Михаил I Рангабе
Михаил I Рангабе (грчки: Μιχαῆλ A' Ῥαγγαβέ; околу 770 — 11 јануари 844) — византиски цар кој владеел од 811 до 813 година.
Михаил I Рангабе | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Византија | |||||
Михаил I Рангабе од Madrid Skylitzes. | |||||
На престол | 2 октомври 811 — 22 јуни 813 | ||||
Крунисување | 2 октомври 811 Аја Софија | ||||
Претходник | Ставрикиј | ||||
Наследник | Лав V | ||||
Роден(а) | околу 770 | ||||
Починал(а) | 11 јануари 844 Проте | ||||
Почивалиште | Црква на Проте, префрлен во манастир на Сатирос | ||||
Сопружник | Прокопија | ||||
Деца | Теофилактос Ставрикиј Никетас Јорго Теофано | ||||
| |||||
Династија | Никифорска | ||||
Татко | Теофилакт Рангабе |
Михаил бил син на патрицијот Теофилакт Рангабе, адмирал на егејската флота. Се оженил со Прокопија, ќерката на идниот цар Никифор I и добил високо дворско место по крунисувањето на неговиот дедо во 802 година.
Преглед
уредиМихаил ја преживеал страшната борба на Никифор против Крум од Бугарија и бил сместен за подобар кандидат за престолот отколку тешко повредениот шура Ставрикиј. Кога жената на Михаил, Прокопија, не успеала да го убеди нејзиниот брат да го именува Михаил како негов наследник, група на постари лица (магистрантот Теоктистос, командантот Стефан и патријархот Никифор) го приморале Ставрикиј да абдицира во негова корист на 2 октомври 811 година.
Михаил I се обидел да спроведе политика на помирување, напуштајќи го точното оданочување спроведувано од Никифор I. Со намалување на царскиот приход, Михаил дарежливо давал пари на војската, бирократијата и Црквата. Избран со поддршка на православната струја во црквата, Михаил внимателно ги прогонувал иконоборците и го приморал патријархот Никифор да отстапи од неговиот спор со Теодор Студит, влијателен свештеник во манастирот Студиос. Побожноста на Михаил му донела многу позитивна проценка во делото на хроничарот Теофан Исповедникот.
Во 812 година, Михаил I ги отворил преговорите со Франките и го признал Карло Велики како цар. Како размена за тоа признавање, Венеција била вратена на Византија. Меѓутоа, под влијание на Теодор, Михаил ги одбил мировните услови од Крум и го отпочнал освојувањето на Месембрија (Несебар) од Бугарите. По првичниот успех во пролетта 813 година, војската на Михаил се подготвувала за поголем судир кај Версиникија близу Адријанопол во јуни. Византиската војска била приморана да бега, а положбата на царот била сериозно ослабена. Со заговор во воздухот, Михаил подранил на настаните и абдицирал во корист на генералот Лав Ерменец и станал монах (под името Атанасиос). Неговите синови биле кастрирани и однесени во манастири, еден од нив Никетас (именуван Игнатиј), на крајот станал Цариградски патријарх. Михаил умрел на 11 јануари 844 година.
Семејство
уредиОд неговата жена Прокопија, Михаил I имал најмалку пет деца:
Извори
уреди- The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
- Ostrogorski, G.; History of the Byzantine State, Rutgers University Press (јули 1986)
- Treadgold, W. A History of the Byzantine State and Society, Stanford University Press; 1 edition (1 ноември 1997)
- Gregory, T., A History of Byzantium (Blackwell History of the Ancient World), Wiley-Blackwell (11 март 2005)
Надворешни врски
уреди- Михаил I Рангабе на Ризницата ?
Михаил I Рангабе Роден(а): околу 770 Починал(а): 11 јануари 844
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Ставрикиј |
Византиски цар 2 октомври 811 – 22 јуни 813 со Теофилакт (811–813) |
Наследник Лав V |