Филипик Вардан (грчки: Φιλιππικός Βαρδάνης) бил византиски цар кој владеел во периодот од 711 до 713 година.

Филипик
Византиски цар
На престол711– 3 јуни 713
ПретходникЈустинијан II
НаследникАнастасиј II
Починал(а)713
ТаткоНикифор
Дваесетгодишна анархија
Хронологија
Леонтиј 695–698
Тибериј III 698–705
Јустинијан II 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастасиј II 713–715
Теодосиј III 715–717
Наследување
Претходела
Ираклиева династија
Следела
Сириска Династија

Филипик бил син на аристократот Никифор, кој бил од ерменско потекло.[1]. Потпирајќи се на поддршката на монотелистката партија, тој покажал претензии кон престолот при избувнувањето на првото големо востание против Јустинијан II. Тоа довело до негово заточение во Кефалонија од Тибериј III Апсимар и потоа до неговото второ заточение, по наредба на Јустинијан II во Херсон. Таму Вардан го прифатил името Филипик и успешно ги потикнал жителите на бунт со помош на Хазарите. Бунтовниците го опсаднале Цариград и Јустинијан II побегнал (набргу потоа бил убиен од политички причини, неспособен да собере приврзаници во провинциите). Филипик на тој начин се искачил на престолот.

Меѓу првите негови дејствија биле соборувањето на Кир Цариградски и негова замена со Јован VI Цариградски, член на неговата секта и повикувањето кон conciliabulum на источните епископи. Филипик ги поништил каноните на Шестиот вселенски собор како убеден монотелист. Во одговор на тоа Римската црква одбила да го признае новиот цар и патријархот.

Во меѓувреме, бугарскиот хан Тервел пристигнал пред ѕидините на Цариград во 712 година. Кога Филипик ја префрлил армијата за да го контролира Балканот, Омејадскиот калифат на чело со Ал-Валид I започнал напади против слабата заштита во Мала Азија.

На крајот на мај 713 година Опсикијските војници се побуниле во Тракија. Некои од нивните офицери успеале да влезат во царската палата и да го ослепат Филипик на 3 јуни 713 година. Тој бил наследен за кратко од својот главен секретар Артемиј, кој бил прогласен за цар под името Анастасиј II.

Наводи

уреди
  1. Charanis, Peter (1959). „Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century“. Dumbarton Oaks Papers. Dumbarton Oaks. 13: 23–44. doi:10.2307/1291127. JSTOR 1291127.

Надворешни врски

уреди