Пјер Карден (француски: Pierre Cardin изговор: [pjɛʁ kaʁdɛ]), роден како Пјетро Кардин, е италијански- француски моден творец кој е роден на 2 јули 1922 година, во San Biagio di Callalta во близина на Торино, починал на 29 декември 2020.

Пенкало Пјер Карден

Карден беше познат по неговиот авангарден стил и неговите космички дизајни. Тој претпочита геометриски форми и мотиви, често занемарувајќи ја женската форма. Тој напредна во унисекс модата,понекогаш експериментална и не секогаш практична. Тој го воведе " фустанот балон" во 1954 година.

Пјер Карден исто така беше назначен за амбасадор на добрата волја на УНЕСКО во 1991 година.

На 16 октомври 2009 година, Пјер Карден беше номиниран за амбасадор на добрата волја во Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО).

Кариера

уреди

Карден се преселил во Париз во 1945 година. Таму, студирал архитектура и по војната работел со Жан Пакин.Тој работел со Elsa Schiaparelliuntil и во 1947 година станал директор на ателјето на Кристијан Диор , но бил одбиен за работа во Balenciaga.

Карден ја основал својата куќа во 1950 година. Неговата кариера беше промовирана кога дизајнирал околу 30 костими за "забавата на векот", балот под маски кој се одржал во Palazzo labia во Венеција на 3 септември 1951 година, чиј домаќин бил сопственикот на палатата,Carlos de Beistegui. Тој започнал со високата мода во 1953 година.

Карден беше првиот моден творец кој високата мода ја сврте кон пазарот во Јапонија,кога таму отпатувал во 1959 година. Во 1959 година, тој бил протеран од Комората на синдикатот заради лансирање на колекција на облека за стоковната куќа Принтемпс како прв моден творец во Париз, но наскоро бил повратен.

Карден дал оставка од Комората на синдикатот во 1966 година и започнал да ги изложува своите колекции во својата сала,"Espace Cardin" (отворена во 1971 година) во Париз, порано позната како "Theatre des Ambassadeurs", во близина на Амбасадата на САД во Париз.Espace Cardin исто така се користи за промовирање на нови уметнички таленти,како театарски друштва,музичари и други. Тој исто така бил контактиран од страна на Pakistan International Airlines за да дизајнира облека за националниот авиопревозник. Униформите биле претставени од 1966 до 1971 и веднаш станале хит.

Карден се прошири и на другите пазари во кои беше вклучен и договор со Americans motors(АМЦ),следејќи го успехот на Алдо Гучи ,кој го дизајнирал ентериерот за Hornet Sportabout. Овој производител на автомобили го вклучи смелиот и чуден дизајн на Карден во "некои од најнеобичните ткаенини и модели некогаш видени во било кој американски автомобил" за 1972 и 1973 година,во моделот AMC Javelins.

Оригиналната продажба била проценета на 2500 скапоцени коли. Вкупно 4152 AMC Javelins добиле смела внатрешност со задебелени повеќебојни плетени шари во тонови од кинеско црвена, темноцрвена, бела и сребрена боја поставени на црна позадина. Ова бил еден од првите американски автомобили која нуди специјален трим пакет создаден од познат моден творец. Cardin Javelins доаѓал заедно со амблемот на дизајнерот на предните браници и имал ограничен избор на надворешни бои да ја координираат специјалната внатрешност (Trans Am црвена,снежно бела, ѕвездено сребрена, дијамантско сина и диви сливи), која ја координираше со посебни ентериери.

Неговиот колега-дизајнер, André Courrèges, му се придружил во 1971 година и ја презел одговорноста за колекциите за високата мода во 1987 година. Карден беше член на Syndicale Chambre de la Haute Couture et du Pret-à-Porter од 1953 до 1993 година. Како и многу други дизајнери денес,Карден одлучи во 1994 година да ја покаже својата колекција само на мал круг одбрани клиенти и новинари.По пауза од 15 години,тој ја покажа новата колекција на група од 150 новинари во неговиот дом во Кан.

Други интереси

уреди

Тој ги купил Максим рестораните во 1981 година и наскоро отворил филијали во Њујорк, Лондон и Пекинг (1983 година). И синџирот на хотели Максим сега се вклучени во имотот. Карден има исто така и широк спектар на прехранбени производи лиценцирани под тоа име. Во 2001 година, Карден ги купил урнатините на замокот во Лакост, Vaucluse што некогаш бил населен од страна на Маркиз де Сад, кој делумно го реновирал и таму одржува музички фестивали. Карден исто ја поседува голема палата во Венеција наречена „Ca' Bragadin“,за која што во неколку интервјуа навел дека оваа куќа некогаш ја поседувал Џакомо Казанова,а во реалноста таа била дом на Giovanni Bragadin di San Cassian, бискуп на Верона и патријарх на Венеција.

Во 2003 година, Карден го поканил наградуваниот Чеченски детски танцов ансамбал,„Lovzar“, да танцуваат во неговото музичко шоу "Тристан и Изолда", кое било изведено во Москва, Русија.