Ставрикиј (грчки: Σταυράκιος; п. 11 јануари 812) — византиски бил цар од 26 јули до 2 октомври 811 година, го наследил неговиот татко, Никифор I, кој загинал во Битката кај Плиска. Неговото владеење било кусо и прекинато поради сериозната рана здобиена во истата битка и бил приморан да се повлече во манастир на неговиот шура, Михаил I Рангабе, каде умрел набрзо потоа.

Ставрикиј
Цар на Византија
Ставрикиј (десно) на монета издадена од неговиот татко Никифор I (лево)
На престол26 јули 811 — 2 октомври 811
ПретходникНикифор I
НаследникМихаил I
Починал(а)11 јануари 812
ПридружникТеофано
ТаткоНикифор I

Живот

уреди

Синот на царот Никифор I, Ставрикиј бил крунисан како негов помошник во декември 803 година.[1] Хроничарот Теофан Исповедникот изјавил дека тој бил целосно неспремен да стане негов помошник[2] и тврдел дека Ставрикиј бил виновен за силување,[1] тврдење можеби под влијание на неговата омраза кон Никифор I.[3] На 20 декември 807 година, Атињанката Теофано, роднина на симнатата царица Ирена,[4] била избрана од Никифор за жена на Ставрикиј од друштво на млади девојки, собрани од целото Царство. Двајцата се венчале истиот ден.[5] Во текот на владеењето на татко му имал команда со елитната единица Хиканатои.[6]

Ставрикиј учествувал во експедицијата на татко му против Крум од Бугарија во 811 година[7] и одвај се спасил од ужасната Битка кај Плиска, каде неговиот татко бил убиен.[8] Меѓутоа, Ставрикиј бил парализиран од повредата со меч близу неговиот врат,[9] и бил спасен од царски стражар кој го спасил од битката и го донел во Адријанопол.[10] Бегајќи со него бил и неговиот шура, Михаил Рангабе, командантот Стефан и магистрантот Теоктистос.[11] Собрани околу кревето на Ставрикиј, тие расправале за наследството. Поради непознатата состојба, бил забрзано прогласен за цар од Стефан, кој ја имал поддршката на војската.[12] Ова било првпат цар на Источното Царство да биде крунисан надвор од Цариград.

Меѓутоа во исто време, Теоктистос го притискал Михаил Рангабе да го преземе царскиот престол за себе — поради повредите на Ставрикиј и поради тоа што бил зет на Никифор, Теоктистос верувал дека тој бил најдобар избор за справување со бугарската закана. Меѓутоа, Михаил продолжил да го поддржува неговиот шура.[13] Во меѓувреме, за да го обезбеди своето продолжение на престолот, Ставрикиј се појавил пред остатокот на царската војска во Адријанопол и имал некои критики кон сега починатиот негов татко, што наишло на нивна поддршка.[11] Ставрикиј бил набрзо пренесен со носилка од Адријанопол во Цариград.

Поради раната, парализата на нозете и постојаната болка, набрзо се увидело дека Ставрикиј нема да може да ја извршува власта.[14] Како што се влошувала неговата состојба, дворот бил поделен помеѓу фракциите на неговата жена Теофано и неговата сестра Прокопија, која се надевала дека нејзиниот маж, Михаил Рангабе, ќе биде избран како наследник на царот.[15] Бидејќи немал негови деца за да го наследат, набрзо станало познато дека Ставрикиј сака да ја назначи Теофано како негов наследник.[16] Под влијание на жена му, започнал да ги запира командантот Стефан и магистрантот Теоктистос[13] и да ја префрли моќта, се обидел да го ослепи Михаил на 1 октомври 811 година. Ова дело било поттикнато од дејствата на Стефан.[17] Имало и популарно озборување дека Ставрикиј планирал да го укина Царството и да ја основа како република.[18] Поддржувачите на Михаил, кои сега ги вклучувале Стефан и Теоктистос, како и патријархот Никифор I, кој бил запознаен со плановите на Ставрикиј да го предаде престолот на Теофано,[19] го приморале царот да абдицира на 2 октомври.[20] Пред да биде испратен од дворецот бил посетен од неговата сестра Прокопија, шурата Михаил и патријархот, сите ги оправдувале неговите дејства со фактот за тешките повреди, додека Ставрикиј ги прекорил сите, особено патријархот.[21]

Ставрикиј се повлекол во манастир[22] каде починал од раните на 11 јануари 812 година.[23] Михаил Рангабе станал цар како Михаил I.[24]

Извори

уреди

Основни извори

уреди

Споредни извори

уреди
  • Warren Treadgold, A History of the Byzantine State and Society (Stanford University Press, 1997) ISBN 0-8047-2630-2
  • Whittow, Mark, The Making of Byzantium, 600-1025 (University of California Press, 1996) ISBN 0-520-20497-2
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
  • Norwich, John Julius (1993), Byzantium: The Apogee, Penguin, ISBN 0-14-011448-3
  • Vasiliev, A. A., History of the Byzantine Empire, 1952
  • Bury, J. B., A History of the Eastern Roman Empire, from the Fall of Irene to the Accession of Basil I, 1912
  • George Finlay, History of the Byzantine Empire from 716 – 1057, William Blackwood & Sons, 1853
  •   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Kazhdan, pg. 1945
  2. Chronographia, 480:14-15
  3. Whittow, pg. 12
  4. Kazhdan, pg. 1946
  5. Bury, pg. 15
  6. Whittow, pg. 169
  7. Norwich, pg. 8
  8. Treadgold, pg. 428-9; Vasiliev, pg. 271
  9. Treadgold, pg. 429
  10. Kazhdan, pg. 1946; Finlay, pg. 127
  11. 11,0 11,1 Bury, pg. 16
  12. Kazhdan, pg. 1946; Treadgold, pg. 429; Finlay, pg. 127
  13. 13,0 13,1 Bury, pg. 17
  14. Treadgold, pg. 429; Norwich, pg. 9
  15. Treadgold, pg. 429; Bury, pg. 17
  16. Kazhdan, pg. 1946; Norwich, pg. 9
  17. Treadgold, pg. 429; Kazhdan, pg. 1946; Bury, pg. 19
  18. Bury, pg. 18
  19. Bury, pg. 19
  20. Norwich, pg. 10
  21. Bury, pg. 20
  22. Treadgold, pg. 429; Finlay, pg. 128
  23. Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection and in the Whittemore Collection: Leo III to Nicephorus III, 717-1081 (1973), pg. 362
  24. Kazhdan, pg. 1362; Whittow, pg. 150

Надворешни врски

уреди
Ставрикиј
Роден(а): непознато Починал(а): 11 јануари 812
Владејачки титули
Претходник
Никифор I
Византиски цар
811
Наследник
Михаил I