Стадион „Диего Армандо Марадона“

Стадион „Диего Армандо Марадона“ — стадион во западното предградие на Fuorigrotta во Неапол, Италија, и е трет по големина стадион во Италија по Сан Сиро и Олимпико . За Летните олимписки игри во Рим, стадионот бил домаќин на неколку фудбалски натпревари. Тој во моментов главно се користи за фудбалски натпревари и е дом на Наполи. Стадионот бил изграден во 1959 година и бил подложен на обемни реновирањa во 1989 година за Светското првенство по фудбал во 1990 година. Сегашната сместивост на Сан Паоло е 60.240 гледачи.

Стадион „Диего Армандо Марадона“
Целосно име Стадион „ Диего Армандо Марадона
Место Неапол, Италија
Координати 40°49′41″N 14°11′35″E / 40.827967° СГШ; 14.193008° ИГД / 40.827967; 14.193008
Започнат 1948
Изграден 1948–1959
Отворен декември 6 1959 (1959-12-06)
Реновиран 1990, 2010
Сопственик Град Неапол
Подлога трева
Архитект Карло Кочија, Лујџи Коради
Игра Наполи Наполи
Гледачи

Стадионот е веројатно најпознатиот како домаќин на полуфиналето на Светското првенство 1990 година помеѓу Италија и Аргентина, кој се смета за највозбудлив натпревар на Светското првенство. Во тоа време Диего Марадона, кој настапувал за италијанскиот тим од Неапол, побарал од навивачите на Наполи да навиват за Аргентина. Навивачите на Наполи одговориле со закачено знаме на својата "Curva" на стадионот велејќи: „Марадона, Неапол те сака, но Италија е нашата татковина“. Натпреварот бил еден од ретките на стадионот во Неапол на тоа Светско првенство, каде што на аргентинската химна навивачите не се потсмевале. Натпреварот завршил 1-1 по продолженијата. По изведување на пеналите, Марадона со победничкиот пенал за Аргентина достојно ја одвел во финалето.

Скорешни времиња

уреди

Дури и во третата лига ФК Наполи во Серија Ц1 за време на сезоната 2005-06, Наполи постигнал 3-ти највисок просек на посетеност во Италија за сезона со само две Серија А клубови, ФК Милан и ФК Интер имале повисоко присуство. На финалниот натпревар од сезоната Наполи привлечел публика од 51.000 глрдачи кој сега стои како рекорд во Серија C.

Преименување

уреди

Советот на градот Неапол побара од италијанската Влада дозвола да се преименува стадионот по Диего Марадона. Аргентинската легенда му помогна на Наполи да ја освои титулата во Серија А во 1987 година и 1990 година, а тој да остане една од популарните личности во градот. Советот се изјасни за преименувањето на стадионот Сан Паоло, но италијанскиот закон дава забрана на јавни објекти да бидат именувани по секое лице кое не е мртво најмалку 10 години.

Светско првенство во Италија 1990

уреди

Стадионот бил една од локациите на 1990 ФИФА Светско Првенство, а се одржаа пет натпревари. Првите два беа на репрезентацијата на Аргентина во Група Б. Првиот беше против Советскиот Сојуз на 13 јуни и победи со 2 - 0, а вториот е против Романија на 18 јуни кој заврши со резултат 1 - 1. Следните два натпревари се на репрезентацијата на Камерун. Првиот беше во првиот круг на натпревари против Колумбија, на 23 јуни победа од 2 - 1 по продолженијата, а вториот беше натпревар од четврт-финалето против Англија. На 1 јули со пораз од 3 - 2 по продолженијата. Петтиот и последен пат беше во полуфиналето помеѓу Аргентина и домаќинот Италија на 3 јули, каде што Аргентина победи на пенали 1 - 1 (4 - 3).

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди