Јован V Палеолог
Јован V Палеолог (грчки: Ίωάννης Ε' Παλαιολόγος, 18 јуни 1332 - 16 февруари 1391) бил византиски цар од династијата Палеолози кој владеел неколкупати во периодот од 1341 до 1391 година.
Јован V Палеолог Ίωάννης Ε' Παλαιολόγος | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
Царот Јован V Палеолог | |
Византиски цар | |
На престол | 15 јуни 1341 - 12 август 1376 1 јули 1379 - 14 април 1390 17 септември 1390 - 16 февруари 1391 |
Претходник | Андроник III Палеолог |
Наследник | Мануил II Палеолог |
Роден(а) | 18 јуни 1332 Димотика |
Починал(а) | 16 февруари 1391 Цариград |
Сопружник | Елена Кантакузина |
Деца | Андроник IV Палеолог Ирина Палеологина Мануил II Палеолог Теодора Палеологина Михаил Палеолог Марија Палеологина три неименувани ќерки |
Династија | Палеолози |
Татко | Андроник III Палеолог |
Мајка | Ана Савојска |
Владеење
уредиПо смртта на таткото-цар
уредиКога Андроник III на 15 јуни 1341 г. умрел, неговиот син Јован V имал само девет години. Како најблизок пријател и соработник на покојниот цар, големиот доместик Јован Кантакузин полагал право врз водењето на регентството. Меѓутоа, против него се создала моќна опозиција којашто се собрала околу царицата мајка-мајка Ана Савојска и патријархот Јован Калекас. А најопасен противник на Кантакузин му бил неговиот некогашен приврзаник, итриот Алексиј Апокавк, којшто во времето на граѓанската војна се истакнал на страната на Андроник III и се здобил со големи почести и богатства.[1]
Наводи
уреди- ↑ Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 616.