Јовијан (латински: Flavius Iovianus Augustus;[1] 331 – 17 февруари 364) бил римски цар од 363 до 364. По смртта на царот Јулијан Отпадникот за време на неговиот поход против Сасанидското Царство, Јовијан набрзина бил прогласен за цар од страна на неговите војници. Побарал примирје со Персијците под понижувачки услови и повторно го воспоставил христијанството како национална црква. Неговото владеење траело само осум месеци.

Јовијан
64-ти владетел на Римското Царство
Солид на царот Јовијан
На престол27 јуни 363 – 17 февруари 364
ПретходникЈулијан Отпадникот
НаследникВалентинијан I
Роден(а)331
Сингидунум (денешен Белград, Србија)
Починал(а)17 февруари 364 (воз. 32 г.)
Дадастана (во Анадолија)
Почивалиште
Жена
ДецаДва сина, едниот Варонијан (конзул во 364)
Полно име
Флавиј Јовијан (од раѓање до пристапување);
Флавиј Јовијан Август (како владетел)
ТаткоВаронијан
Вероисповедхристијанин

Издигнување до моќ

уреди

Јовијан се родил во Сингидунум (денешен Белград, Србија) во 331 н.е. како син на Варонијан, командантот на царските телохранители на Констанциј II. Тој исто така се придружил на телохранителите и во 363 се издигнал на истата позиција на која некогаш бил неговиот татко. Со оваа можност, Јовијан го придружувал римскиот цар Јулијан на месопотамиската кампања истата година против Шапур II, сасанадскиот цар. По мал, но одлучен напад, римската војска била приморана да се повлече од бројната супериорна персиска војска. Јулијан, смртно ранет за време на повлекувањето, умрел на 26 јуни 363. Наредниот ден, стариот Салуциј, преторијанскиот префект на ориентот, го прогласил виолетов, изборот на војската бил Јовијан. Неговото избирање создало големо изненадување: Амијан Марцелин тврдел дека бил погрешно идентификуван со друг Јовијан, чие име исто така било изнесено или пак дека за време на честитањето војниците името Јовијан го сметале за Јулијан и мислеле дека тој оздравел од болеста.

Враќање на христијанството

уреди

Јовијан, христијанин, повторно го воспоставил христијанството како национална црква, ставајќи му крај на будењето на паганството за време на неговиот претходник. При пристигнувањето во Антиохија, ја поништил настроеноста на Јулијан против христијаните.[2] Лабарумот на Константин Велики повторно станал стандард на војската.[3] Издал указ на толеранција, за тоа дека, додека вежбањето на магиските обреди ќе биде казнето, неговите поданици треба да уживаат целосна слобода на совеста.[4]

Сеедно, во 363 издал наредба антиохиската библиотека да биде запалена,[5] а исто така на 11 септември било наредено тие што се молеле на боговите-предци да бидат смртно казнети. Тој ја проширил истата казна на 23 декември до степен на каква било церемонија (дури и приватна).[6] Јовијан имал голема почит спрема Атанасиј Александриски, кого го сместил на архиерејскиот престол,[2] посакувајќи од него да даде изјава за иднината на православието. Во сириската книжевност Јовијан станал херојот на христијанската романса. Од владеењето на Јовијан сè до петнаесеттиот век христијанството останало владеачка религија кај Западното и Источното Римско Царство, сè до Падот на Цариград во рацете на Турците во 1453.

Владеење

уреди

Јовијан го продолжил повлекувањето започнато од Јулијан. Покрај тоа што бил навредуван од Персијците, војската успеала да ги достигне бреговите на Тигар. Таму, длабоко во сасанидската територија, тој бил приморан да бара мир под понижувачки услови. Во замена за неговата безбедност, тој се согласил да се повлече од петте римски провинции источно од Тигар кои биле освоени од Галериј во 298, коишто Диоклецијан ги приложил, така што ќе им биде дозволено на Персијците да го окупираат замокот во Нусајбин, Кастра Маурорум и Сингара. Римјаните исто така ги предале нивните интереси за Ерменското кралство на Персијците. Христијанскиот крал на Ерменија, Аршак II, одлучил да остане неутрален во идните судири меѓу двете империи и бил приморан да оддаде дел од своето кралство на Шапур. Договорот претставувал големо посрамотување и Јовијан брзо ја изгубил неговата слава.

По пристигнувањето во Антиохија, Јовијан одлучил да оди во Цариград за да ја зацврсти неговата политичка положба таму. Додека патувал, бил пронајден мртов на креветот во неговиот шатор во Дадастана, на половина пат помеѓу Анкара и Никеја. Неговата смрт била резултат на предозирање со печурки или пак отровниот јаглерод моноксид од јагленот со кој се греел.

Јовијан бил закопан во Црквата Свети Апостоли во Цариград.

Наводи

уреди
  1. In Classical Latin, Jovian's name was inscribed as FLAVIVS IOVIANVS AVGVSTVS.
  2. 2,0 2,1 Philologic Results
  3. Reigns Of Jovian, Valentinian and the Division of the Empire@Everything2.com
  4. CATHOLIC ENCYCLOPEDIA: Flavius Claudius Jovianus
  5. Michael von Albrecht, and Gareth L. Schmeling, A history of Roman literature (1997), page 1744
  6. Vlasis Rassias A history of unconditional love (2005); currently in publication only in Greek, as Μια ιστορία αγάπης

Дополнителни информации

уреди
  • Banchich, Thomas, "Jovian", De Imperatoribus Romanis.
  • Ammianus Marcellinus, xxv. 5–10
  • J. P. de la Bleterie, Histoire de Jovien (1740)
  • Gibbon, Decline and Fall, chapters xxiv., xxv.
  • Gibbon, Edward, 1737–1794. The history of the decline and fall of the Roman Empire. (NY : Knopf, 1993), v. 2, pp. 517 – 529.
  • G. Hoffmann, Julianus der Abtrünnige, 1880
  • J. Wordsworth in Smith and Wace's Dictionary of Christian Biography
  • H. Schiller, Geschichte der römischen Kaiserzeit, volume ii. (1887)
  • A. de Broglie, L'Église et l'empire romain au IVe siècle (4th ed. 1882).
  •   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Jovian“. Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.

Надворешни врски

уреди
Владејачки титули
Претходник
Јулијан
Римски цар
363–364
Наследник
Валентинијан I и Валенс
Политички функции
Претходник
Јулијан,
Салустиј
Конзул на Римското Царство
364
со Варонијан
Наследник
Валентинијан I,
Валенс