Фудбалска репрезентација на Мароко

Фудбалската репрезентација на Мароко го претставувa Мароко на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на мароканскиот фудбалски сојуз (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Irzem n Atlasi (македонски: Лавовите од Атлас).

 Мароко
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски сојуз на Мароко
КонфедерацијаКАФ (Африка)
СелекторФранција Босна и Херцеговина Вахид Халилхоџиќ
КапитенРомен Сајс
Најмногу настапиНуредин Најбет (140)
Најдобар стрелецАхмед Фарас (42)
Домашен стадионСтад Адрар, Маракеш
ФИФА кодMAR
Домашни бои
Гостински бои
резервни бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално53 (11 август 2013)
Највисок10 (април 1998)
Најнизок95 (септември 2010)
Прв меѓународен натпревар
 Мароко 3–3  Ирак
(Либан; 19 октомври 1957)
Најголема победа
 Мароко 13–1 Саудиска Арабија 
(Мароко; 6 септември 1961)
Најлош пораз
 Унгарија 6–0 Мароко 
(Јапонија; 11 октомври 1964)
Светско првенство
Учества4 (првпат во 1970)
Најдобар резултатосминафинале 1986
Африкански куп на нации
Учества15
Најдобар резултатпобедници, 1976

Репрезентацијата досега петнаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации, а победници се на турнирот во 1976. Досега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, каде тие станале првата африканска нација која успеала да ја мине групната, откако тоа им пошло од рака во 1986 година завршувајќи пред три европски репрезентации Португалија, Полска и Англија. Меѓутоа, во осминафиналето биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Западна Германија со 1-0, и тоа осминафинале останува нивниот најдобар резултат на Светските првенства до денес, иако тие биле блиску да ја минат групната фаза и на првенството во 1998 кога ги делеле само две минути од пласман понатаму, меѓутоа доцниот погодок на Кјетил Рекдал за Норвешка против Бразил ги одвел Норвежаните понатаму и го елиминирал Мароко.

Историја

уреди

Географската близина на државата до Португалија и Шпанија и нејзината склоност кон шпанската култура се одразуваат и во фудбалот, со присуство на марокански таленти во иберскoto и луситанскoto првенство.[1] Мароко за првпат се пласирал на Светските првенства во 1970 во Мексико, каде биле елиминирни уште во првиот круг. Шест години подоцна, репрезентацијата се искачила на континенталниот престол триумфирајќи на Африканскиот куп на нации во Етиопија, освојувајќи го првото место во завршната група во која биле уште и Гвинеја, Нигерија и Египет.[2] Меѓу најистакнатите фудбалери на Мароко од овој период се издвојува Ахмед Фарас, играчот кој и ден-денес е водечки по бројот на постигнати голови за мароканската репрезентација.

Второто учество на Мароко на Светско првенство дошло повторно во Мексико каде што тие и дебитираа, меѓутоа сега во 1986 година. Тие на општо изненадување на сите успеале да го минат, првиот круг иако се нашле во група со три силни европски репрезентации како Португалија, Англија и Полска, меѓутоа нивниот пат завршил во осминафиналето каде биле поразени од Западна Германија со 1-0 со гол во завршницата од натпреварот.[3] Со самиот пласман во осминафиналето Мароко станал првата африканска и арапска земја која успеала да го мине првиот круг на Светските првенства.

Кон крајот на милениумот, Мароко учествувал уште на две последователни Светски првенства: најпрво во САД во 1994, а потоа и во Франција во 1998. На првенството играно во 1994 атласките тигри се нашле во група со Холандија, Саудиска Арабија и Белгија и испаднале уште во првиот круг, заземајќи го последното четврто место во групата без ниту еден освоен бод забележувајќи три минимални порази. Истата судбина - елиминација во првата фаза на натпреварување - ги снашла и четири години подоцна на првенството одржано во Франција во 1998, меѓутоа таму одиграле многу позначајна улога и само неколку минути ги делеле од пласман во осминафиналето откако во последното трето коло од групната фаза ја совладале Шкотска со убедливи 3-0 и им било потребно Бразил да не загуби од Норвешка; голот на Кјетил Рекдал од пенал во 88-мата минута од натпреварот им донел победа на скандинавците со 2-1 и пласман понатаму заедно со Бразил, а Мароко и покрај освоените 4 бода (1-1-1) бил елиминран.[4] Во 2004 година, репрезентацијата играла во финалето на Африканскиот куп на нации каде била поразена од својот магребски соперник Тунис со 2-1.[5]

Мароко бил избран да биде домаќин на Африканскиот куп на нации 2015, меѓутоа владата на Мароко побарала одложување на турнирот заради епидемијата од ебола во западна Африка. Откако случајот бил разгледуван на состанокот на Извршниот комитет, КАФ одлучил датумот за почеток на првенството да остане исти, по што Мароко се откажал од организацијата на турнирот. На 5 февруари 2015 година, Извршниот комитет на КАФ одлучил да ја суспендира Фудбалската репрезентација на Мароко од следните две изданија на Африканскиот куп на нации во 2017 и 2019 година, и да му се додели на Фудбалскиот сојуз на Мароко парична казна од 1 милиони американски долари, заедно со сума од 8.05 милиони евра во надомест за сите материјални штети кој ги претрпел КАФ, заинтересираните страни и партнери, како резултат на одлуката да не се биде домаќин на изданието во 2015 година.[6] Сепак, забраната била поништена од страна на Арбитражниот суд за спорт, што значи дека Мароко може да учествува на овие турнири..[7]

Соперништва

уреди

Репрезентацијата има историско соперништво со останатите Магребски земји: Алжир, Тунис и Египет.[8]

Титули

уреди
Победник (1):  1976
Вицешампион (1):   2004
Трето место (1):   1980
Шампиони (1):   2012

Настапи на турнирите

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Фаза Мес. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
  1930 Не учествувале Не учествувале
 1934
 1938
  1950
  1954
  1958
  1962 Не се квалификувале 7 2 2 3 7 8
  1966 Се повлекле Се повлекле
  1970 Групна фаза 14. 3 0 1 2 2 6 10 4 4 2 11 7
  1974 Не се квалификувале 10 4 3 3 12 13
  1978 2 0 2 0 2 2
  1982 8 3 2 3 5 6
  1986 Осминафинале 11. 4 1 2 1 3 2 8 5 2 1 12 1
  1990 Не се квалификувале 6 1 3 2 4 5
  1994 Групна фаза 23. 3 0 0 3 2 5 10 7 2 1 19 4
  1998 Групна фаза 18. 3 1 1 1 5 5 6 5 1 0 14 2
    2002 Не се квалификувале 10 6 3 1 11 3
  2006 10 5 5 0 17 7
  2010 10 3 3 4 14 13
  2014 6 2 3 1 9 8
  2018 Се квалификувале 8 4 3 0 13 0
  2022 To be determined
Вкупно Осминафинале 5/22 13 2 4 7 12 18 116 53 41 22 159 80

Настапи на Африканскиот куп на нации

уреди
Африкански куп на нации Квалификации за Африканскиот куп на нации
Година Фаза Место ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
  1957 Не учествувале Не учествувале
  1959
  1962 Се повлекле Се повлекле
  1963 Не се квалификувале 2 1 0 1 5 6
  1965 Не учествувале Не учествувале
  1968
  1970 Не се квалификувале 2 1 0 1 1 2
  1972 Групна фаза 5. 3 0 3 0 3 3 4 2 0 2 9 6
  1974 Did not enter Did not enter
  1976 Победници 1. 6 4 2 0 11 6 6 4 0 2 13 4
  1978 Фаза по групи 6. 3 1 3 1 2 4 Се квалификувале како бранители на титулата
  1980 Трето место 3. 5 2 1 2 4 3 4 2 1 1 14 5
  1982 Не се квалификувале 4 3 0 1 8 4
  1984 4 1 2 1 4 2
  1986 Четврто место 4. 5 1 2 2 4 5 2 1 1 0 1 0
  1988 Четврто место 4. 5 1 3 1 3 3 Се квалификувале како домаќин
  1990 Не се квалификувале 2 0 2 0 1 1
  1992 Групна фаза 9. 2 0 1 1 1 2 6 4 0 2 11 4
  1994 Не се квалификувале 6 2 2 2 5 4
  1996 4 1 1 2 2 4
  1998 Четвртфинале 6. 4 2 1 1 6 3 6 4 2 0 10 1
    2000 Групна фаза 11. 3 1 1 1 1 2 4 2 2 0 6 4
  2002 Групна фаза 9. 3 1 1 1 3 4 6 3 1 2 5 4
  2004 Финале 2. 6 4 1 1 14 4 6 5 1 0 10 0
  2006 Групна фаза 13. 3 0 2 1 0 1 10 5 5 0 17 7
  2008 Групна фаза 11. 3 1 0 2 7 6 4 3 1 0 6 1
  2010 Не се квалификувале 10 3 3 4 14 13
    2012 Групна фаза 12. 3 1 0 2 4 5 6 3 2 1 8 2
  2013 Групна фаза 10. 3 0 3 0 3 3 2 1 0 1 4 2
  2015 Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувале Се повлекле, биле диквалификувани и не учествувале
  2017 Четвртфинале 7. 4 2 0 2 4 3 6 5 1 0 10 1
  2019 To Be Determined
  2021
  2023
Вкупно 1 титула 15/30 57 19 22 16 66 54 106 56 27 23 164 77

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди

Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
ГМ Мунир Мохамеди 10 мај 1989(1989-05-10)(35 г.) 10 0   Нумансија
ГМ Јасин Буну 5 април 1991(1991-04-05)(33 г.) 6 0   Џирона
ГМ Јасин Ел Каруби 29 март 1990(1990-03-29)(34 г.) 1 0   Локомотив Пловдив
ОД Меди Бенатија 17 април 1987(1987-04-17)(37 г.) 43 1   Јувентус (Капитен)
ОД Набил Дирар 25 февруари 1986(1986-02-25)(38 г.) 19 2   Монако
ОД Ашраф Лазар 22 јануари 1992(1992-01-22)(32 г.) 16 0   Њукасл Јунајтед
ОД Мануел Да Коста 6 мај 1986(1986-05-06)(38 г.) 13 0   Олимпијакос
ОД Абделхамид Ел Каутари 17 март 1990(1990-03-17)(34 г.) 13 0   Бастија
ОД Зухаир Федал 1 јануари 1989(1989-01-01)(35 г.) 11 0   Алавес
ОД Фајсал Рерас 7 април 1993(1993-04-07)(31 г.) 1 0   Хартс
ОД Кевин Малки 31 јули 1991(1991-07-31)(33 г.) 0 0   Сент-Етјен
СР Јунес Белханда 25 февруари 1990(1990-02-25)(34 г.) 34 3   Ница
СР Карим Ел Ахмади 27 јануари 1985(1985-01-27)(39 г.) 34 1   Фејенорд
СР Омар Ел Кадури 21 август 1990(1990-08-21)(34 г.) 22 5   Наполи
СР Мунир Обади 4 април 1983(1983-04-04)(41 г.) 20 0   Лил
СР Мехди Карсела-Гонсалес 1 јули 1989(1989-07-01)(35 г.) 11 0   Гранада
СР Хаким Зијеш 19 март 1993(1993-03-19)(31 г.) 7 2   Ајакс
СР Ромен Саис 26 март 1990(1990-03-26)(34 г.) 5 0   Вулверхемптон Вондерерс
СР Фајсал Фајр 1 август 1988(1988-08-01)(36 г.) 4 0   Депортиво Ла Коруња
СР Софијан Буфал 17 септември 1993(1993-09-17)(31 г.) 2 0   Саутхемптон
СР Јусеф Аит Бенасер 7 јули 1996(1996-07-07)(28 г.) 1 0   Монако
НП Нордин Амрабат 31 март 1987(1987-03-31)(37 г.) 30 4   Вотфорд
НП Јасин Баму 9 ноември 1991(1991-11-09)(33 г.) 4 1   Нант
НП Јусеф Ен Несири 1 јули 1997(1997-07-01)(27 г.) 1 0   Малага
НП Рајан Ммае 1 април 1997(1997-04-01)(27 г.) 1 0   Стандард Лиеж

Играчки рекорди

уреди

Список на играчи со најмногу настапи
# Играч Кариера Настапи Голови
1 Абделмаџид Долми 1971–1988 140 8
2 Алал Бенкасу 1964–1972 116 0
3 Нуредин Најбет 1990–2006 115 4
4 Хусин Харја 2003–2015 78 12
5 Ахмед Фарас 1965–1979 77 42
Јусеф Сафри 1993–2003 77 8

Список на играчи со најмногу постигнати голови
# Играч Кариера Голови Настапи Голови по натпревар
1 Ахмед Фарас 1965–1979 42 77 0.8
2 Салахедин Басир 1994–2002 27 59 0.6
3 Абделџалил Хада 1995–2002 19 48 0.43
4 Маруан Шамах 2003–2014 18 65 0.31
5 Јусеф Хаџи 2003–2012 16 64 0.27
6 Јусеф Ел-Араби 2010- 15 36 0.77
7 Хусин Харја 2003–2015 12 78 0.18

Селектори

уреди

Source:[10]

Селектор
Име Држава Години како селектор Освоени трофеи
Ларби Бен Барек   1957
Мохамд Хамири   1959
Абделкадир Лохмири   1959
Ларби Бен Барек   1960
Кадер Фиру   1961
Мохамед Масун   1961–1963
Мохаме Масун & Абдерахман Маџуб   1963–1967
Абдерахман Маџуб   1967
Ги Клозо & Абделах Сетати  ,   1968–1969
Абделах Сетати   1969
Благоја Видиниќ   1970
Хосе Баринга   1971–1972
Абделах Сетати   1972
Абдерахман Маџуб   1972–1973
Виргил Мардареску   1974–1978 Африкански куп на нации 1976
Абделах Ел-Амари   1978
Ги Клозо   1979
Жист Фонтејн   1979–1980
Џебран & Јабрам Хамидуш   1980
Јабрам Хамидуш   1981
Абделах Ел-Амари   1982
Хаиме Валенте   1983
Мехди Фарија   1983–1988
Хаиме Валенте   1988–1989
Антонио Валентин   1989–1990
Абделах Блинда   1990
Абделгани Ел-Насири   1990
Вернер Олк   1990–1992
Абделхалек Лузани   1992
Абделах Блинда   1993–1994
Мохамед Лемари   1994
Жилсон Нуњеш   1995
Анри Мишел   1995–2000
Хенрик Касперчак   2000
Мустафа Мадих (caretaker)   2000
Умберто Коелјо   2000–2002
Баду Езаки   2002–2005
Филип Трусије   2005
Мохамед Факир   2006–2007
Анри Мичел   2007–2008
Фати Џемал   2008
Роже Лемер   2008–2009
Хасан Мумен (caretaker)   2009–2010
Ерик Геретс   2010–2012 2012 Arab Nations Cup
Рашид Таузи   2012–2013
Хасан Бенабича (caretaker)   2013-2014
Баду Езаки[11]   2014–2015
Ерве Ренар[12]   2016–present

Дресови и произведувачи на опрема

уреди

Дресови

уреди
Principaux maillots utilisés par l'équipe du Maroc
 
 
 
 
 
 
 
 
Домашен историски дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Домашен 2010-2011
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Гостински 2010-2011
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Домашен 2011-2012
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Гостински 2011-2012
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Домашен 2012-2013
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Гостински 2012-2013

Произведувачи на опрема

уреди
Произведувач на опрема Период
 
Adidas
1982-1993
 
Lotto
1994-1995
 
Umbro
1995
 
Lotto
1995-1997
 
Puma
1998–2001
 
Nike
2002–2006
 
Puma
2007–2011
 
Adidas
2012–present

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Sky Sport, уред. (14 јуни 2011). „Cous cous di mercato: i nuovi talenti marocchini“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-09-07.
  2. Athlet.org, уред. (14 март 1976). „Il Marocco pareggia 1-1 contro la Guinea ed è campione d'Africa“.
  3. la Repubblica, уред. (18 јуни 1986). „Germania salva a due minuti dalla fine“.
  4. CHRISTOPHER CLAREY (24 June 1998). New York Times (уред.). „WORLD CUP '98; Norway Stuns Brazil, Sends Morocco Home“.
  5. Athlet.org, уред. (14 февруари 2004). „La Tunisia batte il Marocco 2-1 ed è campione d'Africa“.
  6. „MOROCCO FINED, BANNED FROM TWO AFCON TOURNAMENTS“. Confédération Africaine de Football. 2015-02-06. Посетено на 2015-02-07.
  7. „Morocco win appeal over Afcon 2017 and 2019 bans“. BBC Sport. 2 April 2015.
  8. 90min.com, уред. (24 февруари 2014). „Le 24 rivalità storiche del calcio mondiale“. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на 2016-09-07.
  9. „CAN 2015 : La liste des 23 joueurs retenus“ (француски). faf.dz. 16 December 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 16 December 2014.
  10. Hassanin Mubarak. „Morocco National Team Coaches“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 15 February 2012.
  11. http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/27252927
  12. http://www.bbc.com/sport/football/35586217