Фудбалска репрезентација на Сан Марино
Националниот фубалски тим на Сан Марино е репрезентацијата на Сан Марино, контролиран од Фудбалската федерација на Сан Марино. Тимот нема постигнато некои позначаен успех, што се должи на тоа што ја ретставува најмалубројната земја во Европа.
Грб на фудбалскиот сојуз | |||
Прекари(и) | La Serenissima Голем тим | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалска федерација на Сан марино | ||
Селектор | Џампаоло Маца | ||
Капитен | Анди Селва | ||
Најмногу настапи | Дамјано Ванучи (50) | ||
Најдобар стрелец | Анди Селва (8) | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 202 | ||
Највисок | 118 (септември 1993) | ||
Најнизок | 202 (април 2009) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Сан Марино 0 - 4 Швајцарија (Сераваља, Сан Марино; 14 ноември 1990) | |||
Најголема победа | |||
Сан Марино 1 - 0 Лихтенштајн (Сераваља, Сан Марино; 28 април 2004) | |||
Најлош пораз | |||
Сан Марино 0 - 13 Германија (Сераваља, Сан Марино; 6 септември 2006) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 0 | ||
Европско Фудбалско Првенство | |||
Учества | 0 |
Првиот официјален натпревар, фудбалската репрезентација на Сан Марино го има одиграно во 1990 против Швајцарија, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство, кој завршил со пораз од 0-4. Пред тоа, тимот има загубено натпревар со 0-1 од канадскиот олимписки тим во 1986, но овој натпревар не се смета за официјален. Од 1990, тимот има учествувано на сите квалификациски турнири за пласман на Европските и Светските првенства, но нема остварено ниту една победа. Единствениата победа на фудбалската репрезентација на Сан Марино е победата над Лихтенштајн од 1-0, во пријателски натпревар, одигран на 28 април 2004.
Стадион
уредиНатпреварите како домаќин, фудбалската репрезентација на Сан Mарино ги игра на Олимпискиот стадион во Серавања. Капацитетот на стадионот изнесува 5.387 места.[1] Метежите се ретка појава и во одредени случај патувањето е помогнато од страна на Сан Марино.[2][3]
Сан Mарино има одиграно два меча како домаќин, надвор од своите граници. Еднаш против Англија и еднаш против Холандија во 1993, кога натпреварот бил одигран на Стадионот Ренато Дал'Ара во Болоња.
Мометален состав
уредиСледните фудбалери беа повикани за квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2010 против Полска, кој се одигра на 10 септември 2008.
Рекорди
уредиНајмногу голови
уреди# | Играч | Период на активна игра | Постигнати голови | Постигнати голови по натпревар |
---|---|---|---|---|
1 | Анди Селва | 1998- | 8 (44) | 0.18 |
Светски првенства
уредиЕвроски првенства
уредиНаводи
уреди- ↑ „Does Size Matter?“ (PDF). Football Supporters Federation. Посетено на 2007-09-09. (pdf)
- ↑ „Ireland stumble past San Marino“. Irish Times. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 2007-10-14.
- ↑ „San Marino 1-2 Rep of Ireland“. BBC. Посетено на 2007-10-14.