Втора година по ред и третпат во кариерата, трката била освоена од возачот на Мовистар Тим, Алехандро Валверде.[3] Валверде ги освоил втората и четвртата етапа на трката, преземајќи го водството на трката - и планинскиот пласман исто така - по победата на втората етапа. Завршил 29 секунди пред најблискиот соперник,[4] колегата Наиро Кинтана, откако сонародникот на Кинтана, Еган Бернал (Тим Скај) отпаднал од трката на завршниот ден. Подиумот бил заокружен од возачот на АГ2Р-Ла Мондијал, Пјер Латур, кој доцнел уште 18 секунди зад Валверде; повлекувањето на Бернал исто така му овозможило на Латур да го освои пласманот за млад возач.[4] Спринтерскиот пласман бил освоен од Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА),[4] додека Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, откако имале и трет возач, Марк Солер, меѓу најдобрите пет.[4]
Бидејќи Волта а Каталуња е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што се заокружила групата од 25 екипи.[6][7] Две од професионалните континентални екипи, Бургос БХ и Еускади Баск Кантри-Муријас, го имале својот прв настап на трка од Светската турнеја.
Целата рута на Волта а Каталуња била објавена на 12 март 2018 година.[8]
Третата етапа, првично предвидена да биде во должина од 199,2 километри, била скратена поради лошите временски услови.[9] Поради тоа, етапата била скратена на 153,2 километри.
На Волта а Каталуња 2018 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временските бонуси на средните спринтови (3, 2 и 1 секунда) и на крајот на етапите (10, 6 и 4 секунди, соодветно за првите тројца велосипедисти), предводникот ја добил бело-зелената маичка.[10] Овој пласман се сметал за најважен на Волта а Каталуња 2018 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.
Бодови за планинскиот пласман
Место
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
Бодови за специјална
30
25
20
16
12
10
8
6
4
3
2
1
Бодови за категорија 1
16
12
10
8
6
4
3
2
1
0
Бодови за категорија 2
10
7
5
3
2
1
0
Бодови за категорија 3
6
4
2
1
0
Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со портокаловата маичка.[10] Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нуделе и бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала бело-црвена маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови имало на повисоките категоризирани искачувања.[10] Двојно повеќе бодови било предвидено да се доделат на врвовите Валтер 2000-Сеткасес (специјална категорија) и Ла Молина (прва категорија),[10] меѓутоа Валтер 2000-Сеткасес било отстрането поради лошо време.[9]
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележана со бело-сина маичка.[10] Само возачите родени по 1 јануари 1993 година смееле да се натпреваруваат во овој пласман; најдобриот млад возач во генералниот пласман бил предводник на пласманот за млад возач.[10] Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа се додавале заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.[10]