Константин XI Палеолог

(Пренасочено од Константин XI Палеолог Драгаш)
Ова е објавената верзија, проверена на 18 јуни 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Константин XI Драгаш Палеолог (грчки: Κωνσταντινος ΙΑ' Δραγάσης Παλαιολόγος, Kōnstantinos XI Dragasēs Palaiologos; 8 февруари 1405[1][2]29 мај 1453) бил последниот византиски цар кој владеел[3][4][5] како член на палеолошката династија од 1449 до неговата смрт во битка при падот на Цариград. По неговата смрт, станал легендарна фигура во грчкиот фолклор како „Крал во планината“ кој ќе ја издигне и врати империјата и Цариград од Османлиите.[1][6] Неговата смрт го означила крајот на Римското Царство, која продолжила да постои цели 977 години како Византија, по падот на Западното Римско Царство.[7][8]

Константин XI Палеолог
Κωνσταντῖνος ΙΑ' Παλαιολόγος
Византиски цар
На престол6 јануари 1449 – 29 мај 1453
Крунисување6 јануари 1449
ПретходникЈован VIII Палеолог
Наследникнема
Роден(а)8 февруари 1405(1405-02-08)
Цариград
Починал(а)29 мај 1453(1453-05-29) (возр. 48)
Цариград
Жени
ДинастијаПалеолошка династија
ТаткоМануил II Палеолог
МајкаЕлена Драгаш
Вероисповедкатолик

Животопис

уреди
 
Минијатура од ракопис од раниот 15-ти век на која се прикажани таткото на Константин - царот Мануил II Палеолог, мајка му Елена Драгаш и неговите тројца постари браќа Јован, Теодор и Андроник

Константин се родил во Цариград[2] како осмо од десетте деца на Мануил II Палеолог и Елена Драгаш, ќерката на српскиот магнат Константин Дејанов. Тој бил екстремно наклонет кон неговата мајка и поради тоа го присвоил нејзиното презиме (Драгаш) веднаш до тоа од династијата кога се качил на царскиот престол. Поголемиот дел од неговото детство го поминал во Цариград под надзор на неговите родители. Бил гувернер на Силиври одреден период, сè додека не му ја препуштил таа задача на својот брат Теодор во 1443. За време на отсуството на својот постар брат Јован на Советот на Фиренца во Италија, Константин служел како владетел во Цариград (1437–1440).

Деспот на Мореја

уреди

Константин станал деспот на Мореја (средновековното име на Пелопонез) во октомври 1443, владеејќи од тврдината и палатата во Мистра. Во тоа време, Мистра, богат град познат и како Спарта поради неговата близина со античкиот град,[9] бил центар на уметностите и културата конкурирајќи му на Цариград.[10] Дваесет години претходно, тој му помагал на својот брат Јован да ја консолидира византиската контрола над Мореја, војувајќи против латинските принцови кои сè уште поседувале некои делови од територијата, така освен венецијанските територии како Метони, Корони и Нафплио, целиот полуостров потпаднал под византиска власт.[11]

Откако станал деспот, Константин ја зајакнал одбраната на Мореја со тоа што го реконструирал ѕидот преку Истмус на Коринт наречен „Хексамилион“ (6 милји ѕид), по предлог на неговиот познат учител и научник, Плитон.[12]

Летото 1444, Константин ја напуштил Мореја, окупирајќи го Атинското Војводство. Тој брзо ги освоил Теба и Атина, присилувајќи го фиренцискиот војвода, Нерио II Акчиајоли, вазал на османлискиот султан да му плати данок. Турскиот одговор бил неизбежен. Две години подоцна, султанот Мурат II кој излегол од пензија, предводел армија од 50,000–60,000 војници во Грција за да стави крај на претензиите на Константин.[13] Неговата цел не била да ја освои Мореја, туку да им одржи казнена лекција на Грците и нивните деспоти.[13] Османлиската армија стигнала до Хексамилион на 27 ноември 1446. Константин се обидел да преговара со султанот, но според историчарот Лаоник Халкокондил, неговите услови „не биле умерени, бидејќи побарал Истмус да биде негов и да ги задржи сите подалечни територии на султанот кои тој ги предложил“.[14]

Константин и неговиот брат Тома, се подготвиле за нападот кај Хексамилион, кого османлиската армија го достигнала на 27 ноември 1446. Додека ѕидот можел да издржи средновековни напади, султанот Мурат употребил бомбарди за да ги потпомогне вообичаените опсадни справи и ѕидни скали. Бомбардите го пробиле ѕидот на 10 декември. Јаничарите на Мурат се пробиле низ пукнатините и бранителите дигнале паника и побегнале. Константин и Тома се обиделе да ги соберат нивните војници, неуспешни во тоа едвај успеале да избегаат во Мистра.[15] Мурат ги поделил неговите сили, препуштајќи еден дел на неговиот советник Турахан, додека другиот дел го предводел крај јужниот брег на Коринтскиот Залив, грабејќи и уништувајќи како што неговите војници напредувале. Иако ни Патра ни Мистра не биле освоени од Османлиите, покраината била уништена. Окулу 60,000 луѓе биле земени како затвореници од страна на султановите сили и биле продадени како робови на турските пазари. Константин и неговиот брат Тома биле присилени да станат вазали на османлискиот султан и да плаќаат данок.[16] Обидите за зголемување на византиските богатства со проширување на нивната хегемонија во Мореја биле неуспешни.

Бракови

уреди

Константин XI се оженил двапати: првиот пат на 1 јули 1428 со Теодора Токо, внука на Карло I Токо од Епирското Деспотство, којашто починала во ноември 1429; вториот пат во август 1441 со Катерина Гатилузио, ќерка на Дорино I Гатилузио, којашто исто така умрела за време на породување во 1442. Немал деца од ниеден од браковите. По неговото крунисување, во 1451, Константин XI испратил комисија предводена од Георгиј Сфранцес со цел Мара Бранковиќ, ќерка на српскиот деспот Георгиј Бранкович и византиската принцеза Ирина Кантакузина, во тоа време вдовица од Мурат II, да се ожени со него (на Мара и било дозволено да се врати кај нејзините родители во Србија по смртта на Мурат). Предлогот бил прифатен од страна на нејзиниот татко, Георгиј Бранкович, но самата таа се зколнала „ако некогаш Бог ја ослободи рацете на неверникот таа ќе живее без никакви сексуални односи до крајот на животот“.[17] Според тоа, додворувањето било неуспешно па така Сфранцес презел мерки за склучување на брак со прнцеза од Трапезунтското Царство или од Кралството Грузија. Последователно била избрана непозната грузиска принцеза, ќерка на Георгиј VIII. Тој официјално почнал да преговара со грузискиот крал, којшто испратил амбасадор во Цариград поради таа причина.[18] Било договорено дека следната пролет, Сфранцес ќе плови во Грузија за да ја донесе невестата во Цариград, но плановите на Константин биле поништени поради трагичните случувања во 1453.[1]

Владеење како цар

уреди
 
Мермерена плоча со двоглав орел во црквата „Свети Димитриј“ во Мистра, којашто го означува местото каде Константин XI бил крунисан.

И покрај странските и домашните тешкотии за време на неговото владеење, кои резултирале со падот на Цариград и византиското Царство, современи извори обично зборуваат со почит кон царот Константин. Кога неговиот брат, царот Јован VIII Палеолог, умрел без да има деца, дошло до спор меѓу Константин и неговиот брат Димитриј Палеолог за наследување на престолот. Димитриј имал поддршка во противењето за соединување на православните и католичките цркви. Царицата Елена, која била владетел, го поддржувала Константин. Тие се обратиле кај османлискиот султан Мурат II за да го разобличат несогласувањето.

Мурат одлучил во полза на Константин и на 6 јануари 1449 Константин бил крунисан во катедралата во Мистра од страна на тамошниот епископ. Било ретко, но не и без преседан цар да биде крунисан во провинциски град. Основачот на династијата Палеолог бил крунисан во Никеја, Мала Азија, Јован VI Кантакузин во Адријанопол, Тракија. Но, тие сметале дека втората церемонија на крунисувањето треба да се одржи во Цариград, од страна на патријархот. Константин бил исклучокот. На времето, патријархот Грегориј III бил унионист, (види Источно-Западен Раскол) избегнуван од страна на неговото свештенство. Константин знаел дека ако биде крунисан од Грегориј само ќе додаде масло на веќе постоечкиот оган на религиски раздор во градот.[19] Тој пловел од Грција на венецијански брод и пристигнал во Цариград на 12 март 1449 година.[19]

Султанот Мурат умрел во 1451, наследен од неговиот деветнаесет годишен син Мехмед II. Мехмед II бил опседнат со освојувањето на Цариград.[20] Константин одговорил на ова со закана дека ќе го ослободи принцот Орхан, којшто бил претендент за османлискиот престол, доколку не бидат исполнети некои од неговите барања. Поради ова, Мехмед сметал дека Константин го прекршил примирјето и по зимата 1451-1452, Мехмед ја изградил Румелихисар, тврдина на европската страна на Босфор, северно од градот кој ја сече комуникацијата со Црното Море на исток.[21] Ова било дополнување на Анадолскиот Хисар на азиската страна на Босфор, изграден помеѓу 1393 и 1394 од султанот Бајазит I. За Константин тоа било очигледен обид за опсада и тој истовремено почнал да ја подготвува својата одбрана.

Тој успеал да обезбеди средства да се складира храна за претстојната опсада и да се поправат старите Теодосиеви ѕидини, но лошата состојба на византиската економија не му дозволила да се подигне потребната војска за одбрана на градот против масовната османлиска војска. Очаен за каква било воена помош, Константин XI се обратил на Западот потврдувајќи го обединувањето на источното православие и римокатоличката црква, кое било склучено при Советот на Фиренца, услов поставен од католичката црква пред каква било помош да биде понудена. Унијата била критикувана од мнозината поданици на антиунијата. Неговиот мега дукс Лука Нотарас, неговиот главен министер и воен командант, наводно изјавил „Подобро е да се гледа турбанот на Турците како владее во центарот на градот, отколку латинската митра“.[22] Конечно, иако некои војници пристигнале од градовите-држави во северна Италија, западната помош била занемарлива во споредба со потребите, имајќи ја предвид османлиската сила. Константин исто така побарал помош и од неговите браќа во Мореја, но каква било помош била оневозможена од страна на османлиската инвазија на полуостровот во 1452 година, приморан таму да ги задржи војниците.[23] Опсадата на градот започнала зимата 1452 година. Константин се соочил со опсадата бранејќи го неговиот град од 60,000 жители со 7,000 војници. Со византиските сили се соочувала повеќебројна османлиска војска, помагана од врвна опсадна опрема овозможена од унгарскиот произведувач на оружје, Урбан.[24]

Падот на Цариград и смрт

уреди
 
Популарен опис на Константин XI.

Пред почетокот на Опсадата, Мехмед II му дал понуда на Константин XI. Во замена за предавањето на Цариград, царот ќе биде поштеден и ќе продолжи да владее во Мистра. На ова, според зачувани материјали на Георгиј Сфранцес, Константин одговорил:

„Да ти го предадам градот на тебе е надвор од мојата власт или било којшто живее во него, па така сите ние, по заеднички донесената одлука, ќе умреме доброволно без да ги штедиме нашите животи.“

Тој ја предводел одбраната на градот и заедно со неговите војници се борел на ѕидините на цариград. Истовремено, тој ја користел својата дипломатска вештина да ја одржи неопходната обединетост помеѓу војниците од Џенова, Венеција и Грција.

Тој умрел денот кога градот паднал, 19 мај 1453. Неговите последни зборови биле: „Градот падна, а јас сум сè уште жив“.[25] Тогаш тој го откинал царскиот накит за да не се разликува по ништо од останатите војници и ги предводел во последен напад при кој бил убиен.[26]

Биле испратени војници да го бараат неговото тело помеѓу мртвите. Првиот труп кој се сметало дека е на царот, труп кој имал свилени чорапи со извезен орел на нив, бил обезглавен и покажуван низ целиот руиниран град. Сеедно, не бил препознает од страна на жителите на Цариград.[27] Немало преживеани очевидци на смртта на царот и никој од неговата придружба не преживеал за да понуди веродостојни информации за неговата смрт.[28]

Наследство

уреди

Според легендата, кога Османлиите влегле во градот, ангел го спасил царот, го претворил во мермер и го сместил во подземна пештера близу Златната порта, каде што чека да биде вратен во живот за да го врати градот назад на хриситијаните.[29][30]

Додека служел како амбасадор во Русија во февруари 1834, Ахмед-паша му подарил на Николај I Павловиќ многу подароци, меѓу кои и меч украсен со скапоцени камења кој се смета дека бил земен од телото на Константин XI.[31]

Наследството на константин се користело како групно жалење за Грците за време на нивната војна за независност со Османлиското Царство. Денес царот се смета за национален херој во Грција.

За време на Балканските војни и Грчко-турската војна, под влијание на „Голема Идеја“, името на тогашниот грчки крал, Константин, било користено во Грција како популарна потврда на пророчкиот мит за „Мермерниот Цар“ кој ќе го ослободи Цариград и повторно ќе ја создаде изгубената империја.

Наследството на Константин Палеолог сè уште е популарна тема во грчката култура. Добропознатите современи композитори Апостол Калдарас и Стаматис Спанудакис имаат напишано елегии за „Мермерниот Цар“.[32][33]

Неофицијален светец

уреди

Некои источни православни цркви и гркокатолици го сметаат Константин XI за светец. Сеедно, тој не е официјално канонизиран од ниедна од црквите, делумно поради контроверзноста во врска со неговите лични религиозни гледишта и делумно поради тоа што смртта во битка вообичаено не се смета за форма на мачеништво од страна на православната црква. Православен маченик е оној кој „доброволно“ ја прифаќа смртта како негова судбина, типично во ситуација каде што тој има избор да се откаже од христијанството и да живее, но наместо тоа одбира смрт во името на Исус Христос.

Потекло

уреди

Во популарната култура

уреди
  • Царот Константин XI бил насликан од Чахит Иргат во турскиот филм „İstanbul'un Fethi“ (1951).
  • Реџеп Актуѓ го насликал царот Константин XI во тускиот филм „Фетих 1453“ (2012).
  • Царот Константин XI е протагонистот во „Цариградис“, новела од Џејмс Шипман (2013).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Donald M. Nicol, The Immortal Emperor (Cambridge: University Press, 1992) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Nicol“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991
  3. Donald MacGillivray Nicol, The last centuries of Byzantium, 1261–1453 (Cambridge: University Press, 1993), p.369
  4. A.Vasiliev, History of the Byzantine Empire, 324–1453, volume 2 (1958), p.589
  5. William J. Duiker, Jackson J. Spielvogel, World History, Volume I (2009), p.378
  6. David Nicolle, John F. Haldon, Stephen R. Turnbull, The fall of Constantinople: the Ottoman conquest of Byzantium, Osprey, 2007, p.191
  7. Donald M. Nicol (9 May 2002). The Immortal Emperor: The Life and Legend of Constantine Palaiologos, Last Emperor of the Romans. Cambridge University Press. стр. 9. ISBN 978-0-521-89409-8. Constantine's death marked the end of an institution that traced its origins back to the reign of Constantine the Great in the fourth century, ...
  8. George W. White, Nationalism and territory: constructing group identity in Southeastern Europe (London: Rowman & Littlefield, 2000), pp.124
  9. Elizabeth Rawson, The Spartan tradition in European thought (Oxford: University Press), p.120
  10. Nicol, Last Centuries, pp. 341f
  11. Nicol, Last Centuries, pp. 346f
  12. N. Nikoloudes, Laonikos Chalkokondyles: a translation and commentary of the "Demonstrations of histories", Books 1–3, Volume 16, Historical Publications, 1996, p. 391
  13. 13,0 13,1 Donald M. Nicol, Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations (Cambridge: University press), p. 386
  14. Chalkokondyles 7.19; translated by Anthony Kaldellis, The Histories (Cambridge: Dumbarton Oaks Medieval Library, 2014), vol. 2 p. 105
  15. Chalkokondyles 7.20-25; translated by Kaldellis, The Histories, vol. 2 pp. 107-113
  16. Nicol, Last Centuries, pp. 364f
  17. Nicol, Immortal Emperor, p.45
  18. Nicol, Immortal Emperor, p.46
  19. 19,0 19,1 Donald M. Nicol, Byzantium and Venice: A Study in Diplomatic and Cultural Relations, (Cambridge: University Press) p.390
  20. Franz Babinger, Mehmed the Conqueror and his Time, translated by Ralph Manheim (Princeton: University Press, 1978), p. 81
  21. Babinger, Mehmed, pp. 77f
  22. Doukas, 37.9
  23. Babinger, Mehmed, p. 80
  24. Brett D. Steele & Tamera Dorland, The heirs of Archimedes: science and the art of war through the Age of Enlightenment (Cambridge: The MIT Press, 2005), p.128
  25. Philip Sherrard, Constantinople: iconography of a sacred city (Oxford: University Press, 1965), p. 139
  26. Constance Head, Imperial twilight: the Palaiologos dynasty and the decline of Byzantium, Nelson-Hall, 1977, p. 168
  27. Lost to the West: the forgotten Byzantine Empire that rescued Western Civilization, 2009, p. 299
  28. Marios Philippides; Walter K. Hanak (2011). "The" Siege and the Fall of Constantinople in 1453: Historiography, Topography, and Military Studies. Ashgate Publishing, Ltd. стр. 100. ISBN 978-1-4094-1064-5. Посетено на 20 May 2013. The fact of the matter is that no survivor had witnessed the death of the emperor and no one from the emperor's immediate retinue survived the last stand to present a credible report of Constantine's actual demise.
  29. The Marble King (in Greek)
  30. Odysseas Elytis's poem on Constantine XI Palaeologos
  31. Niles' Register, "Russia and Turkey", February 1834. Page 426.
  32. The Marble King (music/video) на YouTube
  33. Μαρμαρωμένος Βασιληάς/The Marble-Petrified King (music/video) на YouTube

Библиографија

уреди
  • Роџер Кроули, „1453: Светата војназа Цариград и судирот на исламот и Западот“. Хиперион, 2005; ISBN 1-4013-0850-3
  • Џонатан Харис, „Крајот на Византија“. Печат на Јеилскиот универзитет, 2010. ISBN 978-0-300-11786-8
  • Доналд М. Никол, „Бесмртниот Цар“. Печат на Кембричкиот универзитет, 1992. ISBN 0-521-46717-9
  • Доналд М. Никол, „Последните векови на Византија“. Печат на Кембричкиот универзитет, 1993, 2-ро издание. ISBN 0-521-43991-4
  • Мур Нем, Лина (2003). 1453: Падот на Цариград. Aleph Et Taw. ISBN 2-86839-816-2.
  • Оксфордски речник на Византија, 1991.
  • Стивен Рансиман, Падот на Цариград, 1453. Печат на Кембричкиот универзитет, 1965. ISBN 0-521-09573-5
  • Јоргос Францес, Јоанес А. Мелисејдес, Рита Заволеа Мелисејдо, " Ealo I Polis, To Chronico tes halose tes Konstantinoupoles " ( Цариград падна. Хрониките на Падот на Цариград: Кратка историја на настани во Цариград за време на периодот 1440-1453, Георгиу, Јоанес А. Мелисејдес - преведувач : Јоанес А. Мелисејдес, Рита Заволеа Мелисејдо ) 1998/2004, Ekd.Vergina, Атина. ISBN 9789607171917 (Ворлдкет, грчка национална библиографија 1999/2004, Библионет)

Надворешни врски

уреди
Константин XI Палеолог
Династија Палеолози
Роден(а): 8 февруари 1404 Починал(а): 29 мај 1453
Владејачки титули
Претходник
Јован VIII Палеолог
Византиски цар
1449–1453
нема информации
Преземен од Димитриј Палеолог
и Тома Палеолог во отсуство
Претходник
Теодор II Палеолог
Деспот на Мореја
1443–1449
Наследник
Тома Палеолог
Византиско Царство
Ромејска култура Историја на Римското Царство во средниот век Уредување на Римското Царство во средниот век

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Сириец | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големиот раскол (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексиј I Комнин | Мануил I Комнин
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Римското Царство (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Средновековни римски цареви
Средновековна римска дипломатија