Мануил II Палеолог

Мануил II Палеолог (27 јуни 135021 јули 1425) — византиски цар од 1391 до 1425. Краток период пред неговата смрт тој бил прогласен за монах и го зел името Матеј. Се слави на 21 јули.[1]

Мануил II Палеолог
Цар на Византија
Цар на Византија
На престол16 февруари 1391 — 21 јули 1425
ПретходникЈован V Палеолог
НаследникЈован VIII Палеолог
Роден(а)27 јуни 1350
Цариград, Византија
Починал(а)21 јули 1425(1425-07-21) (возр. 75)
Цариград, Византија
СопружникЕлена Драгаш
ДецаЌерка
Кнстантин Палеолог
Јован VIII Палеолог
Теодор II Палеолог
Андроник Палеолог
Ќерка
Михаил Палеолог
Константин XI Палеолог
Деметриј Палеолог
Тома Палеолог
Изабела Палеологина(незаконско дете)
Полно име
Мануил II Палеолог
ДинастијаПалеолози
ТаткоЈован V Палеолози
МајкаЕлена Кантакузина

Живот

уреди

Мануил II Палеолог бил вториот син на царот Јован V и неговата сопруга Елена Кантакузина. Негови дедо и баба од мајчина страна биле царот Јован VI (1347–1354) и Ирина Асанина.

Назначен за деспот од страна на неговиот татко, идниот цар Мануил II отпатувал на запад се побара поддршка за Византија во 1365 и во 1370 година, каде бил управител на Солун од 1369 година. Неуспешниот обид за узурпација на престолот од страна на постариот Андроник IV во 1373 година довело Мануил да биде прогласен за наследник и совладетел од страна на неговиот татко. Во 1376–1379 година и 1390 година тие биле заменети од страна на Андроник IV а подоцна и неговиот синови Јован VII, но Мануил лично го поразил неговиот внук со помош на Венецијанска Република во 1390 година. Иако Јован V бил вратен на престолот, Мануил бил присилен да оди како почесен заложник на дворот на отоманскиот султан Бајазит I во Пруса (Бурса). За време на неговиот престој, Мануил бил присилен да учествува во османлискиот поход со кој била освоена Филаделфија, последната византиска енклава во Анадолија.

 
Византиското царство во 1403 година.
 
Грбот припишан на Палеолозите.

Кога чул дека неговиот татако полчинал во февруари 1391 година, Мануил II избегал од османлискиот двор и го заштитил главниот град од обидите за узурпација на престолот од неговиот внук Јован VII. Иако односите со Јован VII се подобриле, Султан Бајазит I го опсадил Цариград од 1394 до 1402 година. По пет годишна опсада, Мануил II му го доверил градот на неговиот внук и тргнал (со придружба од 40 луѓе) на долго патување во странство да бара помош против Османлиското Царство од дворовите на западна Европа, меѓу кои бил и Хенри IV кралот на Англија (правејќи го единствениот византиски цар кој ја посетил Англија – отседнал од декември 1400 година до јануари 1401 година во дворецот Елтам, и присуствувал на витешки турнир организиран во негова чест[2]), Шарл VI, Светото Римско Царство, кралицата Маргарета I и од Арагон. Во 1399 година, францускиот крал Шарл VI го испратил маршалот Жан ле Менгр со 6 бродови кои носеле 1.200 луѓе од Ег-Мор до Цариград, подоцна 300 луѓе заповедани од сењор Жан де Шатоморанд останале да го бранат градот од Бајазит.

Во меѓувреме против османлиска крстоносна војна водена од унгарскиот крал Жигмунд Луксембуршки била неуспешна при Битката кај Никопол на 25 септември 1396 година, но Османлиите биле и самите тешко поразени од Тамерлан во Битката кај Ангора во 1402 година. Мануил II испратил 10 бродови да им помогнат на крстоносците во Никопол. Како што синовите на Бајазит I се бореле за наследството на османлискиот интеррегнум, Јован VII успеал да ги врати во посед европскиот брег на Мраморното Море и Солун под византиска власт. Кога Мануил II се вратил дома во 1403 година, неговиот внук му ја предал контролата на Цариград и бил награден со владение на новоосвоениот Солун. Мануил исто така од Османлиите го освоил Несебар (1403–1453), Варна (1403–1415), и мраморното крајбрежје Скутари до Никомедија меѓу 1403–1421 година.

Мануел II Палеолог го искористил овој период на затишје да ја зајакне одбраната на Морејското Деспотство, каде Византија територијално се проширила на сметка на остатоците од Латинското Царство. Тука Мануил ја надгледувал изградбата на Хексамилион преку Коринтскиот превој, н аменет да го одвои Пелопонез од Османлиите.

 
Пола ставрат монета на Мануил. на задната страна е Мануиловата биста.

Мануил II бил во пријателски односи со победникот од Османлиската граѓанска војна, Мехмед I (1402–1421), но неговите обиди да се вмеша во изборот на наследникот довело до нов напад на Цариград од Мурат II (1421–1451) во 1422. Во последните години од својот живот, Мануил II го предал поголемиот број на официјални должности на својот син и наследник Јован VIII, и повторно заминал во Европа барајќи помош против Османлиите, овој пат кај Жигмунд Луксембуршки, каде останал два месеци во неговиот дворец во Буда. Жигмунд (кој доживел пораз против Турците во Битката кај Никопол во 1396 година) никогаш не ја отфрлил можноста за борба против Османлиското Царство. Сепак со Хуситските војни во Бохемија, не можел да очекува помош од чешките и германските војски, а унгарските војски биле потребни да го заштитат кралството и да ги исконтролираат верските судири.[3] Несреќно Мануил се вратил дома со празни раце од Унгарија, и во 1424 година тој и неговиот син биле приморани да потпишат неповолен мировен договор со Османлиите, според кој Византија морала да плаќа данок на султанот. Мануил II починал на 21 јули 1425 година.

Мануил II бил автор на бројни тела со различни тематики, вклучувајќи писма, поеми, житија, трактати за теологија и реторики, и епитаф за неговиот брат Теодор I Палеолог и огледало за принцот за неговиот син и наследник Јован. Ова огледало за принцот има посебна вредност, бидејќи е последниот примерок на овој книжевен жанр оставен во наследство од страна на византијците.

Семејство

уреди

Со сопругата Елена Драгаш, ќерката на српскиот принц Константин Драгаш, Мануел II Палеолог имал неколку деца:

  • Ќерка. спомната како најстаро дете но не е именувана. Најверојатно помешана со Изабела Палелогина, незаконска ќерка на Мануил II познато е дека се омажила за Иларио Дорија.
  • Константин палеолог. роден околу 1393/8, починал пред 1405 година во Монемвазија.[4]
  • Јован VIII Палеолог (18 декември 1392 – 31 октомври). Византиски цар, 1425–1448.
  • Андроник Мануил Палеолог (починал 1429).
  • Втора ќерка. Која не се споменува во текстови.
  • Теодор II Палеолог (починал 1448).
  • Михаил Палеолог. Роден 1406/7, починал 1409/10 од чума.[5]
  • Константин XI Палеолог (8 февруари 1405}} – 29 мај 1453). Деспот на Мореја и последниот византиски цар, 1448–1453.
  • Деметриј Палеолог (о. 1407–1470). Деспот на Мореја.
  • Тома Палеолог (о. 1409 – 12 мај 1465). Деспот на Мореја.

Семејно стебло

уреди

Наводи

уреди
  1. Great Synaxaristes: (грчки) Ὁ Ὅσιος Μανουὴλ αὐτοκράτωρ Κωνσταντινουπόλεως. 21 Ιουλίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  2. Brian Cathcart An emperor in Eltham New Statesman 25 September 2006. It is to be noted however that the Latin Emperor of Constantinople, Baldwin II, visited the court of Henry III on two occasions, in 1238 and 1247, in search of assistance against the Byzantine successor state of Nicaea. Cf. Matthew Paris, Chronica Majora, ed. H.R. Luard, London: 1872–1883, 7 vols. (Rolls series, 57): vol. 3, 480–481; vol. 4, 625–626.
  3. Szalay, J. y Baróti, L. (1896). A Magyar Nemzet Története. Budapest, Hungría: Udvari Könyvkereskedés Kiadó.
  4. Trapp, Erich; Beyer, Hans-Veit; Kaplaneres, Sokrates; Leontiadis, Ioannis (1989). „21490. Παλαιολόγος Κωνσταντῖνος“. Prosopographisches Lexikon der Palaiologenzeit. 9. Vienna: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften.
  5. Trapp, Erich; Beyer, Hans-Veit; Kaplaneres, Sokrates; Leontiadis, Ioannis (1989). „21520. <Παλαιολόγος> Μιχαήλ“. Prosopographisches Lexikon der Palaiologenzeit. 9. Vienna: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften.
  • Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.

cf. James V. Schall S.J., The Regensburg Lecture, South Bend IN: St. Augustine's Press, 2007.

Дополнителна литература

уреди
  • Manuel II Palaeologus Funeral Oration on His Brother Theodore. J. Chrysostomides (editor & translator). Association for Byzantine Research: Thessalonike, 1985.
  • Manuel II Palaeologus, The Letters of Manuel II Palaeologus George T. Dennis (translator), Dumbarton Oaks, 1977. ISBN 0-88402-068-1.
  • Barker, John (1969). Manuel II Paleologus (1391–1425): A Study in Late Byzantine Statesmanship. Rutgers University Press. ISBN 0-8135-0582-8.
  • Karl Förstel (ed.): Manuel II. Palaiologos: Dialoge mit einem Muslim (Corpus Islamo-Christianum. Series Graeca 4). 3 vol. Echter Verlag, Würzburg 1995; ISBN 3-89375-078-9, ISBN 3-89375-104-1, ISBN 3-89375-133-5 (Greek Text with German translation and commentary).
  • Jonathan Harris, The End of Byzantium. Yale University Press, 2010. ISBN 978-0-300-11786-8
  • Florin Leonte, Rhetoric in Purple: The Renewal of Imperial Ideology in the Texts of Manuel II Palaiologos. PhD dissertation, Central European University, Budapest, 2012
  • Leonte, Florin (2012), Rhetoric in purple : the renewal of imperial ideology in the texts of emperor Manuel II Palaiologos, CEU ETD collection[мртва врска]
  • Mureşan, Dan Ioan (2010). „Une histoire de trois empereurs. Aspects des relations de Sigismond de Luxembourg avec Manuel II et Jean VIII Paléologue“. Во Ekaterini Mitsiou et alii (уред.). Sigismund of Luxemburg and the Orthodox World (Veröffentlichungen zur Byzanzforschung, 24). Wien: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften. стр. 41–101. ISBN 978-3-7001-6685-6
  • Necipoglu, Nevra (2009). Byzantium between the Ottomans and the Latins: Politics and Society in the Late Empire. Cambridge University Press. ISBN 978-0-511-51807-2.
  • Nicol, Donald MacGillivray (1993), The Last Centuries of Byzantium, 1261–1453, Cambridge University Press, ISBN 0-521-43991-4
  • George Sphrantzes. The Fall of the Byzantine Empire: A Chronicle by George Sphrantzes, 1401–1477. Marios Philippides (editor & translator). University of Massachusetts Press, 1980. ISBN 0-87023-290-8.
  • Erich Trapp: Manuel II. Palaiologos: Dialoge mit einem „Perser“. Verlag Böhlau, Wien 1966, ISBN 3-7001-0965-2. (German)

Надворешни врски

уреди
Мануил II Палеолог
Роден(а): 27 јули 1350 Починал(а): 21 јули 1425
Владејачки титули
Претходник
Јован V
Визнтиски цар
1391–1425
Наследник
Јован VIII