Божиќна поплава
Божиќна поплава од 1717 г. (холандски: Kerstvloed 1717; германски: Weihnachtsflut 1717) — природна катастрофа предизвикана од силна бура од северозападен правец што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ (25 декември) во 1717 г. Во несреќата се удавиле вкупно 14.000 лица. Ова е последната крупна поплава во северна Холандија. Водата надошла и во градовите Гронинген, Зволе, Докум, Амстердам и Харлем. Многу крајбрежни села биле наполно уништени, особено западно од Влиланд и селата зад морските насипи во покраината Гронинген.[1][2][3]
Како последица на катастрофата, месното население било принудено да се справува со големите човечки загуби, големи штети во стопанството и сиромаштија. Погодени биле сите места долж на крајбрежјето од Холандија до Данска, без исклучок. Бурата насекаде ги одронила насипите, а со тоа надошле големи поплави од морето. Помеѓу Тенер во покраината Шлезвиг и Емден (Источна Фризија) се удавиле 9.000 лица. Во Холандија имало 2.500 жртви. Најпогодена била грофовијата Олденбург, околу Јевер, Кединген и Источна Фризија. Бутјадинген претрпел загуба на 30% од населението. Секаде настрадал и голем дел од добитокот. Во Источна Фризија водата однела 900 куќи. Штетата врз насипите и засуните била огромна. Преживеаните долго време не знаеле што им се случило на исчезнатите од семејството. На пример, од 284 исчезнати лица во Вердум (Источна Фризија), до февруари 1718 биле пронајдени само 32. Состојбата дополнително се влошила кога два дена по бурата се појавил дебел мраз и снег, а на 25 или 26 февруари се случила уште една ваква бура.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-10-18. Посетено на 2010-12-22.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на 2009-10-26.
- ↑ http://books.google.com/books?id=y-skAAAAYAAJ&pg=PA244&dq=christmas+flood+1717
Надворешни врски
уреди- Божиќна поплава на Ризницата ?
- Божиќната поплава од 1717 г. (германски)