Бело Хоризонте или Бело Оризонте (порт. Belo Horizonte, значи убав хоризонт) — град во Бразил и главен град на државата Минас Жераис. Неформалниот назив на градот е Беага (Beagá), затоа што така на португалскито јазик звучат иницијалите БХ. Градот е центар на доста интензивни економски и културни активности со извонредна инфраструктура и на национално и на интернационално ниво. Бело Хоризонте е е ден од четирите најголеми градови и регии во Бразил. Според проценките од 2007 година во градот живееле 2,412,937 жители.

Бело Хоризонте
Општини во Бразил
Општина Бело Хоризонте
Град Бело Хоризонте
FlagCoat of arms
Прекар(и): BH (pronounced "beagá"),
The Garden City,
Belô
Бело Хоризонте is located in Brazil
Бело Хоризонте
Бело Хоризонте
Координати: 19°55′S 43°56′W / 19.917° ЈГШ; 43.933° ЗГД / -19.917; -43.933
Country Бразил
RegionSoutheast
StateПредлошка:Country data Minas Gerais
Founded1701
Incorporated (as city)December 12, 1897
Управа
 • градоначалникMarcio Lacerda
(2013-2016)
Површина
 • Општини во Бразил1 E+8_m²
 • Градска282,3 км2 (109 ми2)
 • Метро9.459,1 км2 (3.652 ми2)
Надм. вис.&10000000000085219000000852,19 м
Население (2010)
 • Општини во Бразил2.475.440
 • Густина7.290,8/км2 (188,830/ми2)
 • Метро5.497.922
 • DemonymBelorizontino
Postal Code30000-000
Повик. бр.+55 31
Мреж. местоwww.pbh.gov.br

Една од интересните одлики на Бело Хоризонте, по која е најпознат град во Бразил е непропорционалниот однос во бројот на жените и мажите. Кон средината на 90-тите години од XX век, во градот имало 175,000 жени повеќе од мажи. Никој не ја знае причината за тоа, но се претпоставува дека причината е тоа што мажите оделе од градот во потрага по работа, а жените останувале да живеат тука заедно со своите семејства.

Историја

уреди

Денешната метропола некогаш била село кое било основано од истражувач на руди од Сао Паула, Жуан Леите да Силва Ортиз (João Leite da Silva Ortiz). Поради поволните временски услови на кои тука наишол, во 1701 година ја напуштил експедицијата и направил фарма под името Курал Дел Реј (Curral Del Rey, „Кралски Корал“). Доста долго време овој град се нарекувал по името на оваа фарма. По него, многу други луѓе доаѓале во овој регион и брзо биле основани и нови фарми. Една од таквите е и фармата на фамилијата Гутијерез. И денес областа околу нивната некогашна фарма се нарекува по нивно име, а тие и понатаму се една од најбогатите семејства во Бело Хоризонте, поседувајќи го Телемар, најуспешната телекомуникациска компанија во Бразил.

Селото се зголемувало благодарејќи на фактот дека било на пат на кој поминувала стока кон регионот на реката Сао Франциско. Патниците ја посетувале дрвената капела во селото за да се помолат за среќен пат. На местото на тогашната капема сега се наоѓа катедралата Боа Бијажем (Catedral da Boa Viagem: „добар пат“), со истоимено населено место околу него.

Кога во 1889 година Бразил стана република, местото го променува името Кралски Корал во Бело Хоризонте. Првобитната намера била на местото да му се даде ново име Ново Хоризонте (Novo Horizonte, „Ново Хоризонте“). На 7 декември 1893, Бело Хоризонте бил изберен за нов главен град на државата Минас Жераиса, кој го заменил дотогашниот Оро Прето. Бело Хоризонте првпат е планиран град во Бразил. Центарот на градот имал испланирана мрежа на улици, испресечена со дијагонални авении, а од парковите останале само големиот централен парк. Населувањето и порширувањето на градот, посебно во последните 20 години од 20 век, сторило ваквиот оригинален урабнистички план да биде надминат. Градот требало повторно да биде преименуван и да се вика Сидад де Минас (Cidade de Minas), дури е и прогласен за главен град на 12 декември 1897 година под тоа име, но ова име никогаш не станало популарно помеѓу населението, па дефинитивно во 1901 година официјално било вратено првобитното име Бело Хоризонте.

Поради надминатиот урбанизам, и големите бранови на доселувања, 20% од популацијата во градот нема канализација, а поплавите и дождовите секогаш носат животи и имоти. Иако е во прашање метропола и еден од најголемите градови во Бразил, Бело Хоризонте и понатаму се смета за најголем мал град во светот.

Население

уреди

Според проценките од 2007 година во градот живееле 2,412,937 жители.

Движење на бројот на населението
1991 2000
2.020.161 2.238.526

Стопанство

уреди

Бело Хоризонте е центар на дистрибуцијата и преработка на најважните индустриски гранки во државата, земјоделството и рударскиот сектор. Меѓу најважните производи се вбројуваат челикот, текстилот, автомобилите, златото, манганот и благодорни камења. Бело Хоризонте е исто така и културен центар, со унивезитети, музеи, библиотеки и исто така има најразновиден ноќен живеот во државата.

Туристички атракции

уреди
 
Катедралата Свети Фрања во Пампуља

Пампуља

уреди

Осум километри од центарот на Бело Хоризонте се наоѓа облста Пампуља. Тоа е дел од градот со одлични вештачки езера, парк и модерни вили. Тука се наоѓа прекрасната катедрала Свети Фрања од Асизиј (San Francisco de Assis), како и стадионот на Атлетико Минеир, познат како Минеирао, најголем стадиот во државата. Во Пампуља се наоѓа и еколошки парк и зоолошка градина.

Мангаберајс

уреди

Мангаберајс е најелитниот дел на Бело Хоризонте. Помеѓу преубавите згради се наоѓа и „Плоштадот на папата“, на кој папата Јован Павле II одржал послание во кое изјавил „...колку убав хоризонт!“. Во близина се наоѓа и паркот Мангаберајс (Parque das Mangabeiras),толку голем да има и сопствен интерен автобуски сервис.

Саваси

уреди

Саваси е комерцијален кварт во центарот на градот, но и кварт со најразновиден ноќен живот, со многу клубиви и ресторани и прекрасна шопинг зона. Овде се наоѓа и „Плоштадот на Слободата“, на кој е и старата Гувернерова Палата (Палата на Слободата), прва зграда завршена во планираниот град.

Галерија

уреди

Спорт

уреди

Најпознати фудбалски клубови на Бело Хоризонте се:

  • Атлетико Минеиро (Clube Atlético Mineiro), популарни петли, повеќекратни прваци на државата Минас Жераис, освојувачи на Конмебол купот. Од овој клуб потекнуваат многу големи бразилски фудбалски имиња како што се голманот Тафарел, Жилберто Силва и ]]Жулијан Балети]].
  • Америка (América Futebol Clube) - клуб познат како зајаци, од кој излегол бразилскиот репрезентативец Фред.
  • Крузеиро Cruzeiro Esporte Clube - лисици, лути соперници на петлите и единствен тим во Бразил кој има освоени трострука круна, Првенството на Бразил, Купот на Бразил и Првенството на државата Минас Жераис. Од клубот излегле многу големи фудбалски имиња, а во него Роналдо ја започнал својата професионална кариера.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди