Кувајт (арапски: مدينة الكويت, транслитерација: Мадинат ал-Кувајт) е главен град и најголем град во Кувајт. Во градот живеат околу од 63.600 жители (2006 проценка), а во поширојката област околу 2.38 милиони. Градот се наоѓа на брегот на Персискиот Залив, а е седиште на парламентот на Кувајт (Majlis Ал-Umma), повеќето државни институции, како и седиште на повеќе кувајтски фирми и банки, со што претставува политички, културен и економски центар на емиратот.

Кувајт
مدينة الكويت
Мадинат ал Кувајт
Погледн на Кувајт ноќе
Погледн на Кувајт ноќе
Координати: 29°22′11″N 47°58′42″E / 29.36972° СГШ; 47.97833° ИГД / 29.36972; 47.97833
државаКувајт
областАл Асима
Површина
 • Метро200 км2 (80 ми2)
Население (2005 estimate)
 • Градско96.100
 • Метро2.380.000
Час. појасИАТ (UTC+3)

Трговските и превозни потреби во градот се задоловуваат со работењето на меѓународниот аеродром Кувајт и пристаништата Мина ал-Шуваик и Мина ал-Ахмади, кои се наоѓаат 50 км јужно од градот, на брегот на Персискиот Залив.

Историја

уреди

Првите информации за градот датираат од 18. век, односно од тоа време се зборува за постоењето на Кувајт. Низ вековите, градот бил центар на шеикството Кувајт, кое во 16. век станало дел од Отоманското Царство, а во 1899 градот станал дел од протекторатот на Обединетото Кралство. Откривањето на богати нафтени полиња во Кувајт и во неговата околина придонесе за брз економски развој, но значителен профит од производството на нафта и индустриското производство отиде во САД и Велика Британија. Ова предизвика незадоволство не само кај работниците, но и кај локалните олигарси. На 19 јуни 1961, во главниот град на земјата, меѓу британската влада и емирот на Кувајт, Абдула ал-Сабах била потпишана спогодба, со која се раскинал договорот од 1899 година, со што Кувајт ја стекнал својата независност. Во 1990, Кувајт бил во окупациската зона на Ирак, а бил ослободен во февруари 1991. Градот Кувајт, денес е современ град со современи градби и заленило по улиците.

Географија

уреди

Градот е сместен на долната граница на југозападниот брег на Кувајт. Градот е поделен на три зони: индустриски (во западните предградија Шувејха), образовен (каде се наоѓаат, училиштата, универзитети и истражувачки институции) и здравствен (се протега по должината на патот кон крајбрежниот град Ал-Џавхар).

Клима

уреди

Кувајт има суви и жешки лета со високи температури. Во зима, температурите се пониски, отколку во лето. Врнежи се очекваат само во некои денови во зима. Во летниот период, дождот е непонат. Највлажен месец е јануари. Во текот на пролетта, температурата постепено се покачува. Највисоките просечни дневни температури се во летните месеци и се над 40 °C. Во некои топли денови, можно е температурата да се искачи и над 50 °C. Песочните бури се неретка појава во летниот период, а може да се појват и во другите периоди од годината. Преку есен, температурата се намалува, а пшоретка е и појавата на песочни бури. Првите врнежи може да се очекуваат во текот на ноември.

Климатски податоци за градот Кувајт
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 29.8
(85.6)
35.8
(96.4)
41.2
(106.2)
44.2
(111.6)
49.0
(120.2)
49.8
(121.6)
52.1
(125.8)
50.7
(123.3)
47.7
(117.9)
43.7
(110.7)
37.9
(100.2)
30.5
(86.9)
52.1
(125.8)
Прос. висока °C (°F) 19.5
(67.1)
21.8
(71.2)
26.9
(80.4)
33.9
(93)
40.9
(105.6)
45.5
(113.9)
46.7
(116.1)
46.9
(116.4)
43.7
(110.7)
36.6
(97.9)
27.8
(82)
21.9
(71.4)
34.3
(93.7)
Прос. ниска °C (°F) 8.5
(47.3)
10.0
(50)
14.0
(57.2)
19.5
(67.1)
25.4
(77.7)
28.9
(84)
30.7
(87.3)
29.5
(85.1)
26.2
(79.2)
21.5
(70.7)
14.5
(58.1)
9.9
(49.8)
19.9
(67.8)
Најниска забележана °C (°F) −4.0
(24.8)
−1.6
(29.1)
−0.1
(31.8)
6.9
(44.4)
14.7
(58.5)
20.4
(68.7)
22.4
(72.3)
21.7
(71.1)
16.0
(60.8)
9.4
(48.9)
2.0
(35.6)
−1.5
(29.3)
−4.0
(24.8)
Прос. дожд мм (ин) 30.2
(1.189)
10.5
(0.413)
18.2
(0.717)
11.5
(0.453)
0.4
(0.016)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
1.4
(0.055)
18.5
(0.728)
25.5
(1.004)
116.2
(4.575)
Прос. бр. дождливи денови (≥ 0,1 мм) 5 3 3 1 0 0 0 0 0 1 3 3 19
Сред. бр. сончеви часови месечно 198.1 222.5 217.6 229.3 272.5 304.5 307.1 301.6 285.1 252.2 216.5 193.5 3.000,5
Сред. бр. сончеви часови дневно 7.1 7.7 7.5 7.9 9.4 10.5 10.6 10.8 10.2 9.0 7.7 6.9 8.8
Можен удел на сончевост 68 69 63 62 69 77 76 78 77 79 72 67 72
Извор бр. 1: Светска метеоролошка организација (температура и дождови 1994–2008)[1]
Извор бр. 2: NOAA (сончевост и крајности, 1961–1990)[2]

Извор 3 = Wundergound (крајности за 2012 г.)[3]

Територијална поделба

уреди
 
Поглед на Кувајт од Шуваих.
 
Уица во Кувајт.

Иако населбите, наведени подолу не се сметаат за територијални единици на градот, сепак тоа се подрачја кои го солинуваат и опкружуваат градот:

Стопанство

уреди

Економијата во главниот град на Кувајт е со брз развој, а многу странски компании инвестираат во земјата. Особен интерес има кај светски познатите хотелски синџири, кои веќе ја имаат започнато или пнаираат изградба на хотели.

Во 2010 година, се очекува бројот на хотелски соби да се зголеми за 3.000.

Превоз

уреди

Во 2008, започнаа работите на изградбата на железничка линија од Саудиска АРабија до другите земји во Персискиот Залив.[4]

Збратимени градови

уреди

Ова се збратимените градови на градот Кувајт:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Светска метеоролошка информативна служба – Град Кувајт“. Светска метеоролошка организација. Архивирано од изворникот на 2020-12-09. Посетено на 19 February 2014.
  2. „Kuwait International Airport Climate Normals 1961–1990“. NOAA. Посетено на 15 January 2015.
  3. „Dr.Jeff Masters' article published January 2013“. NOAA. Архивирано од изворникот на 2013-01-17. Посетено на 20 July 2015.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Railway Gazette International, јануари 2009, стр. 21 (дадена е карта)

Надворешни врски

уреди