Роман II
Роман II (грчки: Ρωμανός Β΄, о. 938 г. - 15 март 963г.), бил византиски цар од 959 г. до 963 г. Тој го наследил неговиот татко Константин VII Порфирогенит во 959 г. на дваесет и една година и починал ненајдено во 963 г. Тој бил внук на царот-узурпатор Роман I Лакапин, и претставувал врска помеѓу Македонската династија од машка и Лакапините од женска страна.
Роман II Ρωμανός Β΄ | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
Златен солид со царот Роман II и неговиот татко Константин VII | |
Византиски цар | |
На престол | ноември 959 - 15 март 963 |
Крунисување | 6 април 945 (како совладетел) |
Претходник | Константин VII Порфирогенит |
Наследник | Никифор II Фока |
Роден(а) | околу 938 Цариград |
Починал(а) | 15 март 963 Цариград |
Сопружник | Берта Италијанска Теофано |
Деца | Василиј II Константин VIII Елена Порфирогенита |
Династија | Македонска династија |
Татко | Константин VII Порфирогенит |
Мајка | Елена Лакапин |
Ран живот
уредиДетство и женидба
уредиТој како дете, според волјата на Роман Лакапин, бил со вонбрачната ќерка на Хуго од Прованса, но со прераната смрт на малата принцеза оваа врска, понижувачка за легитимниот царски син, престанала уште пред да се престори во вистински брак. Околу 956 г. Роман по сопствена волја и од љубов се оженил со Анастаса, ќерка на крчмар, која како царица го добила името Теофано. Оваа меобично убава, меѓутоа, крајно славољубива и потполно аморална жена во византиската историја одиграла посебна улога. Роман II целосно потпаѓал под нејзиното влијание. Поради нејзината желба царицата-мајка Елена морала да се повлече, а сестрите на царот присилно биле затворени во манастир.[1]
Стекнување царска титула
уредиКонстантин VII Порфирогенит, ја презел царската власт во својата четириесетта година, откако од најраното детство, цели триесет и три години, носел царска круна. На Велигден, на 6 април 945 г., ја добил царската титула и неговиот син Роман.[2]
Владеење
уредиПо смртта на Константин VII (9 ноември 959 г.) на престолот дошол неговиот син Роман II, слаб и лесноумен младич, кој ја наследил татковата политичка неспособност, но не и неговата љубов кон науката.[3] За државните работни Роман II воопшто не се грижел, туку му ги препуштал на способниот но безобѕирен и мошне непопуларен евнух Јосиф Вринга. Првата улога во Царството, меѓутоа, ја играл големиот војсководец Никифор Фока.[4]
Во летото 960 г. Никифор Фока тргнал со голема флота на Крит. По долгата и мошне тешка опсада, која траела цела зима, неговите трупи во март 961 г. ја освоиле Кандија, престолнината на островот. Крит одново и припаднал на Византија откако речиси 140 години се наоѓал под власта на Арабјаните, служејќи им како главна база во источниот дел на Средоземното Море. Поголема и позначајна победа Византија веќе неколку векови не доживеала.[4]
По триумфалниот дочек во Цариград, Никифор Фока, ја обновил борбата со Саиф-ад-Даулах во Азија. Неговото војување и овде било крунисано со извонредни успеси. Еден по друг паднале: Аназарб во Киликија, Германикеја околу кој биле водени многу борби, Рабан и Дулук (Телух), а во декември 962 г.по тешка опсада се предал и Алеп, престолнината на Саиф-ад-Даулах. Иако заземањето на овие градови не значело и нивно дефинитвно припојување на Византија, сепак победоносното продирање на византискиот војсководец јасно ја докажало неговата голема надмоќ. Борбата со Хамданидите, која во текот на последните три децении била во средиштето на византиската надворешна политика, уште тогаш била решена во полза на Византијците.[4]
Смрт и наследници
уредиПо прераната смрт на Роман II, на 15 март 963 г., власта кратко преминала во рацете на царицата Теофано, која презела регентвото на своите малолетни синови Василиј II и Константин VIII.[4]