Џиро д’Италија 2021

104. издание на велосипедската трка

Џиро д’Италија 2021 (позната и како Трка околу Италија 2021) — 104. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 8 и 30 мај 2021 година. На 26 мај 2019 година, организаторите на трката RCS Sport првично објавиле дека почетокот на Џиро 2021 ќе биде на Сицилија, Италија.[1][2][3] Меѓутоа, на 4 февруари 2021 година, RCS Sport објавиле дека трката наместо тоа ќе започне во Торино, додека остатокот на трката била објавена на 24 февруари 2021.[4][5]

Џиро д’Италија 2021
Детали за трката
Издание104. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2021 2.UWT
Етапи21
Датуми8 – 30 мај
Растојание3.410,9 км
ДржавиITA Италија
SLO Словенија
SUI Швајцарија
ПоаѓалиштеТорино
ОдредиштеМилано
Екипи23
Возачи на почеток184
Возачи на крај143
Просечна брзина39,527 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникCOL Еган Бернал (Инеос Гренадиерс)
ВторопласиранITA Дамијано Карузо (Бахреин Викториус)
ТретопласиранGBR Сајмон Јејтс (Тим Џејко АИУла)
БодовенSVK Петер Саган (Бора-Хансгрое)
ПланинскиFRA Жофри Бушар (АГ2Р Ситроен Тим)
СпринтерскиBEL Дрис де Бонт (Алпесин-Декојнинк)
МладинскиCOL Еган Бернал (Инеос Гренадиерс)
БорбеностBEL Дрис де Бонт (Алпесин-Декојнинк)
BreakawaySUI Симон Пело (Андрони Џокатоли-Сидермек)
ЕкипенGBR Инеос Гренадиерс
◀20202022▶
Документација

Трката била освоена од Еган Бернал од Инеос Гренадиерс, кој го освоил првото Џиро и негова втора победа на голема трка. Станал втор Колумбиец кој освоил Џиро откако Наиро Кинтана го направил истото во 2014 година. Првпат ја презел розовата маичка кога ја освоил завршницата на чакал на Кампо Феличе на деветтата етапа. Продолжил да го зголемува своето водство во втората седмица, кулминирајќи со победа на скратената кралска етапа до Кортина д’Ампецо. И покрај потешкотиите во последната седмица, тој имал доволна предност за да ја потврди победата во Милано. Победил со разлика 1' 29" пред Дамијано Карузо од Тим Бахреин Викториус. Кога настапил на трката, Карузо првично требало да биде помошник на неговиот првобитен предводник на екипата, Микел Ланда. Откако Ланда паднал на петтата етапа, Карузо ја презел честа да биде предводник на екипата. Карузо продолжил да има високи пласмани на планинските етапи пред да ја освои последната планинска етапа до Алпе Мота. Последното место на подиумот го заокружил Сајмон Јејтс од Тим БајкЕксчејнџ, 4' 15" пред Бернал. Откако постојано губел време во првите две седмици, Јејтс имал добра форма во третата седмица, што довело да освои етапа на завршницата до Алпе ди Мера.

Во другите пласмани на трката, Петер Саган од Бора-Хансгрое го освоил бодовниот пласман. Првпат ја облекол маичката по победата во спринтот на десеттата етапа. Жофри Бушар од АГ2Р Ситроен Тим го освоил планинскиот пласман, откако освоил максимални бодови на првите искачувања на етапите. Како последица на освојувањето на розовата маичка, Бернал исто така го освоил и пласманот за млад возач, како најдобро пласиран возач под 25 години. Дрис де Бонт од Алпесин-Феникс ги освоил пласманот за среден спринт и борбениот пласман, додека Симон Пело од Андрони Џокатоли-Сидермек го освоил пласманот за бегства како возач кој имал најмногу поминати километри во бегство. Во екипниот пласман, Инеос Гренадиерс го освоиле пласманот Брза Екипа откако нивните тројца возачи имале најмало вкупно време, додека Тим Бахреин Викториус го освоиле пласманот „добра игра“ како една од трите екипи кои немале казни на целата трка. Тие го освоиле пласманот, бидејќи Карузо го имал второто место во генералниот пласман.

Екипи

уреди

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[6] Дополнително, четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 23 екипи. Алпесин-Феникс, најдобрата континентална екипа во 2020 година, добила автоматска покана, додека останатите три екипи биле одбрани од RCS Sport, организаторот на Џиро. Бардијани-ЦСФ-Фаизане и Вини Забу ја продолжиле својата низа на специјални покани на трката, додека Еоло-Комета го имале својот прв настап на некоја голема трка.[7] Екипите биле објавени на 10 февруари 2021 година.[8][9]

На 15 април 2021 година, по позитивни допинг-тестови за Матео Спреафичо и Матео де Бонис, Вини Забу го повлекла своето учество од трката.[10] Поради тоа, вообичаената поканета екипа Андрони Џокатоли-Сидермек, која учествувала на последните три изданија на Џиро, но ја пропуштила поканата, биле повикани во последен момент.[7][11]

Екипи од Светската турнеја на UCI (19)ProTeams (4)

Фаворити пред трката

уреди

Фаворити пред трката била првакот на Тур де Франс 2019, Еган Бернал (Инеос Гренадиерс), и Сајмон Јејтс (Тим БајкЕксчејнџ), кој ја освоил подготвителната трка, Трка на Алпите. Нивен главен предизвикувач би бил Ремко Евенепул (Декојнинк-Квик Степ), и покрај тоа што не се тркал по падот на Џиро ди Ломбардија 2020. Други главни кандидати биле Хју Карти (ЕФ Едукејшн-Нипо), по неговото трето место на Вуелта а Еспања 2020, Микел Ланда кој завршил на подиум (Тим Бахреин Викториус), Емануел Бухман (Бора-Хансгрое), Александар Власов (Астана-Премиер Тек), Павел Сиваков (Инеос Гренадиерс) и двајца носители на розовата маичка од изданието во 2020 година - Жоао Алмеида (Декојнинк-Квик Степ) и Џеј Хиндли (Тим ДСМ), второпласиран во 2020 година. Повеќекратниот освојувач на големи трки Винченцо Нибали исто така ја започнал трката, но бидејќи неодамна се опоравил од повреда, не бил споменат помеѓу фаворитите.[12]

Возачи за кои се верувало дека имаат можност за победи на спринтерските етапи биле Кејлеб Јуан (Лото-Судал), Петер Саган (Бора-Хансгрое), Дилан Груневеген (Џамбо-Висма), Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати), Елија Вивијани (Кофидис), Џакомо Ницоло (Тим Кубека Асос) и Тим Мерлиер (Алпесин-Феникс).[13]

Рута и етапи

уреди
Групата на 13. етапа
Групата на 15. етапа

Целосната рута составена од 21 етапа на растојание од 3.479,9 километри и искачување од над 47.000 метри, била објавена од RCS Sport на 24 февруари 2021 година. На трката биле предвидени два поединечни хронометри во Торино и Милано, соодветно. Имало шест завршници на врвови, од кој првиот бил на шестата етапа до Асколи Пичено. Завршниците на врвови го вклучувале и озлогласениот Монте Ѕонколан на етапата 14 и три на последните пет етапи. Имало исто така шест етапи означени за спринтерите и два дена за одмор, по десеттата и шеснаесеттата етапа.[5][14]

Иако етапата 16 до Кортина д’Ампецо не завршувала на врв, првично била означена како кралска етапа од организаторите на трката, бидејќи возачите ќе искачеле над 5.700 метри, додека на превојот Пордои требало да се додели наградата Чима Копи на првиот возач кој ќе го премине највисокото искачување на трката.[14] Меѓутоа, поради лошите временски услови, етапата била изменета и биле отстранети Пордои и Федаја, значително скратувајќи ја и оставајќи го превојот Џау како единствено искачување на Доломитите.[15] Со отстранувањето на превојот Пордои, на превојот Џау се доделила наградата Чима Копи на трката.[15]

Етапата 19 била исто така изменета три дена пред да се одржи. На првобитната рута возачите требало да го искачат Мотароне и да се спуштат во Гињезе, меѓутоа по несреќата на жичницата Стреза-Мотароне, рутата била изменета во чест на настраданите.[16] Етапата била скратена за 10 километри.[16]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)Искачени метриПобедникCевкупен лидер
1  8 мајТориноТорино
 
индивидуален хронометар
8,650 m  Филипо Гана    Филипо Гана  
2  9 мајСтупиниџи – Новара
 
рамна етапа
179600 m  Тим Мерлир    Филипо Гана  
3  10 мајБјела – Канале
 
ридеста етапа
1902100 m  Тако ван дер Хорн    Филипо Гана  
4  11 мајПјаченца – Сестола
 
среднопланинска етапа
1871800 m  Џо Домбровски    Алесандро Де Марки  
5  12 мајМодена – Католика
 
рамна етапа
177200 m  Кејлеб Јуан    Алесандро Де Марки  
6  13 мајПештери Фразаси – Сан Џакомо
 
среднопланинска етапа
1603400 m  Џино Медер    Атила Валтер  
7  14 мајНотареско – Термоли
 
рамна етапа
1811500 m  Кејлеб Јуан    Атила Валтер  
8  15 мајФоџаГвардија Санфрамонди
 
среднопланинска етапа
1703400 m  Виктор Лафе    Атила Валтер  
9  16 мајКастел ди Сангро – Кампо Феличе
 
планинска етапа
1583400 m  Еган Бернал    Еган Бернал  
10  17 мајЛ’АквилаФолињо
 
рамна етапа
1391300 m  Петер Саган    Еган Бернал  
11  19 мајПеруџа – Монталчино
 
ридеста етапа
1622300 m  Мауро Шмид    Еган Бернал  
12  20 мајСиена – Бањо ди Ромања
 
среднопланинска етапа
2123700 m  Андреа Вендраме    Еган Бернал  
13  21 мајРавенаВерона
 
рамна етапа
198200 m  Џакомо Ницоло    Еган Бернал  
14  22 мајЧитадела – Монте Цонколан
 
планинска етапа
2053700 m  Лоренцо Фортунато    Еган Бернал  
15  23 мајГрадо – Горица
 
ридеста етапа
1471800 m  Виктор Кампенертс    Еган Бернал  
16  24 мајСачиле – Кортина д'Ампецо
 
планинска етапа
1533600 m  Еган Бернал    Еган Бернал  
17  26 мајКанацеи – Сега ди Ала
 
планинска етапа
1933400 m  Даниел Мартин    Еган Бернал  
18  27 мајРоверето – Страдела
 
рамна етапа
231600 m  Алберто Бетиол    Еган Бернал  
19  28 мајАбијатеграсо – Алпе ди Мера
 
планинска етапа
1662800 m  Сајмон Јејтс    Еган Бернал  
20  29 мајВербанија – Алпе Мота
 
планинска етапа
1644200 m  Дамијано Карузо    Еган Бернал  
21  30 мајСенаго – Милано
 
индивидуален хронометар
30,3100 m  Филипо Гана    Еган Бернал  

Поредок

уреди
Поредок по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност Пласман за бегство Пласман „добра игра“
1 Филипо Гана Филипо Гана Филипо Гана недоделена Филипо Гана Џамбо-Висма недоделена Филипо Гана недоделена Инеос Гренадиерс
2 Тим Мерлиер Тим Мерлиер Винченцо Албанезе Филипо Гана Филипо Талјани
3 Тако ван дер Хорн Симон Пело Винченцо Албанезе
4 Џо Домбровски Алесандро Де Марки Џо Домбровски Атила Валтер Тим Бахреин Викториус Алесандро Де Марки Израел старт-ап нејшн
5 Кејлеб Јуан Џакомо Ницоло Филипо Талјани Симон Пело
6 Џино Медер Атила Валтер Џино Медер Џино Медер Групама-ФДЖ
7 Кејлеб Јуан Кејлеб Јуан Симон Пело Симон Пело Симон Пело
8 Виктор Лафеј Тим Мерлиер Инеос Гренадиерс
9 Еган Бернал Еган Бернал Жофри Бушар Еган Бернал Трек-Сегафредо
10 Петер Саган Петер Саган
11 Мауро Шмид Тим Бахреин Викториус
12 Андреа Вендраме Дрис де Бонт
13 Џакомо Ницоло Умберто Маренго Симон Пело
14 Лоренцо Фортунато
15 Виктор Кампенертс Трек-Сегафредо Дрис де Бонт
16 Еган Бернал
17 Даниел Мартин Инеос Гренадиерс Дрис де Бонт
18 Алберто Бетиол Тим ДСМ
19 Сајмон Јејтс Инеос Гренадиерс
20 Дамијано Карузо
21 Филипо Гана
На крај Еган Бернал Петер Саган Жофри Бушар Еган Бернал Инеос Гренадиерс Дрис де Бонт Дрис де Бонт Симон Пело Тим Бахреин Викториус
  • На втората етапа, Едоардо Афини, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел циклама маичката, бидејќи првопласираниот Филипо Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Бидејќи Гана и Афини биле исто така првите двајца возачи во пласманот за млад возач, Тобијас Фос, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка.
  • На третата етапа, Едоардо Афини, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Фили Гана ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Тобијас Фос ја носел белата маичка на четвртата етапа.
  • На шестата етапа, Винченцо Албанезе, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка, бидејќи првопласираниот Џо Домбровски не ја започнал етапата по пад и подоцнежна повреда на петтата етапа.
  • На етапите 7–9, Ремко Евенепул, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Атила Валтер ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 10 и 11, Евенепул продолжил да ја носи белата маичка, но тогаш Еган Бернал бил предводник на генералниот пласман. Од истата причина, Александар Власов ја носел белата маичка на етапите 12–21.

Пласмани

уреди
Легенда
  Го означува предводникот на генералниот пласман   Го означува предводникот на планинскиот пласман
  Го означува предводникот на бодовниот пласман   Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман

уреди
 Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1.   Еган Бернал   Инеос Гренадиерс86ч 17' 28
2.   Дамијано Карузо Бахреин Викториус+ 1' 29
3.   Сајмон Јејтс Тим Џејко АИУла+ 4' 15
4.   Александар Власов Астана Казахстан Тим+ 6' 40
5.   Даниел Мартинес Инеос Гренадиерс+ 7' 24
6.   Жоао Педро Алмеида Судал Квик-Степ+ 7' 24
7.   Ромен Барде Тим ДСМ+ 8' 05
8.   Хју Карти ЕФ Едукејшн-ИзиПост+ 8' 56
9.   Тобијас Фос Џамбо-Висма+ 11' 44
10.   Даниел Мартин Израел старт-ап нејшн+ 18' 35
11.   Џорџ Бенет Џамбо-Висма+ 25' 35
12.   Кун Бауман Џамбо-Висма+ 30' 56
13.   Пељо Билбао Бахреин Викториус+ 37' 58
14.   Атила Валтер Групама-ФДЖ+ 45' 30
15.   Давиде Формоло ОАЕ Емирати+ 47' 21
16.   Лоренцо Фортунато Еоло-Комета+ 47' 31
17.   Диего Улиси ОАЕ Емирати+ 56' 31
18.   Винченцо Нибали Трек-Сегафредо+ 1ч 03' 59
19.   Горка Исагире Астана Казахстан Тим+ 1ч 04' 12
20.   Луј Вервеке Алпесин-Декојнинк+ 1ч 05' 09
Извор: ProCyclingStats


Екипен пласман

уреди
Завршен екипен пласман (1–10)[17][18]
Место Екипа Време
1 Инеос Гренадиерс 259ч 30' 31"
2 Џамбо-Висма + 26' 52"
3 Тим ДСМ + 29' 09"
4 Астана-Премиер Тек + 33' 05"
5 Тим БајкЕксчејнџ + 1h 15' 12"
6 Трек-Сегафредо + 1h 27' 09"
7 Мовистар Тим + 1h 28' 18"
8 Декојнинк-Квик Степ + 1h 37' 51"
9 Тим Бахреин Викториус + 1h 51' 05"
10 ОАЕ Тим Емирати + 1h 54' 04"

Пласман „добра игра“

уреди
Завршен пласман „добра игра“ (1–10)[17]
Место Екипа Бодови
1 Тим Бахреин Викториус 0
2 Џамбо-Висма 0
3 Израел старт-ап нејшн 0
4 Инеос Гренадиерс 20
5 Тим Кубека Асос 20
6 Лото-Судал 20
7 ЕФ Едукејшн-Нипо 30
8 Декојнинк-Квик Степ 50
9 Тим ДСМ 50
10 Групама-ФДЖ 50

Наводи

уреди
  1. „Giro d'Italia to start from Sicily in 2021“. SBS. 27 March 2019. Посетено на 17 May 2019.
  2. „Giro d'Italia to start from Sicily in 2021“. Eurosport Asia. 26 March 2019. Посетено на 17 May 2019.
  3. „Sicily confirmed as host of Giro d'Italia 2021 start“. CyclingNews. Посетено на 17 May 2019.
  4. Farrand, Stephen (4 February 2021). „2021 Giro d'Italia to start in Turin“. CyclingNews. Посетено на 24 February 2021.
  5. 5,0 5,1 Farrand, Stephen (24 February 2021). „Giro d'Italia 2021 route revealed“. CyclingNews. Посетено на 24 February 2021.
  6. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  7. 7,0 7,1 Ryan, Barry (11 February 2021). „Savio decries 'sporting infamy' as Androni-Sidermec miss out on Giro d'Italia wildcard“. CyclingNews. Посетено на 24 February 2021.
  8. „The Teams“. Џиро д’Италија. RCS Sport. Посетено на 24 February 2021.
  9. Ostanek, Daniel (10 February 2021). „Eolo-Kometa lead 2021 Giro d'Italia wildcards“. CyclingNews. Посетено на 24 February 2021.
  10. Giuliani, Simone; Ostanek, Daniel (15 April 2021). „Vini Zabù withdraws from the Giro d'Italia after Matteo De Bonis EPO positive“. CyclingNews. Посетено на 15 April 2021.
  11. Farrand, Stephen (15 April 2021). „Vini Zabù withdraws from the Giro d'Italia after Matteo De Bonis EPO positive“. CyclingNews. Посетено на 15 April 2021.
  12. Cash, Dane (7 May 2021). „Preview: Your guide to the 2021 Giro d'Italia contenders, sprinters and more“. Cyclingtips. Посетено на 8 May 2021.
  13. Benson, Daniel (30 April 2021). „Giro d'Italia 2021: The Essential race preview“. Cyclingnews. Посетено на 8 May 2021.
  14. 14,0 14,1 „The route of the 104th Giro d'Italia is officially unveiled“. Џиро д’Италија. RCS Sport. 24 February 2021. Посетено на 24 February 2021.
  15. 15,0 15,1 „Giro d'Italia queen stage cut back due to weather and safety concerns“. www.cyclingnews.com. CyclingNews. 24 May 2021. Посетено на 24 May 2021.
  16. 16,0 16,1 „Modifica Percorso Tappa 19“. www.giroditalia.it (италијански). Giro d'Italia. 25 May 2021. Посетено на 25 May 2021.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 17,6 17,7 „Rankings in the Giro d'Italia 2021“. Џиро д’Италија. RCS Sport. Посетено на 30 May 2021.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 „Giro d'Italia - 21 - Senago - Milano TISSOT ITT“. Џиро д’Италија. Tissot Timing. 30 May 2021. Посетено на 30 May 2021.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди