Михаил VI Вринга, наречен уште Стратиотик (Воениот, Воинствениот) или Геронтас (Стариот) (грчки: Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας, ?г. - 1059 г.), бил византиски цар кој владеел од 1056 г. до 1057 г.

Михаил VI Вринга
Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας
Цар на Источното Римско Царство
Златен тетартерон од Михаиловото владеење.
Византиски цар
На престол1056 – 1057
ПретходникТеодора Порфирогенита
НаследникИсак I Комнин
Починал(а)1059

Станување цар

уреди

Царот Константин IX Мономах умрел на 11 јануари 1055 година. Власта уште еднаш ја презела царицата Теодора. Таа била последна претставничка на македонскиот царски дом и со нејзината смрт, на почетокот на септември во 1056 г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик. Според оценката на Псел тој чеовек бил „помалку способен да раководи одошто да биде биде раководен“. Неговото доаѓање на престолот значело вистински триумф на цивилното благородништво. Членовите на сенатот биле опсипани со почести и дарови.[1]

Владеење

уреди

Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка Михаил бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали Исак Комнин и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно пафлагонско село Исак Комнин на 8 јули 1057 г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на Мала Азија и набрзо Исак со својата војска допрел до Никеја. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле Константин Лихуд и Михаил Псел, титула на цезар и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во Цариград се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнин. Пресудна улога одиграла Црквата како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички аристократски групи. Патријархот Михаил Керулариј се поставил на чело на опозицијата, Света Софија станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На 1 септември 1057 г. Исак Комнин влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.