Ендру Талански
Ендру Талански (германски: Andrew Talansky; р. 23 ноември 1988) — американски професионален триатлонец и поранешен професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2011-2017.[1][2] Роден на Менхетн во Њујорк,[3] Талански пораснал на Флорида. Денес живее во Жирона, Шпанија и во Напа.[2]
Талански на Тур де Романди 2011. | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Ендру Талански | ||
Прекар | Пит Бул | ||
Роден | 23 ноември 1988 Њујорк, Њујорк, САД | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 63 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2005–2006 2007–2008 2010 | Ласер-ес Herbalife–bikeam.com Гармин-Транзишанс (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2009 2010 2011–2017 | Аморе & Вита-Мекдоналдс Џајант Бери Фарм-Спешалајзд Гармин-Сервело | ||
Значајни победи | |||
|
Животопис
уредиТалански настапувал во крос-кантри трчање во средното училиште во Флорида пред да започне со велосипедизам на 17 години. По успехот на локалните аматерски трки, се преселил на колеџот Лис-Мекри во Северна Каролина, победувајќи на националното колеџ првенство во неговата прва година. Го напуштил колеџот една година подоцна за да ѝ се приклучи на екипата Аморе & Вита во Италија во 2009, но не бил задоволен со условите и се вратил во Америка истата пролет.[4] Возел во САД во 2009 без екипна поддршка. По силниот настап на трката Тур Гила, се приклучил на Гармин во 2010, преселувајќи се во професионалната екипа во 2011, со која успеал да стигне меѓу првите десет на Тур де Романди 2011.
Во 2012, Талански ја остварил неговата прва професионална победа во Европа на Тур де л’Ен и повторно возел на Тур де Романди. Овојпат завршил втор зад Бредли Вигинс, завршувајќи втор зад Вигинс на завршната етапа, поединечен хронометар на растојание од 16,24 километри.[5] Подоцна во сезоната бил именуван за водечки возач на Гармин за Вуелта а Еспања 2012,[6] каде завршил седми во генералниот пласман. Во 2013 бил втор на Париз-Ница, водејќи на трката два дена и бил избран за Тур де Франс по првпат, повторно успевајќи да стигне меѓу првите десет.
Ја освоил етапна трка Критериум ду Дофине 2014, приклучувајќи се на бегството во последната етапа, при што надокнадил 39 секунди задоцнување зад предводникот на трката Алберто Контадор.[7][8] Се повлекол од Тур де Франс 2014 по повеќето падови во еден ден.[9] Се вратил на Тур де Франс во 2015 година, каде завршил на 11. место во генералниот пласман.[10] Следната година повторно настапил на Тур де Романди, но возел како поддршка на Ригоберто Уран и Пјер Ролан.[11] Подоцна во сезоната ги освоил петтите места на Тур де Свис и на Вуелта а Еспања.[12][13]
Во септември 2017 година, Талански го објавил своето повлекување од трки преку објава на Инстаграм.[14] Меѓутоа, следниот месец најавил дека ќе продолжи да настапува во триатлон.[15]
Достигнувања
уреди- 2008
- 1. Национално друмско првенство на колеџи
- 2010
- 1. Национално хронометарско прванство под 23 години
- 1. Етапа 2 Тур де по де Савоја
- 2. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 3. Краен пласман Тур де л’Изар
- 6. Краен пласман Трка Џила
- 10. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
- 2011
- 4. Краен пласман Средоземна трка
- 9. Краен пласман Тур де Романди
- 2012
- 1. Краен пласман Тур де л’Ен
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 7. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 8. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 2013
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 6. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 10. Краен пласман Тур де Франс
- 2014
- 1. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 7. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2015
- 1. Национално хронометарско првенство
- 10. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 2016
- 3. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Етапа 6
- 4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 5. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2017
- 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 5
Распоред на резултатите
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | ||||||||||
Голема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на својата кариера | |||||||||
Тур | — | — | 10 | СО | 11 | — | 49 | |||
Вуелта | 79 | 7 | — | 51 | СО | 5 | — | |||
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | ||||||||||
Етапна трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |||
Париз-Ница | 61 | — | 2 | — | 50 | СО | — | |||
Тирено-Адријатико | — | 120 | — | 17 | — | — | — | |||
Волта а Каталуња | — | — | — | 7 | 31 | — | СО | |||
Трка околу Баскија | 97 | — | 29 | — | 49 | — | СО | |||
Тур де Романди | 9 | 2 | 16 | 11 | — | 105 | — | |||
Критериум ди Дофине | — | — | 28 | 1 | 10 | — | 22 | |||
Тур де Свис | СО | — | — | — | — | 5 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Team Garmin-Sharp-Barracuda Unveils 2013 Roster“. Гармин-Шарп. Slipstream Sports LLC. December 28, 2012. Архивирано од изворникот на January 2, 2013. Посетено на January 6, 2013.
- ↑ 2,0 2,1 „Andrew Talansky at Garmin-Sharp“. Гармин-Шарп. Slipstream Sports LLC. June 16, 2014. Архивирано од изворникот на February 16, 2013. Посетено на June 16, 2014.
- ↑ Hood, Andrew (April 6, 2011). „A conversation with Andrew Talansky: Part I, from Miami to Europe“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Посетено на January 9, 2015.
- ↑ „Top American in Tour de France Is a Rookie: Andrew Talansky, 24, Took a Different Path to the Big Race“. WSJ. Посетено на 16 јуни 2014.
- ↑ „Wiggins crowned in Romandie“. Sky Sports. BSkyB. April 29, 2012. Посетено на March 27, 2022.
- ↑ „Garmin Sees Its Future in Rising American Star Andrew Talansky“. Посетено на 16 јуни 2014.
- ↑ „Chris Froome 12th at Dauphine as Andrew Talansky wins“. BBC. June 15, 2014.
- ↑ „Талански го победи Контадор!“. Телеграф. 15 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-19. Посетено на 17 јуни 2014.
- ↑ „Тур де Фарс: храброста на Талански, славата на Галопен, лутината на Саган“. Eurosports. Yahoo. 16 јули 2014. Посетено на 11 септември 2014.
- ↑ Malach, Pat (November 6, 2015). „Talansky Q&A: 2015 was the season of almosts“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на March 27, 2022.
- ↑ Rogers, Neal (May 20, 2016). „A conversation with Andrew Talansky: "The journey isn't always what you expect"“. CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Архивирано од изворникот на 2022-11-03. Посетено на March 27, 2022.
- ↑ „Tour de Suisse 2016“. Тур де Свис. Cycling Unlimited. Архивирано од изворникот на 2022-11-03. Посетено на March 27, 2022.
- ↑ „Vuelta: Talansky reaches new heights in Spain“. VeloNews. Competitor Group. September 11, 2016. Посетено на March 27, 2022.
- ↑ „Talansky announces his retirement“. cyclingnews.com. 5 септември 2017. Посетено на 7 септември 2017.
- ↑ „Talansky taking up triathlon“. cyclingnews.com. 5 октомври 2017. Посетено на 6 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди„Ендру Талански“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Ендру Талански“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Ендру Талански“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Ендру Талански“. ProCycling.
- Ендру Талански на Твитер
- Профил наCycling Base Архивирано на 1 јануари 2014 г.