Јован Бошковски (Скопје, 25 декември 1920 - Ерџелија, 10 ноември 1968) — македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист.[1]

Јован Бошковски
Роден/а25 декември 1920
Македонија Скопје, Македонија
Починат/а10 ноември 1968
Македонија Ерџелија, Македонија
ЗанимањеПисател

Животопис

уреди

Бошковски е роден во Скопје, во печалбарско семејство. Уште како дете бил принуден да работи, школувајќи се во вечерните училишта. Бил член на Сојузот на комунистите на Македонија од 1945 година. Работел како уредник во „Нова Македонија“, во списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“ и во издавачката куќа „Македонска книга“, а кратко време работел и во Радио Скопје и во Македонскиот народен театар.[2][3]

Творештво

уреди

Неговата збирка „Растрел“ (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: „Бегалци“ (раскази, 1949), „Блокада“, „Луѓе и птици“ (раскази, 1955) и „Солунските атентатори“ (роман, 1962). Темите за своите раскази најчесто ги црпи од поновото македонско минато и од современиот живот, залагајќи се за психолошки третман на ликовите.[4] Некои од неговите дела се преведени на повеќе јазици, како: словенечки, српскохрватски, албански, унгарски, полски, украински, руски и горнолужички.

Пишувал и сценарија за играни и за документарни филмови. Неговото прво филмско сценарио е за документарниот филм „Жито за народот“ (1947). Автор е на сценаријата за филмовите „Солунските атентатори“ и „Под исто небо“, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите „Мементо“ и „Републиката во пламен“.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 44.
  2. „Современост“, ноември-декември 1968, 877 стр.
  3. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 51.
  4. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 51.