Хет-трик
Хет-трик — израз (потекнува од англискиот јазик) кој се користи во фудбалот и хокејот за три постигнати гола од страна на еден играч во еден натпревар, или да би се означиле три последователни победи на еден клуб. Првично се состоел од само три погодоци на еден играч во едно полувреме.
Изразот највероватно води потекло од крикетот, каде играчот кој со три последователни топки ќе исфрли три противнички батерса добива поклон шешир (англ. hat).
Овој израз се користи и во автомобилизмот кога еден возач ќе освои три последователни трки или три Големи награди на една трка.