Чарли Чаплин
Сер Чарлс Спенсер Чаплин, познат како Чарли Чаплин, (16 април 1889 - 25 декември 1977) бил истакнат англиски комичар, режисер и композитор во добата на немиот филм. Пред крајот на Првата светска војна бил еден од најпознатите филмски ѕвезди кој користел мимика, фарса и други техники на визуелна комедија кои котирале високо и во времето на тонфилмовите, но при крајот на 1920 бројот на неговите филмови значително се намалил. Негова најпозната улога е таа на „Скитникот“ (The Tramp)”, која најпрво ја играл во комедијата “Детски трки во Венеција (англиски: “Kid Auto Races At Venice”), снимена во студиото Кејстон (Калифорнија) во 1914 година. По снимањето на “Дваесет минути љубов” (англиски: Twenty minutes of Love), во април 1914, Чаплин ги напишал и режирал повеќето свои филмови, од 1916 ги продуцирал, а од 1918 и компонирал музика за нив. Toј во далечната 1919 година, во соработка со Мери Пикфорд, Даглас Фербенкс и Д.В. Грифит го основале филмското студиоЈунајтед Артистс.
Сер Чарли Чаплин | |
---|---|
Рекламен портрет, ок. 1920 | |
Роден(а) | Чарлс Спенсер Чаплин 16 април 1889 Англија |
Починал(а) | 25 декември 1977 Корзие сир Веве, Во, Швајцарија | (возр. 88)
Занимање |
|
Активен период | 1899–1976 |
Сопружник |
|
Деца | 11 |
Роднини | Види Семејството на Чаплин |
Потпис | |
Страница charliechaplin.com |
Чаплин е еден од најкреативните и влијателни ликови од ерата на немиот филм. Силното влијание на неговиот претходник, францускиот комичар Макс Линдер, кому му посветил и еден свој филм е видливо во неговата работа. Неговата кариера која започнала на сцената на Мјузик Хол, Велика Британија, била прекината поради неговата смрт на 88 годишна возраст, после 75 години поминати на сцена. Контраверзноста била секогаш присутна како и во неговиот јавен така и во неговиот приватен живот. Во времето на Мек Картни, при крајот на 1950 година поради неговите “левичарски” политички аспирации, Чаплин бил принуден да се пресели во Европа.
Во 1999 година, Американскиот филмски институт, го назначил Чаплин како десетта најголема машка филмска легенда на сите времиња. Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин “единствениот гениј на филмската индустрија”
Животопис
уредиДетството во Лондон (1889-1909)
уредиЧарлс Спенсер Чаплин е роден на 16 април 1889, наводно на Ист Стрит, Волворт, Лондон, Англија.[1] [б 1] Неговите родители, од кои и научил да пее, биле забавувачи во Мјузик хол. Татко му, Чарлс Спенсер Чаплин, бил вокален солист и актер, додека мајка му, Хана Чаплин, била пејачка и глумица која настапувала под псевдонимот Лили Харли.[1] Прабаба му по татко, била припадник на ромското стебло Смитс, нешто на кое тој бил многу горд, иако подоцна во својата автобиографија го опишал со зборовите “скелетот во нашиот семеен плакар”. Родителите на Чаплин, иако никогаш не се развеле, сепак престанале да живеат заедно до 1891, пред Чарли да наполни 3 години.[1]
"Не бев ни свесен за кризата бидејќи ние живеевме во постојана криза, и како дете ги отфрлав нашите тешкотии со милостива заблуда." [2]
Пописот од 1891 година покажал дека Чарли живеел со мајка му и постариот полубрат Сидни на ул. Барлоу, Волворт. Како дете, Чаплин и мајка му смениле неколку адреси, главно во лондонскиото округ Кенингтон. Хана немала доволно приходи, освен повремената работа како негувателка и шивачка, а таткото на Чаплин не обезбедувал финансиска поддршка. Кога се влошила ситуацијата, Чаплин бил испратен во Ламбот Воркхаус, на седум годишна возраст. Таткото, Чарлс Чаплин постариот, бил алкохоличар и речиси не одржувал никаков контакт со својот син, иако Чарли и неговиот полубрат кратак период живееле со него и со неговата љубовница Луиза, на Кенингстон Роуд, бр.287. Тоа било во периодот кога нивната мајка со нарушено ментално здравје, како резултат на психоза и сифилис, два месеца престојувала во душевната болница Кејн Хил во Кулздон.[3] Чарли имал 12 години кога татко му на 38 годишна возраст умрел од цироза, во 1901.[1] Неговата мајка, со постојано нарушено здравје неколкупати била згрижувана во болница. Од 1905, здравјето трајно ѝ било нарушено а починала во 1928.[1]
Првите чекори како млад изведувач
уредиСпоред податоците од пописот во 1901 година, Чарли живеел на Ферндал Роуд, Ламбет, како дел од танчерската група “Осумте момчиња од Ленкашир” ( англиски: The Eight Lancashire Lads), предводена од Вилијам Џексон со кои стапил во контакт преку врските кои ги имал татко му.[4] Како член на музичката трупа, тој настапувал во англиските музички сали во текот на 1899 и 1900 година.[б 2] Чаплин работел напорно, а глумата била популарна кај публиката, но тој не бил задоволен со танцот и сакал да настапува во комедии.[5]
На 13 годишна возраст Чарли го напуштил училиштето.[6] Работел секакви ситни работи но сонувал да стане глумец.[5] На 14 годишна возраст, се пријавил во театарска агенција во лондонскиот Вест Енд. Менаџерот го почувствувал потенцијалот во Чаплин, кој веднаш ја добил својата прва улога како разнесувач на весници во претставата Џим на Хари Артур Сентсбери.[1] Премиерата била во јули 1903 но претставата не доживеала успех. Сепак, комичната изведба на Чарли била забележана од публиката и пофалена во неколку критики.[6]
Во 1903, Чарли ја добил улогата на Били, во претставата за Шерлок Холмс. Неговата изведба била одлично прифатена од публиката по што тој бил повикан во Лондон да ја игра заедно со Вилијам Џилет.[б 3]
Пробивањето во САД (1910-1913)
уредиЧаплин за првпат бил на турнеја во Америка со ансамблот Фред Карно во периодот од 1910-1912 година. По петмесечниот престој во Англија, тој на 2 октомври 1912 година повторно се вратил на втора турнеја низ САД. Во истиот ансамбл членувал и Артур Стенли Џеферсон, подоцна попознат како Стен Лорел.[1] Подоцна Лорел се вратил во Англија, додека Чаплин останал во САД.
При крајот на 1913 година, шоуто на Чаплин и ансамблот бил забележан од страна на Мек Сенет од студиото Кистон.[1] Сенет го вработил Чаплин на местото на Фред Мејс, кој имал намера да го напушти студиото.[1] Тој во септември 2013 потпишал договор со компанијата во износ од 150 долари неделно (3,714 во долари од 2017)[7]
Во декември 2013, Чаплин пристигнал во Лос Анџелес.[1] Во прво време имал потешкотии да се навикне на филмската глума а Сенет се плашел дека 24 годишниот Чаплин изгледа премлад за улогата.[5] Неговата прва улога била во филмот Заработка за живот (англиски: “Making a Living”), улога која на Чаплин не му се допаднала но за која добил пофалба од критиката. За својот втор настап пред камерата, Чаплин го избрал костумот по кој станал препознатлив. Тој го опишал процесот во неговата автобиографија:
Сакав сè да биде контрадикторно: широки панталони, тесно палто, мал шешир и големи чевли ... Додадов мал мустаќ, кој сметав дека ќе ме направи постар без да го крие мојот израз. Немав идеја за ликот. Но во моментот кога ќе се облечев, облеката и шминката ме тераа да ја почувствувам личноста. Почнав да го познавам, и кога излегов на сцена, тој беше целосно оформен.[5][б 4]
Скитникот (1914-1915)
уредиСкитникот е бездомник со префинети манири, со облека и достоинство на благородник. Арбакл му ги дал шапката на неговиот тест и пантолоните, Честер Конклин фракот од мал крој, а Форд Стерлинг огромните чевли кои на Чаплин му биле толку големи што морал да ги носи секоја на погрешната нога, за да може да се движи со нив. Чаплин си ги направил малите мустачиња од крепот на Мек Свејн. Единственото нешто кое му припаѓало на Чаплин бил бастунот.
Почетоци
уредиЛикот на скитникот ја доживеал својата премиера во добата на немите филмови, во вториот филм на Чаплин, комедијата Детска трка со автомобили (англиски: Kid Auto Races at Venice) на 7 февруари 1914 година. Чаплин веќе го имал осмислено костимот за улогата на скитникот, за филмот Чудната, незгодна положба на Мејбел (англиски: Mabel's Strange Predicament) кој беше снимен неколку дена порано, а бил прикажан на 9 февруари 1914 година.[1]
Изгледот
уредиМак Сенет побарал од Чаплин да користи шминка на сцена. Чаплин во неговата автобиографија рекол: „Немав претстава каква шминка би требало да користам. Не ми се допадна како бев облечен во улогата на новинарот. Кога одев накај гардероберот помислив да носам широки пантолони, големи чевли, бастун и полуцилиндарска шапка. Сакав ништо со ништо да не се согласува (...) Бев неодлучен околу тоа дали да изгледам младо или пак старо, но се сетив дека Сенет очекуваше да бидам постар па си ставив мустаќи.... Чаплин го усвоил ликот како свој и се обидел да даде предлози за филмовите во кои се појавувал. Овие идеи биле отфрлени од неговите режисери.[1] За време на снимањето на неговиот 11ти филм, Мејбл на тркалото, тој се скарал со режисерот Мејбел Норманд и за малку ќе му го прекинеле договорот. Сепак, Сенет го задржал, откако добил нарачки за повеќето филмови на Чаплин. Сенет воедно му дозволил на Чаплин самиот да го режира неговиот следен филм откако Чаплин ветил дека ќе плати 1.500 долари (37.141 долари во 2017 долари) доколку филмот биде неуспешен.[1]
Карактер
уредиЧаплин на почетокот ја користел формулата на Мек Сенет која се состоела од преувеличување и исмевање преку движења на телото и лицето. Пантомимата на Чаплин била ненаметлива што претставувала тотална спротивност на вообичаените мешаници и бркотници својствени за студиото Кистон. Визуелните шеги биле во чист кистонски стил иако ликот на Скитникот жестоко напаѓал, фрлајќи дрва и камења по своите непријатели. Чаплин, почнал да го менува својот лик, по некои критики за неговата "груба, дрска и брутална" природа.[8] Ликот потоа станал понежен и романтичен[8]
Популарност
уредиЛикот на скитникот целосно се оформил со филмот Скитник, од 1915. Во текот на 1915 година Чаплин станал културен феномен. Продавниците биле опремени со чаплинска роба, тој се појавувал во карикатури и стрипови, а за него биле напишани и неколку песни.[8] Неговата слава растела низ целиот свет, и тој станал прва меѓународна ѕвезда на филмската индустрија[6]
Чаплин, со улогата на Скитникот брзо станал еден од најпопуларните изведувачи на Кистон, здобивајќи се со голема популарност и кај љубителите на кинематографијата. Скитникот бил познат под името Шарло во Италија, Андора, Португалија, Грција, Романија и Турција и како Карлитос во Бразил и Аргентина, додека во Германија бил нарекуван “Der Vagabund”. Чаплин го играл ликот на Скитникот во десеттина други краткометражни филмови а подоцна и во долгометражните. Скитникот бил светски познат лик кој ја одбележал ерата на немиот филм а самиот Чаплин во времето на тон-филмовите одбивал да го игра ликот во тонска верзија.
Чаплин официјално го повлекол ликот на Скитникот од филмското платно во филмот Модерни времиња, прикажан на 5 февруари 1936 година, кој завршува со сцената каде Скитникот тргнува на пат чиј крај не се гледа на хоризонтот. Филмот е само делумно тонски заради што често се нарекува последниот нем филм. Гласот на Скитникот се слуша само на крајот од филмот во форма на неразбирливо потпевнување на една француско-италијанска песна.
Филмска кариера
уредиЧаплин набргу потоа се зафатил со режирање и монтажа на негови сопствени филмови. Во своите почетоци, снимил и 34 краткометражни филмови за Сенет, меѓу кои и легендарната комедија “Пропаднатата романса на Тили”. Скитникот бил првиот филм пуштен во кинотеките во САД.
Во 1915 година, Чаплин потпишал договор со Студиото Еснеј (1.250 долари неделно и потпишувачки бонус од 10.000 долари)[1], што му овозможил дополнително да еволуира како глумец. Повеќето филмови на Еснеј биле двојно подолги од комедиите на Кистон. Чаплин формирал и своја глумечка екипа со Една Первајенс и антагонистите Лио Вајт и Бад Џејмисон. Со Една Первајенс во тек на 8 години настапиле заедно во 35 филмови а биле и во романтична врска која траела до 1917 година.[1]
Во 1916 година, Чаплин потпишал договор со компанијата “Мјучуал филмс” во износ од 670.000$[9] со што сатанал најплатен глумец на светот. Високиот износ ја шокирал јавноста и бил предмет на печатот.[10] Чаплин имал одврзани раце во целокупната изработка на дванаесетте филма, кои ги направил во период од 11 месеци и кои потоа се вбројуваат како едни од највлијателните во кинематографијата.[11] Меѓу нив се и: Тивка улица, “Еден часот по полноќ”, “Заложницата”, Имигрант и “Авантуристот”. Една Первајенс останала протагонистката на филмската куќа на Чаплин, а подоцна се придружиле и Ерик Кембел, Хенри Баргман и Алберт Остин. Бергман и Остин продолжиле да соработуваат со Чаплин со децении. Чаплин периодот поминат во Мјучуал го сметал за најсреќен во неговата кариера[5] иако во тоа време мислел дека филмовите од неговата режисерска палка стануваат конвенционални, факт што му го припишувал на доста ригорозниот продукциски распоред во тоа време.[12]
Меѓусебните биле трпеливи со намалената стапка нови филмови на Чаплин, а договорот завршил пријателски. Со претходно спомнатата загриженост за намалувањето на квалитетот на неговите филмови поради одредбите на распоредот, главната грижа на Чаплин за изнаоѓање нов дистрибутер била независноста. Сидни Чаплин, тогаш негов бизнис менаџер, се обратил на печатот со следново: "На Чарли [мора] да му биде дозволено целото време што му треба и сите пари за продукција [на филмови] онака како што сака ... Тоа што се бара е квалитет, а не квантитет."[1] Во јуни 1917, Чаплин потпишал за осум филма со Фрст Нејшнал Егзибиторс Сиркуит за 1 милион долари.[1] Одбрал да изгради свое студио, кое се протегало на 5 акри земјиште на Сансет Булевар со квалитетна опрема. Тоа било завршено во 1918, и на Чаплин му била дадена слободата да прави онакви филмови какви што сака.[13]
Кучешки живот, објавен во април 1918 година, бил првиот филм според новиот договор. Во него, Чаплин покажал поголема заложба околу изградбата на приказната и неговиот третман на Скитникот како "тажен кловн".[14] Филмот бил опишан како „прво кинематографско ремек-дело".[15] Следниот долгометражен филм бил за војната, насловен Пушка на рамо. Соработниците го предупредиле да не прави комедија за војната, но, како што подоцна самиот рекол: "Опасно или не, идејата ми беше возбудлива". Четири месеци поминал во снимање на 45-минутен филм, кој излегол во октомври 1918 доживувајќи голем успех.[1]
Јунајтед Артистс (1919-1939)
уредиВо партнерство со Мери Пикфорд, Даглас Фербенкс и Д.В. Грифит, во 1919, Чарли Чаплин го основал филмското студио Јунајтед Артистс во Холивуд.[5] Овој потег ја осигурал иднината на Чаплин како независен филмски режисер. Чаплин останал во оваа продукциска куќа сè до почетокот на 1950 година.
Сите филмови на Чарли снимени за Јунајтед Артистс биле долгометражни, почнувајќи од неговото кратко појавување во необичната драма Жена од Париз (1923). Веднаш потоа следеле класиците Златната треска (1925) и “Циркус” (1928).
Жена од Париз и Златна треска
уредиОткако му завршил договорот со Фирст Нејшинал, Чаплин бил слободен да го направи првиот филм како независен продуцент. Во ноември 1922 година, тој започнал со снимањето на Жена од Париз, романтична драма за љубоморни љубовници.[16] Чаплин имал намера филмот да биде отскочна даска за Една Первајенс,[17] а самиот се појавил во филмот сосема кратко.[18] Премиерата на Жена од Париз била во септември 1923 а филмот бил пофален за неговиот иновативен и суптилен приод.[19] Публиката, сепак, не била многу заинтересирана за филм на Чаплин без Чаплин па заработката на филмот била разочарувачка.[20] Чаплин тешко се помирил со овој неуспех – тој одамна сакал да продуцира драма и бил горд со резултатот – и наскоро го повлекол Жена од Париз од прикажување.[21]
Чаплин ѝ се вратил на комедијата за неговиот следен проект. Поставувајќи високи стандарди, тој самиот рекол: "Следниот филм мора да биде епски! Најголемиот!"[22] Инспириран од фотографијата за златната треска во Клондајк од 1898 година, а подоцна и од приказната за Партијата Донер од 1846-47, тој го остварил она што Џефри Макнаб го нарекува "епска комедија од тешка тема“[23] Во Златната треска, Трамп е осамен проспектор кој се бори против катастрофата и е во потрага по љубов. Со Џорџија Хејл како негова нова водечка глумица, Чаплин започнал со снимањето во февруари 1924 година.[24] Продукцијата чинела скоро 1 милион долари,[25] вклучувајќи локации за снимање во Траки планините со 600 статисти, екстравагантни сетови, и специјални ефекти.[26] Последната сцена била снимена во 1925 по 15 месечна работа на филмот.[27]
Чаплин чувствувал дека Златната треска е најдобриот филм што го снимил.[28] Премиерно се прикажал во август 1925 година и станал еден од филмовите со најголема заработувачка филмови во ерата на немиот филм со заработка од 5 милиони долари.[29] Чаплин изјавил: "Овој е филмот по кој сакам да останам запаметен".[30]
Светлата на велеградот
уреди"Одлучен бев да продолжам да правам неми филмови ... Бев пантомимичар и во тој медиум бев единствен и, без лажна скромност, мајстор."[31]
И покрај влегувањето во модата на тонските филмови, Чаплин продолжил да работи на режирање на немите. Филмовите Циркус (1928), Светлата на велеградот (1931) и Модерни времиња (1936) биле во основа неми филмови, адаптирани со музички и звучни ефекти. Светлата на велеградот бил ценет заради нишката од сентименталност и комичност кои ги поседува филмот.
Кога започнало снимањето на крајот од 1928 година, Чаплин веќе работел на приказната речиси една година.[32] Светлата на велеградот ја следи љубовта на Скитникот за една слепа продавачка на цвеќиња (во улога на Вирџинија Черил) и неговите напори да соберат пари за нејзината операција за зачувување на видот. Продукцијата на филмот траела 21 месец,[33] а Чаплин подоцна признал дека "бил невротичен барајќи некаква совршеност".[34] Една од предностите која Чаплин ја пронашол во технологијата на звукот била можноста да сними музика за филмот, којашто тој самиот ја компонирал.[34][35] Монтажата на филмот Светлата на велеградот завршила во декември 1930, време во кое ерата на немите филмови веќе станала минато.[36] Но и наспроти тоа, филмот на Чаплин бил прифатен од публиката и имал позитивни критики. Еден новинар напишал: "Никој на светот, освен Чарли Чаплин не може да го стори тоа. Тој е единствената личност што го има тоа необично нешто што се нарекува „привлечност на публиката" со доволен квалитет да се спротивстави на популарноста на звучните филмови"[37] Премиерата на филмот била во јануари 1931, а Светлата на велеградот докажал дека е популарен и финансиски успех заработувајќи над 3 милиони долари.[38] Британскиот филмски институт го навел филмот за едно од најдобрите филмски остварувања на Чаплин а критичарот Џејмс Ејџи своевремено напишал во Лајф Магазин дека завршната сцена во „Светлата на велеградот“ е „најдобро одиграната сцена што некогаш била видена на филмското платно“.[39][40]
Модерни времиња
уредиМодерни времиња бил најавен од страна на Чаплин како "сатира на одредени фази од нашиот индустриски живот."[42] За снимање на филмот биле потребни 10 месеци.[43] Чаплин имал намера да воведе звучен дијалог но се предомислил во тек на пробите. Исто како и претходниот филм, во Модерни времиња била употребена технологијата на звукот и звучни ефекти но речиси да нема зборување.[44] Сепак, публиката тука за првпат можела да го чуе гласот на Чаплин (само во бесмислена песничка на крајот на филмот, за која самиот Чаплин го напишал текстот).[45] По снимањето на музиката, премиерата на Модерни времиња се случила во февруари 1936.[46] Филмот имал политички наводи со опис на социјалниот реализам[47] фактор за што пишувале медиумите иако Чаплин настојувал да се занемари како прашање.[48] Со оглед на тоа дека на гледачите не им се допаѓало политизирање, филмот добил мешана критика и заработил помалку од очекуваното.[49] Денес, Модерни времиња од страна на Британскиот филмски институт се смета за еден од "најголемите филмови" на Чаплин
Иако Модерни времиња“ не важи за звучен филм, сепак содржи доза на дијалог особено меѓу предметите како што се на пример радиото и ТВ екранот. Звукот бил додаден со цел да и се приближат до публиката која ја изгубила навиката за гледање неми филмови. По 1927 година, тонските филмови биле најпопуларни, но Чаплин упорно одбивал да ги режира дури и во 1930-тите. Тој киното го сметал повеќе за пантомимска уметност велејќи дека: „Генерално, движењата се поразбирливи од зборовите“.
Големиот диктатор (1940)
уредиВо 1940-тите Чаплин се соочил со серија контроверзии, како во својата работа, така и во неговиот личен живот, кои сериозно ја погодиле неговата популарност во САД. Прва од нив била неговата сè поголема смелост во изразувањето на своите политички убедувања. Длабоко вознемирен од напливот на милитаристички национализам во 1930-тите во светска политика,[50] Чаплин сметал дека не треба тоа да се премолчува во неговите дела.[51] Сите ја забележувале сличноста во изгледот на Адолф Хитлер со онаа на Чаплин: Хитлер ги носел истите мустаќи како оние на Чаплин. Токму ова физичко совпаѓање на Чаплин му ја дала идејата за следниот филм, Големиот диктатор, кој директно го исмејува Хитлер и го напаѓа фашизмот.[52]
Чаплин потрошил две години за да го развие сценариото,[53] и снимањето започнало во септември 1939 – шест дена откако Британија ѝ објавила војна на Британија.[54] Тој прифатил да го користи говорниот дијалог, делумно дека немал друг избор, но делумно и дека истиот бил подобар метод да се достави политичка порака.[55] Правењето комедија за Хитлер било мошне контроверзно, но финансиската независност на Чаплин му овозможила да го прифати таквиот ризик.[56] Подоцна напишал: "Одлучен бев да одам до крај, бидејќи Хитлер мораше да биде исмејан."[57]
Големиот диктатор (1940) бил снимен и пуштен во кинотеките една година пред почетокот на Втората светска војна. Тој бил првиот тонски филм на Чаплин и претставувал сатира за нацизмот. Воедно, тој значел збогување со скитникот кој (во слична костимографија) бил заменет со „еврејскиот бербер“ поради што нацистичката партија верувала дека Чаплин е Евреин.[58] [б 5] Во паралелна изведба Чаплин ја играл и улогата на Аденоид Хинкел,[59] диктаторот на Томанија, скроен по мерка на германскиот диктатор Адолф Хитлер со слични мустачиња. Полет Годар повторно соработувала со Чаплин во улога на жена од гетото. Филмот бил оценет како чин на неверојатна храброст, заради отвореното исмевање на нацизмот и начинот на прикажување на Евреите и нивниот прогон. На крајот на филмот Чаплин ја напуштил својата сатирична улога за да ѝ се обрати директно на публиката, осудувајќи ја диктатурата, алчноста, омразата и нетрпеливоста кои треба да го отстапат местото на слободата и соживотот.
Господинот Верду
уредиВо април 1946, Чаплин почнал да го снима филмот на кој проект работел уште од 1942.[60] Господинот Верду е црна комедија, приказна за француски банкарски службеник, Верду (Чаплин), кој ја губи работата и почнува да се жени за богати вдовици коишто ги убива за да си го прехрани семејството. Инспирацијата за филмот на Чаплин му ја дал Орсон Велс, кој сакал Чаплин да глуми во филм за францускиот сериски убиец Анри Дезире Ландру. Чаплин сметал дека концептот би бил "прекрасна комедија",[61] и му платил 5,000 долари на Велс за да му ја откупи идејата.[62]
Чаплин во филмот Господинот Верду повторно ги искажал своите политички ставови критикувајќи го капитализмот и тврдејќи дека светот ги поттикнува масовните убиства низ војни и оружје за масовно уништување.[63] Поради ова филмот се соочил со контроверзности на премиерното прикажување во април 1947[64] Чаплин бил избркан на премиерата и имало повикувања за бојкот.[65] Господинот Верду бил првиот филм на Чаплин кој забележал комерцијален неуспех добивајќи лоши критики во Соединетите Држави.[66] Филмот имал повеќе успех во странство[67] Чаплин се гордеел со филмот, и во својата автобиографија напишал, "Господинот Верду е најпаметниот и најбрилијантниот филм што некогаш сум го создал."[68]
Обвинувањата за комунизам
уредиНегативната реакција на Господинот Верду во голема мера била резултат на промените на сликата за Чаплин во јавноста.[69] Тој јавно бил обвинуван дека е комунист.[70] Неговата политичка активност се засилила за време на Втората светска војна, кога водел кампања за отворање на Вториот фронт за помош на Советскиот Сојуз и поддршка на разни советско-американски групи на пријателство.[71] Тој исто така бил и пријател со неколкумина осомничени комунисти и имал добри релации со советските дипломати во Лос Анџелес.[72] Со оглед на политичката клима во 1940-тите во Америка, таквите дејства го направиле да изгледа, "опасно прогресивен и неморален."[73] ФБИ сакала да го протера од земјата,[74] а официјалната истрага против Чаплин била започната во 1947.[75][б 6]Чаплин негирал дека е комунист, и наместо тоа се нарекувал себеси "миротворец",[77] но сметал дека владините напори за сузбивање на идеологијата биле неприфатливо прекршување на граѓанските слободи.[78] Не сакајќи да молчи во врска со ова прашање, тој отворено протестирал против судењата на членовите на Комунистичката партија и активностите на Комитетот против антиамерикански дејства.[79]
Иако најголемиот подем го доживеал токму во САД, каде престојувал од 1914 до 1953, Чаплин за сето тоа време се оградувал од националистичките ставови и мислења. Во времето на Мек Картни, Чаплин, како наводен комунист,[8] бил обвинет за “неамерикански активности” и по налог на Џ. Едгар Хувер, ФБИ спровел истрага со цел да го протераат од САД.[80] Притисокот на ФБИ врз Чаплин значително се зголемил во 1942 по организирањето на кампањата за втор европски воен фронт и кулминирал при крајот на деценијата кога одредени конгресмени се заканувале дека ќе го повикаат како сведок во сослушувањата на ХУАК (односно, Комитетот против антиамерикански дејства).
"Бев предмет на клевети и пропагада на моќни реакционерни групи, кои преку свето влијание и помошта од американскиот “жолт печат” создадоа нездрава клима во која либералните умови беа издвојувани и прогонувани. Невозможно е да продолжам да работам во таква средина и затоа си заминувам од САД."[81]
Чарли Чаплин во 1952 накратко ја напуштил Америка поради премиерата на филмот “Центар на внимание” во неговата родна Англија.[6] Хувер го искористил отсуството на Чаплин за да преговара со Имиграциската служба, убедувајќи ги да му ја укинат дозволата за повторен влез во САД. Чаплин потоа самиот одлучил да не се врати повторно во САД.
Последната слика од комичарот пред неговото заминување од САД ја направил познатиот фотограф Ричард Аведон.[82] Според зборовите на Аведон, тој телефонски се чул со Чарли додека овој бил на некоја попатна станица накај Англија. Фотографот мислел дека некој се шегува со него па му се обратил на соговорникот со зборовите : “Ако ти си Чарли Чаплин, тогаш јас сум Френклин Рузвелт!” На што Чаплин одговорил: “Ако сакаш да ме сликаш, подобро сликај ме сега. Доаѓаат по мене и ми се чини дека не се враќам назад. Заминувам... ” Аведон наредниот ден ги откажал сите свои обрски за да го фотографира Чаплин и оттогаш никогаш повторно не се виделе. Новиот дом на Чаплин бил во Корзие сир Виве, во Швајцарија. Тој накратко и победнички се вратил во САД заедно со сопругата, во април 1972 кога му бил доделен Оскар за животно дело.
Последните филмови (1957-1976)
уредиДвата последни филма на Чаплин биле снимени во Лондон: “Крал во Њујорк”(1957)[83], филм чиј сценарист, продуцент, режисер и протагонист бил самиот Чарлин. На премиерата Чаплин одбил да присуствуваат американски новинари а филмот кој добил мешана критика не се прикажал во Америка сè до 1973.[6]
Потоа Чаплин го снимил филмот “Грофицата од Хонгконг” (1967) каде главните улоги ги играле Софија Лорен и Марлон Брандо. Чаплин бил сценарист, режисер и продуцент на филмот а како глумец се појавил во последната сцена, во улога на морнар кој страда од морска болест. Првично сценариото Чаплин го напишал уште во 1930-тите, за Полет Годар.[1]
Тој ја направил и музиката за двата филма со насловната тема на “Грофицата од Њујорк”, “Ова е мојата песна” во изведба на Петула Кларк, која била на врвот на анлиските топ листи. Чаплин направил и колекција од три неми филма, насловена како Чаплиновата ревија (1959) чија музика самиот ја компонирал. Во компилацијата се нашле филмовите “Кучешки живот”(1918), “Shoulder Arms” (1918) и “Патникот”(1923).[1]
Покрај режирањето на овие последни филмови, некаде меѓу 1959 и 1963, Чаплин ја напишал и неговата автобиографска книга насловена како “Мојата автобиографија”.[5] Книгата на 500 страници, фокусирана на неговите рани години и на личниот живот, станала светски бестселер, и покрај критиките за недостатокот на информации за неговата филмска кариера.[1]
Тој ја напишал и музиката за сите негови краткометражни филмови од времето на Фрст Нејшинал: “Безделничарската класа” (The Idle Class), “Дневно задоволство” (A Day’s Pleasure), “Ден за плата”( Pay Day) и “Сончевата страна” (Sunnyside), како и за долгометражните, “Циркус” и “Детето”. Чарли при компонирањето на музиката за филмовите соработувал со Ерик Џејмс. Последното дело на Чаплин била музиката за Жената од Париз, филм од 1923, чија музика ја завршил во 1976, во тешка здравствена состојба.
Смртта на Чаплин (1977)
уредиЗдравјето на Чаплин по завршувањето на неговиот последен филм “Грофицата од Хонгконг” почнало значително да се влошува. Веќе во 1977 година, тој имал тешкотии во зборувањето и се движел со помош на инвалидска количка. Чаплин починал на Божиќ, во 1977 година, на 88 годишна возраст, во неговиот дом во Корзие сир Веве, во Швајцарија.[84]
Чаплин бил погребан на гробиштата во Корзие сир Веве во Во, Швајцарија. На 1 март 1978 година, неговото тело било украдено од двајца невработени емигранти, Роман Вардас од Полска и Ганчо Ганев од Бугарија, кои сакале да изнудат пари од семејството Чаплин. Но, обидот им пропаднал. Крадците биле фатени, а телото било најдено во близина на Женевското Езеро, единаесет недели по кражбата. Телото потоа било закопано под речиси два метри бетон, со цел се спречат понатамошни обиди за негова кражба.[85]
Филмски техники
уредиЧаплин речиси и да не зборувал за неговите филмски техники, велејќи дека добриот магионичар никогаш не ги открива своите трикови.[1] До неговиот прв звучен филм “Големиот диктатор” од 1940, Чаплин никогаш немал снимано според целосно завршено сценарио. Кога ја добил целосната слобода да пишува и да снима за себе, тој развил техника на нејасна воведна сцена, на пр: “Чарли влегува во лековита бања” или “Чарли работи во заложница ”. Чаплин тогаш имал изградено цел бизнис околу своите постави, главно импровизации на комични ситуации на кои работел во неговата продуцентска куќа. Идеите биле прифаќани и отфрлани, но често при појавата на дијалог, Чаплин требал да преснимува некоја сцена, која на некој начин не се вклопувала во целата приказна. Уникатните техники на Чаплин, биле откриени по неговата смрт, кога во документарниот филм од 1983 “Непознатиот Чаплин” биле прикажани ретките отфрлени отсечоци од сцените на неговите филмови.[6]
Ова била една од причините зошто на Чаплин му требало подолого време да ги сними своите филмови, отколку на неговите конкуренти. Чаплин бил неверојатно “тежок” режисер, кој им покажувал на глумците како точно сакал да биде одиграна улогата, снимајќи ги истите сцени одново и одново додека не се постигнел посакуваниот ефект. Аниматорот Чак Џонс, кој како дете живеел во близина на “Лон Стар” студиото на Чаплин, се сеќавал на зборовите на наговиот татко кој велел дека го гледал Чаплин како снима една иста сцена преку сто пати, сè додека не биде задоволен од неа. Овој спој од импрвозирање со приказната и непоколеблив перфекционизам, придонел за денови потрошени во снимање и илјадници метри потрошена скапа филмска лента, кои се покажувале напорни за Чаплин на кого во момент на афект му се случувало и да ја избрка глумечката екипа од студиото, терајќи ги да “дремат” со часови, а понекогаш ја прекинувал и целата продукција на филмот.
Споредби со други неми комедии
уредиОд 1960, филмовите на Чаплин биле споредувани со оние на Бастер Китон и Харолд Лојд (значајни филмски комичари од тоа време) од нивните заеднички обожаватели. Тројцата негувале различни стилови: Чаплин бил наклонет кон сентименталноста и “удирал” на емоциите на публиката[87] (патос - нешто што било мошне популарно во дваесеттите години на 20 век), Лојд бил познат по своите интерпретации на обичниот човек и оптимизмот на 20-тите години, а Китон се држел до својот стоицизам и циничен тон, потипичен за денешната публика.
Во поглед на заработката, Чаплин ги направил едни од најпрофитабилните неми филмови. “Златната треска” e петти на листата со заработка од 4,25 милиони американски долари и “Циркус” седми со 3,8$. Меѓутоа, филмовите на Чаплин заедно му донеле заработка од околу 10,5 милиони долари, додека тие на Лојд достигнале вредност од 15,7милиони долари. Лојд беше далеку поплоден режисер, пуштајќи во продажба 12 играни филмови во периодот на 1920-тите, додека Чаплин имал издадено само три. Филмовите на Бастер Китон не биле толку профитабилни како тие на Чаплин и Лојд, дури и на врвот на нивната популарност, единствено здобивајќи се со задоцнетите признанија од критиката во доцните педесетти и шеесетти години на 20 век.
Чаплин и Китон имале високо мислење еден за друг: Китон своевремено напишал во својата автобиографија дека Чаплин бил најдобриот комичар што некогаш е роден, како и најдобриот режисер на комедии, а Чаплин топло го примил Китон во Јунајтед Артистс, советувајќи го да не преминува во МГМ во 1928, што би било катастрофален потег и напишал улога специјално за него, како негов прв партнер на малите екрани, во својот последен филм “Центар на внимание”.
Композитор и текстописец
уредиЧаплин ги напишал или учествувал во пишувањето на партитурите за голем дел од неговите филмови. Песната Smile што ја напишал за неговиот култен филм “Модерни времиња”, во изведба на Нет Кинг Кол достигнала второ место на британската топ листа во 1950 а истата му била омилена песна на Мајк Џексон. Насловната нумера од “Грофицата од Хонгконг”, This is my song, композиција на Чаплин, во изведба на Петула Кларк, во 1960-тите години го достигнала врвот на британските топ листи. Во 1973, Чаплин го освоил Оскарот за најдобра оригинална филмска музика за неговиот филм “Центар на внимание”.
Политички гледишта
уредиЧаплин отсекогаш бил симпатизер на левицата. Неговите неми филмови пред периодот на Големата депресија, не содржеле отворени политички тематики или пораки, освен маките на Скитникот и неговите повремени препирки со законот, за разлика од оние кои ги снимал во текот на 1930-тите години кои биле јасно политички насочени. “Модерни времиња” претставува слика на работничката и сиромашната класа која живеела во очајни услови. Завршниот, драматичен говор во “Големиот дикатор” , кој бил остра критика на патриотскиот национализам, како и негова јасна и гласна поддршка за отворање на втор Европски фронт во 1942год кој би бил од помош на Советскиот Сојуз во Втората светска војна биле извор на контроверзност. Чаплин одбил да ги поддржи воените сили како што тоа го сторил за време на Првата светска војна, што предизвикало бурни реакции кај народот, иако неговите двајца синови служеле војска во армијата на Европа. Во речиси целиот тек на Втората светска војна, тој се соочувал со сериозни кривнични и граѓански тужби поврзани со неговиот однос со глумицата Џоан Бери.
Во 1947, по завршувањето на војната, во филмот “Господинот Верду”, комедијата исполнета со црн хумор, Чаплин фрлил остра критика против капитализмот.
Последниот американски филм на Чаплин “Центар на внимание” (оригинален наслов: “Limelight”), бил помалку политички, а повеќе автобиографски филм. Но неговиот европски следбеник “Крал во Њујорк” низ сатира го претставил политичкиот прогон придружен од паранојата што го приморала да ги напушти САД пет години порано.
Во однос на религијата, Чаплин ќе напише:
“Еднаш во Филаделфија случајно налетав на едно издание на есеи и записи од Роберт Ингерсол. Ова за мене претставуваше возбудливо откритие. Неговиот атеизам го потврди моето сопствено верување дека ужасната суровост на Стариот завет е понижувачка за човечкиот дух”.
Критики
уредиЧаплин бил критикуван по повеќе основи а постоечките препирки за малку ќе го спречеле да ја прими витешката титула во 1930 година.
За време на Втората светска војна, Чаплин бил критикуван од страна на британскиот печат заради тоа што не се приклучил во армијата. Тој всушност и се пријавил да служи, меѓутоа бил одбиен поради неговата висина и тежина. Чаплин собрал значителни финансиски средства за воените сили во времето на кампањите за воените обврзници не само преку јавните излагања на бројните митинзи, туку и со снимањето на комичниот пропаганден филм “Врска” (оригинален наслов: “The Bond”) во 1918, за кој тој самиот ги сносел трошоците. Во 2009 бил откриен уште еден краток пропаганден филм на Чаплин “Zepped” снимен во 1916.[88] Во текот на целата кариера на Чаплин, постоеле расправи околку неговото наводно еврејско потекло. За време на 1930-тите и 1940-тите години, фашистичката пропаганда го посочувала Чаплин како Евреин (под името Карл Тонстејн), темелејќи ги своите излагања на претходно објавувани статии на американскиот печат, како и на истражните постапки на ФБИ од доцните 1940-ти години, во врска со неговото етничко потекло. Не постои никаков документиран доказ за наводното еврејско потекло на Чаплин. Во текот на целиот негов јавен живот, тој жестоко одбивал да ги оспорува или да ги негира гласините дека е Евреин, велејќи дека тоа би било исто како да им “дава изведби директно на антисемитите”. Иако бил крстен во Англиканската црква, се сметало дека Чаплин бил агностик целиот негов живот. “Слабоста” на Чаплин кон помладите жени исто така била предмет на интерес. Некои биографичари го припишуваат овој факт на неговата тинејџерска залуденост по Хети Кели, со која се запознал додека настапувал за Мјузик Хол во Британија, која што била неговата можна претстава за идеална жена. Чаплин јасно уживал во откривањето и блиската соработка со млади женски “ѕвезди”. Со исклучок на Милдред Харис, сите негови останати врски и бракови започнале на ваков начин.
Приватниот живот на Чаплин
уредиМајката на Чарли Чаплин, починала во 1928 во Глендејл, Калифорнија, седум години по нејзиното пристигнување во САД. Чарли и брат му Сидни имале и полубрат од нивната мајка, за кој не знаеле сè до подоцнежните години од нивните животи. Момчето, Вилер Драјден (1892–1957) пораснал со неговиот татко, настрана од Чарли и дури подоцна се поврзал со останаите членови од семејството и отишол да работи со Чаплин во неговото студио во Холивуд.
Љубовни врски
уреди• Танчерката Хети Кели беше првата љубов на Чаплин, девојката во која се вљуби на 15 годишна возраст и со која за малку ќе стапел во брак на само 19 години, во 1908. Наводно Чаплин лудо се вљубил во неа и ја запоросил. Кога таа го одбила неговиот предлог, Чаплин одлучи дека најдобро за нив ќе биде доколку повеќе не се гледаат. Тој бил уништен кога таа се сложила со тоа. Години подоцна таа била опседната со Чаплин. Чарли бил скршен кога во 1921 дознал дека Хети починала од епидемијата на грип кој тогаш владеел.
• Една Первајанс била првата протагонистка на Чаплин, по Мејбел Норманд. За време на неговата режисерска кариера од 1916-1917 тие биле во романтична врска. Крајот на врската се случил во 1918 а Чаплин се венчал со Милдред Харис. Первајенс продолжила да биде протагонистка во филмовите на Чаплин до 1923 и ќе остане на неговиот платен список сè до нејзината смрт во 1958. Таа и Чаплин зборувале срдечно еден за друг до крајот на животот.
•Милдред Харис: На 29 октомври 1918 Чаплин, на 28 годишна возраст, се оженил со славната глумица на детските филмови Милдред Харис која во тоа време имала 16 години. Заедно добиле син, Норман Спенсер или “Глувчето Чаплин”, роден на 07.07.1919. Норман живеел само три дена и бил погребеан под името “Глувче” (“Littlе Mouse”), на гробиштата Инглвуд Парк Семетери, во Инглвуд, Калифорнија. Двојката се развела во 1920 при што Харис добила дел од заедничкиот имот и 100.000$ како спогодба. Чаплин призна дека “не бил вљубен, но дека кога веќе бил во брак, сакал бракот да биде успешен”. За време на разводот, Чаплин велел дека Харис имала афера со тогаш познатата глумица Ала Назимова, позната по својата репутација на заведување млади глумици.
• Пола Негри: Во текот на 1922 -1923 Чаплин бил во љубовна врск со полската глумица Негри, доста позната пред очите на јавоста, која во тоа време била дојдена да снима филмови во Холивуд. Турбулената врска била прекината по околу девет месеци и претставува навестување на денешните стереотипи кои владеат за љубовните врски на холивудските ѕвезди. Љубовната врска со Негри беше единствената која ѝ била позната на јавноста. Чаплин бил доста дискретен и се обидувал да ги држи во тајност сите останати љубовни врски, иако најчесто без успех. Многу биграфи заклучиле дека врската со Негри била за чисто публицистички цели.
• Марион Дејвис: Во 1924, додека Чаплин бил во врска со малолетната Лита Греј, се шпекулирало дека тој имал некаква врска и со глумицата Дејвис, тогашната партнерка на Вилијам Рандолф Хрст. Дејвис и Чапин се запознале на јахтата на Херст, за време на викендот на мистериозната смрт на Томас Харпер Инс. Чарли наводно се обидувал да ја убеди Дејвис да го напушти Хертс и да биде со него, но таа го одбила и останала со Томас сè до неговата смрт во 1951. Чаплин се појавил во инсерт од филмот на Дејвис, “Шоу пипл” (“Show People”) од 1928 и наводно бил во љубовна врска со глумицата сè до 1931 година.
• Лита Греј: Чарли првпат ја сретнал Греј за време на снимањети на “Детето”. Три години подоцна, кога Чаплин имал 35 години започнал љубовна врска со шеснаесетгодишната Греј, за време на подготовките за снимањето на “Златната треска” каде Лита требало да ја глуми главната женска улога. Откако таа останала бремена, се случила и нивната венчавка на 26 ноември 1924 година. Поради нејзината бременост била отстранета од сценариото за филмот. Лита и Чаплин имале двајца синови-глумците Чарлс Чаплин Јуниор (1925–1968) и Сидни Чаплин (1926–2009). Поради нивните ненадминливи разлики, бракот пропаднал. Разводот се склучил на 22 август 1927. Чаплин морал да исплати тогаш рекордната оштета на Лита во висина од 825,000$ која заедно со административните давачки изнесувала приближно милион американски долари. Овој славен развод придружен и од некои расправии околу федералниот данок, наводно го чинеле Чаплин неколку бели влакна. Авторот на биографијата на Чаплин Џојс Милтон тврди дека бракот на Греј и Чаплин го инспирирал Владимир Набоков да го напише својот роман “Лолита” во 1950 година.
• Мерна Кенеди: Пријателката на Лита Греј- Мерна беше танчерка на која Чарли и ја додели главната женска улога во “Циркусот” (1928). Се претпоставува дека Чаплин и Кенеди одржувале романтична врска за време на снимањето. Греј своевремено се повикувала на неверството на Чаплин во бракоразводната постапка.
• Џорџија Хеил: Таа била замената на Лита Греј за улогата во “Златната треска”. Во документарниот серијал “Непознатиот Чаплин” (режиран и напишан од филмските историчари Кевин Бронлоу и Дејвид Гил), вклучено е и едно интервју на Хеил од 1980 година во кое таа вели дека Чаплин ѝ бил идол уште од детството и дека на 19 години започнала интимна врска со него која траела неколку години и која е опишана во нејзините мемоари (белешки) под наслов “Чарли Чаплин: Интимни средби”.[89] За време на снимањето на филмот “Светлата на велеградот”, Хеил која тогаш беше најблиската придружничка на Чаплин, беше повикана да ја замени Вирџинија Шерил во улогата на цвеќарка. Од оваа сцена се зачувани само седум минути на филмската лента, кои се вклучени во ДВД изданието на филмот од 2003 година но поради економски причини Чаплин бил принуден повторно да ја ангажира Вирџинија за истата улога. Коментарот на Хеил во врска со оваа ситуација во “Непознатиот Чаплин” бил дека нејзината врска со Чаплин била со ист интензитет при снимањето како и секогаш. Крајот на оваа врска по се изгледа настапил некаде во 1933 година, кога Чаплин се вратил од светската турнеја.
• Луси Брукс: Беше старлета во “Зигфилд Фолис” кога го запозна Чарли. Тој бил во Њујорк по повод премиерата на “Златната треска”. Тие двајца, заедно со филмскиот финансиер А.Ц. Блументал и колешката на Брукс од Зигфилд Фолис - Пиги Фиарс отседнале најпрво во хотелот Риц, а потоа во апартманот на Блументал во поткровјето на хотелот “Амбасадор”, во текот на два месеца од летото во 1925 година. Брукс го придржувала Чаплин кога го гледал четиричасовното “измачување” на една виолина од страна на некој музичар, нешто кое Чаплин ќе го реадапитира во сцена од “Центар на внимание”.
• Меј Ривс: Беше првенствено најмена како секретарка на Чаплин, задолжена да ја прегледува неговата приватна пошта на неговото продолжено патување низ Европа од 1931-1932 година. Таа работела само едно утро кога Чаплин ја здогледал и веднаш бил фасциниран од нејзината убавина. На незадоволство на неговиот брат Сид, Меј била постојана љубовница на Чаплин во текот на поголемиот дел од патувањето. Чаплин ставил крај на нивната врска кога дознал дека Ривс исто така се гледа и со неговиот брат Сид. Ривс одвоила неколку записи за кратката врска со Чаплин во нејзината книга Интимно со Чаплин (“The Intimate Chaplin”).
• Полет Годар: Чаплин и Годар биле партнери на филмското платно и во креветот од 1932 до1940. Го делеле и домот на Чаплин во Беверли Хилс. Чаплин ѝ ги доделил главните улоги на својата партерка во “Модерни времиња” и “Големиот диктатор”. Поради нејасноста на природата на нивниот однос, Полет ја одбила улогата на Скарлет О‘Хара во “Однесено од виорот”. Откако официјално се разделиле во 1940, Чаплин и Годар изјавиле дека тајно се венчале во 1936 но се смета дека овој потег било само обид да не се нанесе трајна штета на кариерата на Годар. Тие пријателски се разделиле во 1942 при што Годар добила значителна парична сума. Таа како и самиот Чаплин го поминала остатокот од својот живот во Швајцарија, до нејзината смрт во 1990.
• Џоан Бери (1920–1996): Во 1942 Чаплин имал кратка афера со Џоан Бери која беше една од кандидатките за улога во филм на Чаплин. Но, откако Бери почнала да го вознемирува Чаплин, манифестирајќи знаци на серизоно психичко пореметување, Чаплин ја прекинал врската. Овој негов краток “излет” со Бери му го претворил животот во пекол. Откако родила дете, поднела барање за татковство на Чаплин иако ДНК тестот покажал дека Чаплин не е татко на нејзиното дете. Но и покрај тоа адвокатот на Бери, Џозеф Скот, го убедил судот дека тестот на крвта не е никаков доказ, така што пресудата која била изречена го приморала Чаплин да го издржува детето. Неправдата која му била нанесена на Чаплин придонела подоцна да се воведат некои измени во законот на Калифорнија кои го уважувале ДНК тестот за татковство. Федералните обвинители како дел од случајот со Бери му наметнаа и тужби за неморално однесување во 1944 година, меѓутоа Чаплин бил ослободен од овие обвиненија. Угледот на Чаплин во Америка беше сериозно загрозен од бројните тужби. Бери беше однесена во психијатриска установа, откако беше забележана како се шета боса низ улиците, носејќи детски сандали и прстен, мрморејќи: “Ова е магија”.
Лита Греј, втората жена на Чаплин, подоцна ќе изјави дека Чаплин подмитил неколкумина корумпирани владини службеници да ги лажираат резултатите на ДНК тестот. Нема сомнение дека таа (Карол Ан) е негова ќерка.
• Она О‘Нил: За време на судскиот спор со Бери, Чаплин ја запознал Она, ќерката на Јуџин О‘Нил, со која стапил во брак на 16 јуни 1943. Чаплин тогаш имал педесет и четири години, додека Она само што навршила осумаесет. Имале осум деца. Кога нивното последно дете Кристофер се родило, Чаплин имал 73 години. Она починала од рак на панкреасот во 1991.
Награди и признанија
уредиВо 1975, кога Чарли Чаплин имал 85 години, бил прогласен за витез во редот на Британската Империја од кралицата Елизабета II. Оваа чест првпат му била укажана во 1931. Вториот предлог следел во 1956 година, но не бил одобрен поради извештајот од Министерството за надворешни работи на В. Британија кој се однесувал на наводните комунистички гледишта и неморалното однесување на Чаплин позади кој стоеле два неуспешни брака со малолетни девојчиња од по 16 години. Се сметало дека со ваквиот потег би се разнишал угледот на Британскиот систем на почести како и односите со САД.
Во 1970 Чаплин добил и своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. Сепак фактот што оваа чест не била укажана уште во 1961 предизвикало низа шпекулации.
Во 1981 сер Ралф Ричардсон ја открил статуата на Чарли Чаплин на плоштадот Леичестер во Лондон, дело на уметникот Џон Даблдеј. Негова бронзена статуа го краси исто така и Вотервил, Кери, Република Ирска.
Оскари
уредиЧаплин се закитил со три оскари во својот живот : Еден за најдобра оригинална музика и два за животно дело. Чарли ги презирал оскарите додека активно работел во режисерскиот бизнис. Неговиот син Чарли Јуниор ќе напише дека татко му во 1930г го разгорил гневот на Американската филмска академија со тоа што го на шега го употребил оскарот од 1929 како сопирачка за врата. Ова го објаснува фактот што “Светлата на велеградот” и “Модерни времиња”, кои се сметале за едни од најдобрите филмови на сите времиња, не биле номинирани за престижното признание Оскар.
• Првата церемонија на доделување на оскари - За време на првата церемонија на доделување на оскарите која се одржала на 16 мај 1929 методите на гласање сè уште не биле добро поставени, така да категориите постојано се менувале. “Циркусот” бил надалеку признаен така што Чаплин на почетокот бил номиниран за Најдобар Филм, за Најдобра Режија, Најдобар глумец и Најдобро оригинално сценарио. Но Филмската академија сепак се одлучила да го повлече неговото име од сите натпреварувачки категории и наместо тоа му доделила Специјална награда за “Разновидност и генијална глума, творештво, режирање и реализација на Циркусот”. Единствениот друг филм што се закитил со специјаланиот оскар истата година бил “Џез пејачот”.
• Тринаесеттата церемонија на доделување на оскари- Во 1941 “Големиот диктатор” бил номиниран за четири оскари од кои два наменети за Чаплин: За Најдобро сценарио и Најдобар глумец. Таа година Чаплин не земал ниту еден оскар. Оскарот за најдобро сценарио отиде во рацете на Престон Страглс за “Големиот мек Генти”, а за најдобар глумец во рацете на Џејмс Стујарт за глумата во филмот “Приказна од Филаделфија”.
• Дваесеттата церемонија на доделување на оскари- Во 1948 сценариото на “Г-дин Верду” било номинирано, но оскарот отишол во рацете на Сидни Шелдон за “The Bachelor and the Bobby-Soxer”.
• Четириесет и четврттата церемонија на доделување на оскари- Вториот оскар за Чаплин следел во 1972 четириесет и три години по доделувањето на првиот. Чарли заради оскарот пристигнал во Америкапо 20 годишно отсуство. Кога излегол на сцената, бил пропратен со овации и најдолгиот аплауз во историјата на оскарите, кој траел цели 12 минути.
• Четириесет и петтата церемонија на доделување на оскари- Во 1973 филмот Центар на внимание бил награден со оскар за “најдобра оригинална музика”. Иако првото издание на филмот бил во 1952 поради политичките проблеми со кои се соочувал Чаплин, бил забранет да се прикажува во Лос Анџелес една недела и не ги исполнувал критериумите за номинација сè до неговото повторно издание во 1972 година.
Наследство
уреди“Скитникот” е можеби еден од најимитираните ликови во сите сфери на забавната индустрија. Еднаш самиот Чаплин се пријавил на аудиција за “Најдобра имитација на Чаплин” и го освоил третото место. “Скитникот” извршил големо влијание врз работата на многу глумци и медиумски личности. Уште од најрани времиња се правеле многу претстави и пародии посветени на неговиот лик и дело. Еден од најраните примери за тоа е комичниот стрип на Е.С Сегар од 1916 “Лудориите на Чарли Чаплин”. Подоцна Сегар ќе стане познат по својот лик на Попај и во 1917 неговите стрипови за Чаплин биле собрани во пет книги- предвесници на подоцнежната форма “стрип”.
Ликот на скитникот беше исто така бил протагонист во две анимирани, цртани серии од кои првата прикажана во девет кратки анимирани филмови од 1916 од страна на Мовка Филм Сервис. И подоцна серијалот од десет филмови во 1918-1919 на филмското студио на Патрик Силвијан, кој исто така ќе се послужи со ликот на Чарли во создавањето на ликот на мачорот Феликс. Мачорот Феликс се појавил и во цртаните серии “Феликс во Холивуд” во 1923.
Од 1917 до 1918 глумецот Били Вест направил точно 20 филмови во кои ќе го имитира ликот, шминката и костимографијата на Скитникот.
Третина од композицијата “Wachsfigurenkabinett: Fünf kleine Opern” на Карл Амадеус Хартман од 1929/30 е наречена “Чаплин-Бродот што јури” (“Chaplin-Ford-Trot”) и го прикажува ликот на Чаплин (повеќе низ зборови отколку низ оперско пеење).
Камил Хасан го создал својот лик “Чаплин Челапа” во филмот “Punnagai Mannan” врз ликот на Чаплин.
Од септември до ноември 1977 (пред самата смрт на Чаплин) Депати-Фреленг Ентерпрајзес направиле цртан серијал со ликот на Чаплин под името “Baggy Pants and the Nitwits”.
Во 1985 ликот на Чаплин се нашол и на поштенска марка во Велика Британија, а во 1994 и на поштенска марка во САД, дизајнирана од карикатуристот Ал Хиршфелд.
Во 1980 корпорацијата ИМБ направи серија реклами за нивниот личен сметач, користејќи имитатор на Чаплин.
Во 1981 Џон Ву ја режирал пародијата на “Детето” насловена како “Hua ji shi dai”, исто така позната под името “Време за смеење” (“Laughing Times”).
Во 1981год. советскиот астроном Људмила Карачкина открила астероид кој бил наречен “Чаплин 3623”.
Оскаровецот Ричард Атенборо во 1992 режирал филм заснован на животот на Чаплин, наречен едноставно “Чаплин”. Роберт Дауни се појавува во главната улога а Џералдин Чаплин (ќерката на Чарли Чаплин), во улога на мајката на Чаплин, нејзината баба.[90]
Британскиот комичар Еди Изард го играл Чарли Чаплин во филмот “The Cat’s Meow” (2001) на Питер Богданович. Филмот зборува за неразрешената, мистериозна смрт на режисерот Томас Х. Инс за време на забавата на јахтата на Вилијам Рандолф Херст, каде бил гостин и самиот Чаплин.[91]
На 15 април 2011 еден ден пред 122 роденден на Чаплин, Гугл го обележал настанот со постирање на “Гугл Дудл” видео на своите мрежни места ширум светот.
Филмографија
уредиЧаплин напишал, режирал и глумел во десетици долгометражни и краткометражни филмови, вклучувајќи ги: “Имигрантот” (1917), “Златната треска” (1925), “Светлата на велеградот” (1931), “Модерни времиња” (1936), “Големиот диктатор” (1940). Сите овие филмови се вклучени во Националниот филмски регистар. “Златната треска”, “Светлата на велеградот” и “Модерни времиња” се вклучени во 100те најдобри филмови на американската филмска индустрија (АФИ).
Наслов на филмот | Оригинален наслов | Година | |
---|---|---|---|
1 | Детето | The Kid | 1921 |
2 | Жената од Париз | A Woman of Paris | 1923 |
3 | Златната треска | The Gold Rush | 1925 |
4 | Циркус | The Circus | 1928 |
5 | Светлата на велеградот | City Lights | 1931 |
6 | Модерни времиња | Modern Times | 1936 |
7 | Големиот диктатор | The Great Dictator | 1940 |
8 | Господинот Верду | Monsieur Verdoux | 1947 |
9 | Центар на внимание | Limelight | 1952 |
10 | Крал на Њујорк | A King in New York | 1957 |
11 | Грофицата од Хонгконг | A Countess from Hong Kong | 1967 |
Изданија и авторски права
уредиСписокот на Чаплиновите филмови и некои верзии може да се најдат во книгата Чарли Чаплин во "Кистон" и "Есанеј": Зора на скитникот (англиски: “Charlie Chaplin at Keystone and Essanay: Dawn of the Tramp”) на Тед Окуда и Давид Маска. Благодарение на Кистон проектот на Чаплин, обидите да се направат конечни верзии на кратките филмови на Чарли од пред 1918 завршиле успешно: 34 “Кистон” филмови после десетгодишно истражување и работа било целосно обновени и издадени во четири ДВД изданија, во октомври 2010. Дванаесетте “Мјучуал” филмови беа обновени во 1975 од страна на Дејвид Шепард и “Блекхок Филмс”, а некои нови продолжени изданија биле ставени во ДВД формат и пуштени во продажба во 2006. Денеска, речиси целата продукциска работа на Чаплин е во рацете на Roy Export S.A.S- Париз, која ги има сите авторски права и донесува одлуки околку новите изданија на филмовите на Чарли. Француската фирма МК2 е дистрибуциски застапник на Еxport. Од 2010 дозволата за дистрибуција во САД е во рацете на Janus Films, со некои домашни видео изданија на Критерион Колекшн, во партнерство со Janus.
Белешки
уреди- ↑ Во 2011 година било откриено писмо кое датира од 1970 година, адресирано до самиот Чаплин, во кое се вели дека е роден во цигански караван во паркот Блек Печ, во Сметвик, Стафордшир
- ↑ Осумте Ланкаширци настапувале во мјузик хол до 1908 година. Точното време кога Чаплин ја напуштил групата не е потврдено, но врз основа на истражувања, А. Ј. Мериот верува дека тоа било во декември 1900 година.
- ↑ Вилијам Џилет ја напишал претставата за Шерлок Холмс заедно со Артур Конан Дојл и ја глумел улогата уште од нејзината премиера во Њујорк во 1899 година. Тој пристигнал во Лондон во 1905 година за да настапи во новата пиеса, Кларис. Приемот слабо поминал и Џилет одлучил да додаде едно "парче" наречено Мачното предвидување на Шерлок Холмс. Заради оваа кратка претстава Чаплин првично требал да дојде во Лондон и да ја глуми улогата. По три прикажувања, Џилет одбрал да ја напушти Кларис и да ја замени со Шерлок Холмс. Чаплин оставил силен впечаток кај Џилет со неговата улога на Били.
- ↑ Робинсон забележал дека "ова не било целосно точно: на ликот му требал една година или повеќе за да се развие во неговата целосна димензија, па дури и тогаш - кога ја добил својата сила - истиот постојано се развивал во тек на целата неговата кариера
- ↑ Шпекулациите за расното потекло на Чаплин постоеле од најраните денови на неговата слава, и честопати било објавувано дека тој бил Евреин. Истражувањата не откриле никакви докази за ова, а кога еден новинар го прашал во 1915 година дали тоа е вистина, Чаплин му одговорил: "Јас немам таа среќа". Нацистичката партија верувала дека тој е Евреин и по тој основ го забранила филмот "Златна треска". Чаплин за својата улога на Евреин во "Големиот диктатор" изјавил: "Го направив овој филм за Евреите во светот" (Робинсон, стр. 154-155)
- ↑ Чаплин веќе го привлекол вниманието на ФБИ долго пред 40-тите години, и за првпат се споменува во нивните досиеја уште во 1922 година. Џ. Едгар Хувер првин побарал истрага за Чаплин во септември 1946 година, но канцеларијата во Лос Анџелес бавно реагирала па активните истраги започнале дури следната пролет..[75] ФБИ, исто така, побарал и добил помош од МИ5, особено за испитување на лажните тврдења дека Чаплин не е роден во Англија, туку во Франција или Источна Европа, и дека неговото вистинско име било Израел Торнштајн. МИ5 не нашло докази дека Чаплин бил дел од Комунистичката партија.[76]
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1930-, Robinson, David (1985). Chaplin : his life and art. London: Collins. ISBN 0586085440. OCLC 12519133.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ Chaplin, Charles (2003) [1964]. My Autobiography. London: Penguin Classics. ISBN 0-14-101147-5.
- ↑ M., Weissman, Stephen (2009). Chaplin : a life. London: JR. ISBN 9781906779504. OCLC 427612873.
- ↑ J., Marriot, A. (2005). Chaplin : stage by stage. Hitchin, Herts.: Marriot. ISBN 9780952130819. OCLC 67868526.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 1889-1977, Chaplin, Charlie. My autobiography. London. ISBN 0141011475. OCLC 52146333.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Simon., Louvish (2010). Chaplin : the Tramp's odyssey. London: Faber. ISBN 9780571237692. OCLC 489632566.
- ↑ Federal Reserve Bank of Minneapolis Community Development Project. "Consumer Price Index (estimate) 1800–" Архивирано на 7 април 2018 г.. Federal Reserve Bank of Minneapolis.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 J., Maland, Charles (1989). Chaplin and American culture : the evolution of a star image. Princeton, N.J.: Princeton University Press. ISBN 0691028605. OCLC 18190838.
- ↑ "C. Chaplin, Millionaire-Elect". Photoplay. Chicago, Illinois, USA: Photoplay Publishing Co. IX (6): 58. May 1916. Archived from the original on 17 January 2014.
- ↑ Jérôme., Larcher (2011). Charlie Chaplin (Rev. English. изд.). Paris: Cahiers du cinéma Sarl. ISBN 9782866426064. OCLC 681503362.
- ↑ ""The Happiest Days of My Life": Mutual". Charlie Chaplin. British Film Institute. Archived from the original on 22 November 2012. Retrieved 28 April 2012.
- ↑ Brownlow, Kevin; Gill, David (1983). Unknown Chaplin. Thames Silent.
- ↑ „Independence Won: First National“. Charlie Chaplin. British Film Institute. Архивирано од изворникот на 24 March 2012. Посетено на 5 May 2012.
- ↑ Chaplin, стр. 208.
- ↑ Robinson, стр. 229.
- ↑ Robinson, стр. 310.
- ↑ Robinson, стр. 302.
- ↑ Robinson, стр. 311–312.
- ↑ Robinson, стр. 318–321.
- ↑ Louvish, стр. 193.
- ↑ Robinson, стр. 302, 322.
- ↑ Louvish, стр. 195.
- ↑ Kemp, стр. 64 ; Chaplin, стр. 299 .
- ↑ Robinson, стр. 337.
- ↑ Robinson, стр. 358.
- ↑ Robinson, стр. 340–345.
- ↑ Robinson, стр. 354.
- ↑ Robinson, стр. 357.
- ↑ Robinson, стр. 358 ; Kemp, стр. 63 .
- ↑ Vance & (2003), стр. 154.
- ↑ Chaplin, стр. 322.
- ↑ Robinson, стр. 398 ; Maland & (2007), стр. 33–34, 41 .
- ↑ Robinson, стр. 409, records the date filming ended as 22 September 1930.
- ↑ 34,0 34,1 Chaplin, стр. 324.
- ↑ „Chaplin as a composer“. CharlieChaplin.com. Архивирано од изворникот на 5 July 2011.
- ↑ Robinson, стр. 410.
- ↑ Robinson, стр. 413.
- ↑ Maland & (2007), стр. 108–110 ; Chaplin, стр. 328 ; Robinson, стр. 415 .
- ↑ „United Artists and the Great Features“. Charlie Chaplin. British Film Institute. Архивирано од изворникот на 6 April 2012. Посетено на 21 June 2012.
- ↑ Maland & (2007), стр. 10–11.
- ↑ Larcher, стр. 64.
- ↑ Louvish, стр. 257.
- ↑ Robinson, стр. 465.
- ↑ Robinson, стр. 466.
- ↑ Robinson, стр. 468.
- ↑ Robinson, стр. 469–472, 474.
- ↑ Maland & (1989), стр. 150.
- ↑ Maland & (1989), стр. 144–147.
- ↑ Maland & (1989), стр. 157 ; Robinson, стр. 473 .
- ↑ Robinson, стр. 485 ; Maland & (1989), стр. 159 .
- ↑ Chaplin, стр. 386.
- ↑ Schickel, стр. 28 ; Maland & (1989), стр. 165, 170 ; Louvish, стр. 271 ; Robinson, стр. 490 ; Larcher, стр. 67 ; Kemp, стр. 158 .
- ↑ Chaplin, стр. 388.
- ↑ Robinson, стр. 496.
- ↑ Maland & (1989), стр. 165.
- ↑ Maland & (1989), стр. 164.
- ↑ Chaplin, стр. 387.
- ↑ Tunzelmann, Alex von (2012-11-22). „Chaplin: a little tramp through Charlie's love affairs“. the Guardian. Посетено на 2018-02-19.
- ↑ Maland & (1989), стр. 172–173.
- ↑ Robinson, стр. 520.
- ↑ Chaplin, стр. 412.
- ↑ Robinson, стр. 519–520.
- ↑ Louvish, стр. 304 ; Sbardellati and Shaw, стр. 501 .
- ↑ Louvish, стр. 296–297 ; Robinson, стр. 538–543 ; Larcher, стр. 77 .
- ↑ Louvish, стр. 296–297 ; Sbardellati and Shaw, стр. 503 .
- ↑ Maland & (1989), стр. 235–245, 250.
- ↑ Maland & (1989), стр. 250.
- ↑ Chaplin, стр. 444.
- ↑ Maland & (1989), стр. 251.
- ↑ Robinson, стр. 538–539 ; Friedrich, стр. 287 .
- ↑ Maland & (1989), стр. 253.
- ↑ Maland & (1989), стр. 221–226, 253–254.
- ↑ Larcher, стр. 75 ; Sbardellati and Shaw, стр. 506 ; Louvish, стр. xiii .
- ↑ Sbardellati, стр. 152.
- ↑ 75,0 75,1 Maland & (1989), стр. 265–266.
- ↑ Norton-Taylor, Richard (17 февруари 2012). „MI5 Spied on Charlie Chaplin after the FBI Asked for Help to Banish Him from US“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 18 November 2010. Посетено на 17 February 2012.
- ↑ Louvish, стр. xiv, 310 ; Chaplin, стр. 458 ; Maland & (1989), стр. 238 .
- ↑ Robinson, стр. 544.
- ↑ Maland & (1989), стр. 255–256.
- ↑ 1973-, Sbardellati, John (2012). J. Edgar Hoover goes to the movies : the FBI and the origins of Hollywood's Cold War. Ithaca: Cornell University Press. ISBN 9780801450082. OCLC 793494429.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ Larcher, стр. 89.
- ↑ „AVEDON, Richard - Charlie Chaplin - "His Last Day in America 1952" | Ken Lopez Bookseller“. lopezbooks.com (англиски). Посетено на 2018-03-15.
- ↑ Schuyler., Lynn, Kenneth (1997). Charlie Chaplin and his times. New York: Simon & Schuster. ISBN 068480851X. OCLC 35243438.
- ↑ Thomas, David (26 December 2002). "When Chaplin Played Father". The Telegraph. Archived from the original on 15 July 2012.
- ↑ "Yasser Arafat: 10 Other People Who Have Been Exhumed". BBC. 27 November 2012. Archived from the original on 27 November 2012.
- ↑ Andrew., Sarris (1998). You ain't heard nothin' yet : the American talking film : history & memory, 1927-1949. New York: Oxford University Press. ISBN 9780195038835. OCLC 36647838.
- ↑ 1960-, Dale, Alan S. (2000). Comedy is a man in trouble : slapstick in American movies. Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0816636583. OCLC 43913059.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Rare Chaplin film fails to sell“. BBC News (англиски). 2011-06-30. Посетено на 2018-03-18.
- ↑ 1905-1985., Hale, Georgia (1999). Charlie Chaplin : intimate close-ups. Lanham, Md.: Scarecrow. ISBN 1578860040. OCLC 834136745.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ "Robert Downey, Jr. profile, Finding Your Roots". PBS. Archived from the original on 23 November 2015. Retrieved 9 February 2013.
- ↑ "The Cat's Meow – Cast". The New York Times. Archived from the original on 24 November 2015. Retrieved 9 November 2013.
Надворешни врски
уреди„Чарли Чаплин“ на Ризницата ? |
- Официјални страници
- Биографија
- Биографија на Чарли Чаплин
- Златната тишина на Чаплин
- Животот на Чаплин: 40 фотографии
- Дела од или за Чарли Чаплин на Интернет архива (скенирани книги, оригинални изданија)
- Филмографија
- Чарли Чаплин на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Чарли Чаплин на TCM Movie Database
- Чарли Чаплин — AllMovie (англиски)
- Филмови на Чаплин на Семрежниот архив
- Друго
- The TIME 100: Чарли Чаплин
- Филмовите на Чаплин на ednapurviance.org Архивирано на 31 август 2009 г.
- Најдобрите 10 филмови на Чаплин