Галиен бил римски цар. Роден е во 218 година. Познат и како Публиј Лициниј Егнациј Галиен . Со Римското Царство управувал од почетокот како соцар со својот татко Валериан I - од 253 до 260 година, а потоа и како единствен цар во периодот 260-268 година. Веднаш откако неговиот татко бил прогласен за цар,тој станал управник на источниот дел од царството, сè со цел да се соочи со персијците. Неговата власт била признаена само од Рим, но не и од империјата. Во Мала Азија водел големи битки со готите, а алеманите ја зазеле Sеверна Италија. Освен надворешните проблеми за империјата, се појавиле и внатрешни- на островот Сицилија избувнало големо востание на робовите, во Средоземно Море се појавиле пирати. Опстојувале епидемии, а римските провинции биле засегнати и од неколку земјотреси. Бил наследен од страна на Клавдиј II.

Галиен
Роден 218
Починал 268
Милано, денешна Италија