Нем филм претставува филмска снимка која не содржи звучен запис. Јавното изведување на овие филмови е речиси секогаш проследено со музика. Немиот филм е настанат кон крајот на XIX век во Западна Европа и САД.

Валентино во Четирите коњаници на апокалипсата

Технологијата на снимање и репродукција на звукот настанала пред настанокот на првиот нем филм, но сè до 1920 година не постоеле погодни методи на синхронизација на визуелните и аудитивните записи на филмската трака.

Затоа, заедно со некои експериментални исклучоци, сите дотогаш снимени филмови биле неми. Овој период е познат како ера на немиот филм, која завршува во 1927 година, кога е направен и прикажан првиот комерцијално дистрибуиран звучен филм, Џез пејачот.