Андроник IV Палеолог
Андроник IV Палеолог (2 април 1348 – 28 јуни 1385) — виантиски цар од 1376 до 1379 година.
Андроник IV Палеолог | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Византија | |||||
Андроник IV | |||||
Цар на Византија | |||||
На престол | 12 август 1376 – 1 јули 1379 | ||||
Претходник | Јован V | ||||
Наследник | Јован V | ||||
Роден(а) | 2 април 1348 Цариград, Византија | ||||
Починал(а) | 28 јуни 1385 Селимбри, Византија | ||||
Сопружник | Кераца Марија | ||||
Деца | Јован VII two daughters | ||||
| |||||
Династија | Палеолози | ||||
Татко | Јован V | ||||
Мајка | Елена Кантакузина |
Живот
уредиАндроник IV Палеолог бил најстариот син на Јован V и неговата сопруга Елена Кантакузина. Негови дедо и баба од страна на мајка му биле Јован VI и Ирина Асанина.
Иако бил совладетел со неговиот татко од почетокот на 1350-ите, Андроник IV се побунил кога османлискиот султан Мурат I го принудил Јован V да стане вазал во 1373 година. Андроник IV се здружил со Муратовиот син Савчи Бег, кој пак се побунил против сопствениот татко, но и двата бунта пропаднале. Мурат I го ослепил и погубил својот син и побарал Јован V да го ослепи и Андроник IV, но Јован V го ослепил Андроник само на едното око.[1]
Владеење
уредиВо јули 1376 година, џеновјаните му помогнале на Андроник да избега од затворот, одкаде се упатил директно кон султанот Мурат I, и се согласил да го врати Галиполе, а за возврат да ја добие неговата поддршка. Галиполе бил заземен од византијците пред 10 години, со помош на Амадеј VI Савојски. Султанот за возврат му дал мешана сила од коњаница и пешадија, со кои Андроник бил во можност да ја преземе контролата на Цариград. Така тој успеал да го зароби и затвори Јован V и неговиот син Мануил.
Сепак, тој направил грешка кога ги поддржал џеновјаните отстапувајќи им го Тенедос. Тамошниот владетел одбил да го предаде островот и им го дал на венецијанците. Истата година, 1377 година, го крунисал својот млад син Јован VII како совладетел. Сепак во 1379 година Мануил избегал кај султанот Мурат, и со помош на венецијанците, го соборил Андроник при крајот на годината. Венецијанците го поставиле Јован V на престолот, и Мануил II. Андроник избегал во Галата, и останал таму до 1381 година, кога повторно бил прогласен за совладетел и наследник на престолот и покрај претходните предавства. Андроник IV исто така го добил и градот Селимбрија (Силиври) како негово лично владение. Сепак, тој починал пред својот татко во 1385 година, и никогаш не владеел како законски владетел.
Семејство
уредиСо својата сопруга Кераца Марија, ќерка на Јован Александар и неговата втора сопруга Сара-Теодора, Андроник IV имал три деца:
- Јован VII, цар во 1390 година;
- две ќерки.
Семејно стебло
уредиНаводи
уреди- ↑ Gibbon, Edward, Decline and Fall of the Roman Empire, Modern Library, v. iii, p. 651
Дополнителна литература
уреди- Harris, Jonathan, The End of Byzantium. Yale University Press, 2010. ISBN 978-0-300-11786-8
- Nicol, Donald M., The Last Centuries of Byzantium. Cambridge University Press, 1993, 2nd edition. ISBN 0-521-43991-4
- Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press, 1991.
Андроник IV Палеолог Роден(а): 2 април 1348 Починал(а): 28 јуни 1385
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Јован V |
Византиски цар 1376–1379 со Јован VII (1377–1379) |
Наследник Јован V |