Фудбалска репрезентација на Алжир

Фудбалска репрезентација на Алжир го претставувa Алжир на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на алжирската фудбалска федерација (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Guerriers du Désert (македонски: Пустински лисици).

 Алжир
СојузАлжирска фудбалска асоцијација
КонфедерацијаКАФ (Африка)
СелекторФранцијаКристијан Гуркуф
КапитенМаџид Бугера
Најмногу настапиЛакдар Балуми (101)
Најдобар стрелецАбделхафид Фасфаут (35)
Домашен стадионСтадион 5 јули 1962
ФИФА кодALG
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално18 (февруари 2013)
Највисок14 (октомври 2014)
Најнизок103 (јуни 2008)
Прв меѓународен натпревар
 Тунис 1–2  Алжир
(Тунис, Тунис; 12 јули 1908)[1][2]
Најголема победа
 Алжир 15–1 Јужен Јемен 
(Триполи, Либија; 17 август 1973)
Најлош пораз
 Унгарија 9–2 Алжир 
(Будимпешта, Унгарија; 16 август 1967)
Светско првенство
Учества4 (првпат во 1982)
Најдобар резултатосминафинале 2014
Африкански куп на нации
Учества14
Најдобар резултатпобедници, 1990

Репрезебтацијата на Алжир досега четиринаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации. Најдобар резултат оствариле во 1990 година кога како домаќини на турнирот станале шампиони. До сега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, но само во 2014 година ја минале групната фаза. За официјален дом на репрезентацијата се смета Стадионот 5 јули 1962 во главниот град Алжир.

Историја

уреди

Репрезентацијата на Алжир досега играла на Африканскиот куп на нации, првпат во 1968. Истото натпреварување го освоила во 1990 година на домашен терен. Покрај тоа имаат уште едно финале (1980) и четири полуфиналиња (1982, 1984, 1988, 2010). На Светско првенство првпат се пласирале во 1982 година во Шпанија, кога несреќно испаднале во групната фаза, во која играле со Западна Германија, Австрија и Чиле. Во својот прв натпревар Алжир го изненадил целиот фудбалски свет, кога со головите на Маџер и Белуми ја победиле фаворизираната Западна Германија[3]. Во вториот натпревар, пет дена подоцна, Алжир бил поразен од Австрија со 2:0[4], така да одлучувачки за пласман понатаму за нив бил третиот натпревар во групата против Чиле. Алжир го добил натпреварот против Чиле со резултат 3-2[5], со головите на Асад и Бенсаула. Бидејќи во последниот натпревар Западна Германија ја совладала Австрија, три репрезентации на врвот на табелата имале по четири бода (победа тогаш изнесувала два бода). Заради подобрата гол-разлика Западна Германија го освоила првото место, Австрија второто, а Алжир дури третото, и со тоа испаднале од натамошното натпреварување. Било тоа едно големо разочарување за оваа африканска нација. Четри години подоцна, во Мексико, Алжир ни од близу не бил истата репрезентација која настапила во Шпанија. Во група со Бразил, Шпанија и Северна Ирска, Алжир завршил како последен со само еден бод. Во првиот натпревар одиграл нерешено 1-1 со Северна Ирска, а голот за Алжир го постигнал Џамел Зидан.[6]. Во вториот натпревар се минимално поразени од Бразил со 1:0[7], а во последниот натпревар од групата со високи 3-0 загубиле од Шпанија, што бил голем удар пред заминувањето дома.[8].

Настапи на турнирите

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Фаза Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
  1930 Не учествувале Не учествувале
  1934
  1938
  1950
  1954
  1958
  1962
  1966 Се повлекле Се повлекле
  1970 Не учествувале 2 0 1 1 1 2
  1974 2 1 0 1 2 5
  1978 4 1 2 1 2 3
  1982 Групна фаза 13 3 2 0 1 5 5 8 5 2 1 16 6
  1986 Групна фаза 22 3 0 1 2 1 5 6 5 1 0 13 3
  1990 Не се квалификувале 6 3 2 1 6 2
  1994 8 2 3 3 8 11
  1998 2 1 0 1 2 3
    2002 10 3 3 4 13 14
  2006 12 3 5 4 15 15
  2010 Групна фаза 28 3 0 1 2 0 2 13 8 2 3 17 8
  2014 Осминафинале 14 4 1 1 2 7 7 8 6 0 2 16 7
  2018 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
  2022
Вкупно 4/20 13 3 3 7 13 19 81 38 21 22 111 79

Настапи на Африканскиот куп на нации

уреди
 
Тунис - Алжир 1-0, АКН 2013.
 
Алжир - Брегот на Слоновата Коска 2-2, АКН 2013.
Африкански куп на нации
Домаќин/Година Фаза Poz. ОН П Н И ДГ ПГ
  1957 Не учествувале
  1959
  1962
  1963
  1965
  1968 Групна фаза 6 3 1 0 2 5 6
  1970 Не се квалификувале
  1972
  1974
  1976
  1978
  1980 Финале 2 5 2 2 1 6 7
  1982 Полуфинале 4 5 2 1 2 5 6
  1984 Полуфинале 3 5 3 2 0 8 1
  1986 Групна фаза 6 3 0 2 1 2 3
  1988 Полуфинале 3 5 1 3 1 4 4
  1990 Победник 1 5 5 0 0 13 2
  1992 Групна фаза 10 2 0 1 1 1 4
  1994 Дисквалификувани
  1996 Четвртфинале 5 4 2 1 1 5 3
  1998 Групна фаза 15 3 0 0 3 2 5
    2000 Четвртфинале 6 4 1 2 1 5 4
  2002 Групна фаза 15 3 0 1 2 2 5
  2004 Четвртфинале 8 4 1 1 2 5 7
  2006 Не се квалификувале
  2008
  2010 Полуфинале 4 6 2 1 3 4 10
    2012 Не се квалификувале
  2013 Групна фаза 13 3 0 1 2 2 5
  2015 Пласирани
  2017 квалификации
Вкупно 15/29 60 20 18 22 69 72

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди

Следниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Азедин Доука 5 август 1986(1986-08-05)(38 г.) 5 0   ЈС Кабилије
16 ГМ Мохамед Земамуш 19 март 1985(1985-03-19)(39 г.) 8 0   УСМ Алжир
23 ГМ Рајс М'Боли 25 април 1986(1986-04-25)(38 г.) 37 0   Филаделфија Јунион
2 ОД Маџид Бугера (капитен) 7 октомври 1982(1982-10-07)(42 г.) 66 5   Ал-Фуџаира
3 ОД Фаузи Гулам 1 февруари 1991(1991-02-01)(33 г.) 12 0   Наполи
4 ОД Лијасин Кадмуро-Бентаиба 5 март 1988(1988-03-05)(36 г.) 9 1   Осасуна
5 ОД Рафик Халиш 2 септември 1986(1986-09-02)(38 г.) 35 3   Катар
6 ОД Џамел Месба 9 октомври 1984(1984-10-09)(40 г.) 34 1   Сампдорија
12 ОД Карл Меџани 15 мај 1985(1985-05-15)(39 г.) 36 2   Трабзонспор
20 ОД Ајса Манди 22 октомври 1991(1991-10-22)(33 г.) 11 0   Рем
22 ОД Мехди Зефан 19 мај 1992(1992-05-19)(32 г.) 1 0   Лион
7 СР Ријад Марез 21 февруари 1991(1991-02-21)(33 г.) 10 2   Лестер Сити
8 СР Меди Ласен 15 мај 1984(1984-05-15)(40 г.) 39 0   Хетафе
10 СР Софијан Фегули 26 декември 1989(1989-12-26)(34 г.) 30 7   Валенсија
11 СР Јасин Брахими 8 февруари 1990(1990-02-08)(34 г.) 16 4   Порто
14 СР Набил Бенталеб 24 ноември 1994(1994-11-24)(30 г.) 10 1   Тотенхем Хотспар
17 СР Фуед Кадир 5 декември 1983(1983-12-05)(41 г.) 24 2   Реал Бетис
18 СР Абделмумене Џабу 31 јануари 1987(1987-01-31)(37 г.) 12 3   Клуб Африкаин
19 СР Сафир Таидер 29 февруари 1992(1992-02-29)(32 г.) 20 3   Сасуоло
21 СР Ахмед Каши 18 ноември 1988(1988-11-18)(36 г.) 0 0   Мец
9 НП Ишак Белфодил 12 јануари 1992(1992-01-12)(32 г.) 6 0   Парма
13 НП Ислам Слимани 18 јуни 1988(1988-06-18)(36 г.) 31 13   Спортинг
15 НП Ел Арби Судани 25 ноември 1987(1987-11-25)(37 г.) 29 12   Динамо Загреб

Играчки рекорди

уреди

Список на играчи со најмногу настапи[10]
# Играч Кариера Настапи Голови
1 Лакдар Белуми 1978–1989 101 27
2 Билел Џири 1992–2005 93 9
3 Раба Маџер 1978–1992 87 29
Абделхафид Тасфо 1990–2002 87 35
5 Џамел Менад 1980–1995 81 29
6 Махмуд Гуендуз 1977–1986 77 5
Маједин Мафта 1989–2002 77 4
8 Муса Саиб 1989–2001 74 7
9 Салах Асад 1977–1989 73 15
10 Али Фергани 1973–1986 72 7
Фодил Мегарија 1984–1992 72 0

Лакдар Белуми настапил во 147 репрезентативни натпревари, но само 101 натпревар е признат од ФИФА.[10][11]

Список на играчи со најмногу постигнати голови[12]
# Играч Кариера Голови Настапи Голови по натпревар
1 Абделхафид Тасфо 1990–2002 35 87 0.40
2 Раба Маџер 1978–1992 29 87 0.33
Џамел Менад 1980–1995 29 81 0.36
4 Лакдар Белуми 1978–1989 27 101 0.27
5 Теџ Бенсаула 1979–1986 19 52 0.37
6 Рафик Саиди 1998–2010 18 64 0.28
7 Салах Асад 1977–1989 15 73 0.21
8 Асен Лалмас 1963–1974 14 43 0.33
Али Меџабих 1995–2003 14 26 0.54
10 Ислам Слимани 2012–present 13 30 0.43

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Courtney, Barrie (23 April 2010). „Algeria – List of International matches“. RSSSF. Посетено на 10 November 2010.
  2. „World Football Elo Ratings: Algeria“. ELO. Архивирано од изворникот 2010-11-22. Посетено на 10 November 2010.
  3. Извештај од натпреварот Западна Германија - Алжир 1:2, fifa.com Архивирано на 21 ноември 2013 г. 14 јануари 2014.
  4. Извештај од натпреварот Алжир - Австрија 0:2, fifa.com Архивирано на 14 декември 2013 г.; 14 јануари 2014.
  5. Извештај од натпреварот Алжир - Чиле 3:2, fifa.com Архивирано на 4 јануари 2014 г.; 14 јануари 2014.
  6. Извештај од натпреварот Алжир - Северна Ирска 1:1, fifa.com Архивирано на 3 ноември 2013 г.; 14 јануари 2014.
  7. Извештај од натпреварот Бразил - Алжир 1:0, fifa.com Архивирано на 6 јануари 2014 г.; pristupljeno: 14 јануари 2014.
  8. Извештај од натпреварот Алжир - Шпанија 0:3, fifa.com Архивирано на 17 октомври 2013 г.; 14 јануари 2014.
  9. „CAN 2015 : La liste des 23 joueurs retenus“ (француски). faf.dz. 16 December 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 16 December 2014.
  10. 10,0 10,1 „Classement des joueurs les plus capés“ (француски). DZFootball. Посетено на 2011-12-31.
  11. „Belloumi sur Maracana.com“ (француски). M. T. Посетено на 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)[мртва врска]
  12. „Classement des meilleurs buteurs“ (француски). DZFootball. Посетено на 2012-12-26.