Капоканониере
Капоканониере (множина: капоканониери) или Златна копачка на Серија А е назив за наградата која се доделува на играчот со најголем број постигнати голови во италијанската Серија А. Насловот во моментов го држи Кристијано Роналдо, кој постигнал 29 гола во сезоната 2020–2021.
Капоканониере | |
---|---|
Гунар Нордал, освојувач на титулата Капоканониере пет пати, играјќи во дресот на Милан | |
Се доделува за | Најдобар стрелец во Серија А во рамките на една сезона |
Држава | Италија |
Доделена од | Серија А |
Историја | |
Прва награда | 1924 |
Најмногу победи | Гунар Нордал (5) |
Последен | Кристијано Роналдо (29 гола) |
Највисокиот број на постигнати голови при освојувањето на Златната копачка е 36, број постигнат од тројца играчи Џино Росети за Торино во сезоната 1928–29, Гонсало Игуаин за Наполи во сезоната 2015–2016 и Чиро Имобиле за Лацио во сезоната 2019–2020. Ференц Хирцер, Хулио Либонати и Гунар Нордал го делат второто место; секој од нив постигнал по 35 гола за Јувентус, Торино и Милан.
Гунард Нордал од Милан е освојувач на титулата плурикапаканониере, со пет успеси во 1949–1950, 1950–1951, 1952–1953, 1953–1954 и 1954–1955, повеќе од било кој друг играч во историјата на италијанското првенство.[1]
Победници
уредиПрима Дивизионе, Дивизионе Национале и Серија А
уредиПо играч
уредиРанк | Играч | Клуб(ови) | Држава | Титули | Сезони |
---|---|---|---|---|---|
1 | Гунар Нордал | Милан | Шведска | 5 | 1949–1950, 1950–1951, 1952–1953, 1953–1954, 1954–1955 |
2 | Џузепе Меаца | Интер | Италија | 3 | 1929–1930, 1935–1936, 1937–1938 |
2 | Алдо Бофи | Милан | Италија | 3 | 1938–1939, 1939–1940, 1941–1942 |
2 | Лујџи Рива | Каљари | Италија | 3 | 1966–1967, 1968–1969, 1969–1970 |
2 | Паоло Пуличи | Торино | Италија | 3 | 1972–1973, 1974–1975, 1975–1976 |
2 | Роберто Пруцо | Рома | Италија | 3 | 1980–1981, 1981–1982, 1985–1986 |
2 | Мишел Платини | Јувентус | Франција | 3 | 1982–1983, 1983–1984, 1984–1985 |
2 | Џузепе Сињори | Лацио | Италија | 3 | 1992–1993, 1993–1994, 1995–1996 |
2 | Чиро Имобиле | Торино, Лацио | Италија | 3 | 2013–2014, 2017–2018, 2019–2020 |
По клубови
уредиРанк | Клуб | Титули |
---|---|---|
1. | Милан | 17 |
2. = | Интер | 14 |
2. = | Јувентус | 14 |
4. = | Торино | 10 |
4.= | Лацио | 10 |
6. | Рома | 9 |
7. | Болоња | 7 |
8. | Фјорентина | 5 |
9. | Удинезе | 4 |
10.= | Каљари | 3 |
10.= | Наполи | 3 |
10.= | Сампдорија | 3 |
13.= | Виченца | 2 |
13.= | Ливорно | 2 |
15.= | Аталанта | 1 |
15.= | Бари | 1 |
15.= | Пјаченца | 1 |
15.= | Верона | 1 |
По држави
уредиДржава | Играчи |
---|---|
Италија | 66 |
Аргентина | 10 |
Шведска | 7 |
Бразил | 4 |
Франција | 4 |
Уругвај | 4 |
Данска | 3 |
Австрија | 2 |
Холандија | 2 |
Унгарија | 2 |
Украина | 2 |
Германија | 1 |
Велс | 1 |
Наводи
уреди- ↑ „Serial-scoring Swede who inflamed Milan“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 4 September 2013.
- ↑ „Italy - Serie A Top Scorers“. RSSSF. Посетено на 4 September 2013.
Надворешни врски
уреди- (англиски) Italy - Serie A Top Scorers Rsssf.com