станала процутна римска колонија и биле изградени многу големи градби, како што е храмот на Марс, кој бил познат низ Империјата. Келеја била вклучена во Аквилеја околу 320 година за време на римскиот император Константин Велики (272-337).

Градот бил срамнет од словенските племиња за време на Големата преселба во 5 и 6 век, но бил повторно изграден во раниот среден век. Првото спомнување на Цеље во средниот век било под името Килије (Cylie) во Хрониката на Волфхолд фон Адмонт, која била напишана помеѓу 1122 и 1137 година. Градот бил седиште на цељските грофови од 1341 до 1456 година. Се здобил со статус на пазарен град во првата половина на 14 век и градски привилегии од грофот Фридерик II на 11 април 1451 година.

 
Цеље, насликан во 1750 година. Реката Воглајна може да виде видена на лево, течејќи кон Савиња. Островското маало е наречено Оток (словенечки за остров).
 
Цеље, 1830 година - литографија од Ј.Ф. Кајзер, Грац.

По изумирањето на цељските грофови во 1456 година, регионот бил наследен од Хабсбурговциите од Австрија и управуван од Војводството Штаерска. Бедемите и одбранбениот шанец биле изградени во 1473 година. Градот се бранел од Османлиите и во 1515 година за време на големата Словенечка селанска буна против селаните кои го зазеле Стариот замок.

Многу месни благородници преминале во протестантство за време на протестантската реформација, но регионот бил повторно преобратен во Римокатолицизам за време на Контрареформацијата. Цеље станал дел од Хабсбурбуршката Австриската Империја за време на Наполеоновите војни. Во 1867 година, по поразот на Австрија во Австро-пруската војна, градот станал дел од Австроунгарија.

Знаменитости

уреди

Туристичките знаменитости на градот се миноритскиот манастир основан во 1241 година[5] и дворец од 16 век.

Парохиската црква, која датира од 14 век, со својата готска капела, е интересен примерок на средновековната архитектура. Таканаречената германска црква, во романески стил, му припаѓала на манастирот, кој бил затворен во 1808 година. Тука е зачуван престолот на цељскиот грофови, а исто така и гробовите на неколку членови на семејството.[5]

Географија

уреди

Клима

уреди

Цеље има влажна континетална клима со топли лета (Кепенова класификација на климата).

Климатски податоци за Цеље
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 16.5
(61.7)
20.6
(69.1)
25.7
(78.3)
28.4
(83.1)
31.1
(88)
34.2
(93.6)
34.1
(93.4)
39.7
(103.5)
30.6
(87.1)
26.7
(80.1)
22.4
(72.3)
20.2
(68.4)
36.9
(98.4)
Прос. висока °C (°F) 4.1
(39.4)
6.8
(44.2)
11.6
(52.9)
16.4
(61.5)
21.6
(70.9)
24.6
(76.3)
26.9
(80.4)
26.5
(79.7)
21.7
(71.1)
16.3
(61.3)
9.6
(49.3)
4.5
(40.1)
15.9
(60.6)
Сред. дневна °C (°F) −0.3
(31.5)
1.0
(33.8)
5.2
(41.4)
9.8
(49.6)
14.9
(58.8)
18.3
(64.9)
19.9
(67.8)
19.0
(66.2)
14.6
(58.3)
10.1
(50.2)
4.7
(40.5)
0.6
(33.1)
9.8
(49.6)
Прос. ниска °C (°F) −4.6
(23.7)
−4.2
(24.4)
−0.2
(31.6)
3.9
(39)
8.6
(47.5)
12.3
(54.1)
13.8
(56.8)
13.4
(56.1)
9.7
(49.5)
5.9
(42.6)
0.9
(33.6)
−3.0
(26.6)
4.7
(40.5)
Најниска забележана °C (°F) −27.2
(−17)
−27.0
(−16.6)
−23.4
(−10.1)
−6.5
(20.3)
−3.4
(25.9)
0.8
(33.4)
4.5
(40.1)
2.9
(37.2)
−2.5
(27.5)
−8.5
(16.7)
−19.4
(−2.9)
−23.1
(−9.6)
−27.2
(−17)
Прос. врнежи мм (ин) 47
(1.85)
50
(1.97)
71
(2.8)
71
(2.8)
90
(3.54)
132
(5.2)
122
(4.8)
125
(4.92)
118
(4.65)
115
(4.53)
93
(3.66)
78
(3.07)
1.113
(43,82)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 10 8 11 13 14 14 12 12 11 11 12 12 140
Сред. бр. сончеви часови месечно 64 96 128 156 205 209 242 227 166 115 67 53 1.728
Извор: Агенција на Република Словенија за животна средина (АРСЖС/АРСО)[6] (податоци за 1981-2010; сончеви податоци:1971-2000)

Градски четврти

уреди

Гратчето Цеље е поделено на 10 населби односно градски четврти (mestne četrti):

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±% год.
14391.000—    
17981,4−1.81%
18201,635+0.71%
18341,511−0.56%
18401,793+2.89%
19006,743+2.23%
19247,75+0.58%
194020+6.10%
201037,777+0.91%
201137,52−0.68%
201237,584+0.17%
201337,49−0.25%
201437,628+0.37%
201537,54−0.23%
Извор: [7]

Гратчето Цеље имало 37,490 жители согласно 2002 година.

Образование

уреди

Во Целје нема универзитет, иако во градот е воспоставено одредено образование на ниво на факултет.

  • Факултет за логистика, формално дел од Универзитетот во Марибор бил основан во Цеље во 2005 година.
  • Меѓународно училиште за социјални и деловни студии
  • Факултет за комерцијални и деловни науки
  • УП Факултет за менаџмент

Комуникации

уреди

Поштенски број: SI-3000 (од 1991 година). (Стар поштенски број: 63000 (помеѓу 1945–1991)).

Збратимени градови

уреди

Цеље е збратимен со:[8]

Цеље, исто така, соработува со Череповец во Русија и има неформални тесни односи со Грац и Шпитал на Драва во Австрија.[8]

Позначајни личности од Цеље

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Largest settlements by number of population“. Place Names. Статистичка служба на Република Словенија. Архивирано од изворникот на 2015-06-19. Посетено на 1 февруари 2023.
  2. 2,0 2,1 „Nadmorska višina naselij, kjer so sedeži občin“ [Надморска височина на населени места каде се наоѓаат седиштата на општините] (словенечки и англиски). Статистичка служба на Република Словенија. 2002. Архивирано од изворникот на 24 мај 2013.
  3. Snoj, Marko. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Љубљана. стр. 87. Занемарен непознатиот параметар |датум= (help); Занемарен непознатиот параметар |издавач= (help)
  4. „The history of Celje: From the Celts and Romans to the Counts and Yugoslavia to the EU“. Архивирано од изворникот на 3 октомври 2016. Посетено на 1 февруари 2023.
  5. 5,0 5,1   One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Cilli“ . Encyclopædia Britannica. 6 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 366.
  6. „Цељски климатски нормали 1981-2010“ (PDF). АРСЖС. Посетено на 1 февруари 2023.
  7. Orožen, стр. 362-365
  8. 8,0 8,1 „Partnerska mesta“ (словенечки). Mestna občina Celje. Архивирано од изворникот на 2020-04-28. Посетено на 1 февруари 2023.

Дополнителна книжевност

уреди
  •   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  • Orožen, Janko (1971). Zgodovina Celja in okolice, 1. del (History of Celje and surroundings) (in Celjski zbornik. изд.). Celje: Kulturna skupnost v Celju.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди