Константин V Копроним

Константин V Копроним (грчки: Κωνσταντίνος Ε' Κοπρόνυμος), ( 719 во Цариград - 14 септември 775 во Цариград) бил византиски цар кој владеел во периодот од 741 до 775 година.

Константин V
Византиски цар
Константин V и негоцвиот татко Лав III Исавријанин
На престол741–775
ПретходникЛав III Исавријанин
НаследникЛав IV Хазар
Роден(а)јули 718
Цариград
Починал(а)14 септември 775
Жени
ДецаЛав IV
Христофор
Никифор
Никита
Евдокија
Антим
Антуза
ДинастијаСириска династија
ТаткоЛав III Исавријанин
МајкаМарија

Рани години

уреди

Константин V Копроним бил син на Лав III Сириец и Марија. Тој бил оженет за Чичак (Ирина Хазарска), ќерка на хазарскиот хан како сојузник на империјата против Арапите и Бугарите.

Константин V несомнено е еден од најспособните администратори кои управувале со Византиското Царство. Независно од неговите успеси, тој е меѓу најомразените владетели во византиската историја поради неговиот обид да се наметне преку насилство иконоборството како официјална религиозна доктрина во империјата. Физички и психички нездрав, склонет кон жестоки и немилосрдни казни, Константин Копроним останал крајно непопуларен меѓу масата од населението и свештенството. Поддршката за него доаѓала главно од страна на војската, меѓу кои преовладувале иконоборските убедувања.

Граѓанска војна

уреди

Набргу по стапување на престолот, Константин V се соочил со граѓанска војна (741-743), која започнала поради незадоволството на иконоборската политика на царот. Додека Константин V започнал воен поход против Арапите во Мала Азија во 741/2 година на чело со Хишам ибн Абд ал-Малик, стратегот Артавазд Иконољубец, кој бил сопруг на неговата сестра Ана, се прогласил за цар во Тракија и на темата Опсикион, со поддршка на ерменските единици, при кое Константин бил принуден итно да се врати назад за да собере војници во Анадолија. Артавазд бил поздравен од народот во Цариград, каде официјално бил крунисан за цар. Во овој период започнала обнова на почитувањето на иконите, кое дополнително го подобрил неговиот имиџ пред населението. Сепак, поголемиот дел од азиските армии останале на страната на Константин и кон средината на 743 година тој успеал да го порази на узурпаторот и истата година Артавазд Иконољубец бил симнат од престолот и ослепен. Задушувањето на бунтот кон крајот на 743 година било проследено со голем терор и масовни погубувања.

Иконоборство

уреди

Како и својот татко така и Константин V бил приврзаник на иконоборството и ги прогонувал приврзаниците кои ги почитувале иконите. Во текот на неговото владеење биле уништени голем број на реликви и манастири. Тој всушност се покажал и поголем фанатик во иконоборството од неговиот татко Лав. Поради неговата политика на непријателство и насилство кон дел од црквата тој е познат со прекарот "Копроним" (од kopros "измет", и onoma "име") кое му било измислено од верските му противници.

Во 754 година Константин V свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиле да пратат претставници. По ова била донесена одлука од страна на царот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат. На соборот донесена одлука за строга забрана на култот на иконите. Наредено било нивно целосно уништување. Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје. Во 766 година Константин V дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита I Цариградски. Козма Александриски, Теодор Антиоиски и Теодор Ерусалимски биле бранители на светите икони во заедница со Рим.

Оваа политика била спроведена исклучиво сурово и била проследена со големи злосторствата. Според Теофан Исповедник, голем дел од монасите биле погубени преку камшикување, обезглавување и ослепување. На некои од црковните лица им биле намажувани нивните бради со мелем од восок и масло, по кое истите биле запалувани за да може да им биде изгорено нивното лице и глава.

Војна со Арапите

уреди

Неуморен и талентиран, Константин V започнал неколку офанзивни кампањи против ослабениот Арапски калифат. Така во 746 година тој успеал да ја освои Северна Сирија, а следната година арапската флота била поразена од византиската кај островот Кипар, кој подоцна бил повторно присоединет кон империјата. Во 752 година царот започнал нов успешен поход против Арапите во Малатија, достигнувајќи до Горен Еуфрат. Во тој дел од империјата биле пренесени голем дел од заробените Словени од Балканскиот Полуостров. Во текот на 770 година Арапите повторно упаднале во Мала Азија но уште еднаш биле поразени, но по ова тие започнале напади и грабежи во Кипар.

Константин V започнал да формира нова административната поделба на империјата и ја подобрил ефикасноста на теренската армија, создавајќи нови поделби - тагми.

Поради обврските главно со конфликтите на Балканот и Мала Азија, Константин V ја оставил во заден план заштитата на териториите во Италија, каде во 751 година Равена била заземена од Ломбардија. Кон крајот на неговото владеење Ломбардите го освоиле градот Рим, кој никогаш повеќе не се вратил под власта на Византија.

Војни со Бугарите

уреди
 
Воените походи на Константин против Бугарија (741–775)

Во периодот помеѓу 756 и 775 година Константин V организирал вкупно девет походи против Дунавска Бугарија со цел нејзино уништување. Во 756 година ги поразил бугарските војски предводени од Кормисош, кај тврдината Бурдизон која во чест на победата била преименувана во Булгарофигон. Во истата година организирал втор поход со пешадија во Тракија и со флота по Дунав. Кај тврдината Маркели, успеал да ја порази бугарската војска на хан Винех, по кое бугарскиот владетел склучил мировен договор со царот, според кој требало да ги испрати деца како заложници во Цариград.

Во 759 година започнал третиот поход, но византиската војска била поразена во Битката кај Ришкиот превој, по кое бил принуден да се повлече. Одбивањето на бугарскиот хан да ги преследува византиските војски во Тракија, довело до негова детонација од престолот.

Во 763 година Константин V го организирал четвртиот поход во кој учество зела флота од 800 бродови, додека пешадијата пак, која навлегла во Тракија била предводена од самиот цар. На 30 јуни 763 година, бугарската армија на чело со хан Телец била поразена во рамнината кај Анхиало. Дел од Бугарите биле заробени, одведени во Цариград за да го красат триумфот на царот, а потоа убиени од толпата.

Во 765 година византискиот цар го започнал петтиот по ред поход против Бугарија. Кон делтата на Дунав испратил две илјади, а самиот Константин со пешадијата се утврдил кај Веригава. Новиот бугарски хан Сабин побарал мировен договор, но царот овој предлог го одбил. Пред битката ненадејно започнала голема бура која ја разбила византиската флота и војната завршила. Новиот предлог на бугарскиот хан за склучување мир со Византиското Царство го чинело престолот. Шестиот поход на Константин V започнал во 768 година, кога неговите војници стигнале длабоко во внатрешноста на државата, но биле пресретнати од голем и жесток отпор и византиските сили биле принудени да се повлечат.

Во 774 година Константин V организирал седми поход против Бугарија, кога со 2000 флота заминал во Варна, но истиот поход одлучил да го прекине. Истата година царот го организирал и осмиот поход, првично успешен, но прекинат откако кај Месемврија, флотата на Византијците била зафатена од морска бура.

Константин V Копроним добил тајна порака од бугарскиот хан Телериг во која го известил дека поради нестабилната положба во власта ханот планира да избега во Византија. Гледајќи можност да ги зголеми немирите во бугарската држава, царот Константин сакал да испрати на Телериг список со византиски тајни агенти кои ќе придонесат во неговото бегство во Византија. Но, по нивното пристигнување бугарскиот хан наредил да бидат сите уапсени и погубени. Како што пишува во хрониките на Теофан Исповедник "Кога го слушна ова, Константин откорни голем дел од побелената му коса".

Последниот деветти поход Константин V Копроним го организирал во 775 година, но походот пропаднал поради неговата смрт.

Семејство

уреди

Со неговата прва сопруга, Ирина Хазарска (Чичак) († 750), Константин V има еден син:

  • Лав IV, кој го наследил како цар.

Со втората сопруга, Марија († 751) од 750/751 година, Константин V не е познато дали имал деца.

Со третата сопруга, Евдокија (од 768), крунисана за августа на 1 април 768 година, Константин V има пет синови и една ќерка:

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди