Густав Малер (Калиште, 7 мај 1860 - Виена 18 мај 1911) — австриски композитор. Напишал 9 симфонии, меѓу кои се истакнува осмата под името „Симфонија илјади“, а тоа име го добива по тоа што Малер предвидел илјада изведувачи, вокални и инструментални. Исто така компонирал и поголем број соло песни. Спаѓа во композиторите на романтизмот од втората половина на 19 век.

Густав Малер
Gustav Mahler
Роден Густав Малер
7 јули 1860
Калиште
Починал 18 мај 1911
Виена
Националност австриец

Животопис

уреди

Роден е во еврејско семејство во местото Калиште во тогашната Австроунгарија (денес се наоѓа во Чешка), како второ од вкупно 12 деца кои ги имале неговите родители, од таткото Бернард (1827-1889) и мајка Мари Херман Малер (1837-1889).

Многу негови браќа и сестри, рано умреле. Најстариот брат Конрад Малер, роден во 1858, починал веќе следната година 1859. Набрзо по раѓањето на Малер, неговото семејство се преселило во гарнизонскиот град Иглау (денес тој град се наоѓа во Чешка под името Јихлава). Од најмала возраст го интересирало музиката, а веќе по доселувањето во Иглау, дојдол во допир со воената музика.

Образованието го започнал во Иглау, продолжил во Прага, така што истовремено завршил и гимназија и конзерваториум (кај Антон Брукнер) во Виена, до 1878 година. После завршувањето гимназија студирал филозофија и историја, а кај Брукнер хармонија и контрапункт.

Многу работи влијаеле на него, и набрзо уште во студентските денови почнал да компонира. Многу читал, особено Достоевски кој многу го сакал, додека музички идоли му биле Рихард Вагнер, Антон Брукнер и Волфганг Амадеус Моцарт.

После завршувањето на студиите, почнал да диригира во летниот театар во Халеу, каде диригирал од 1880 до 1881 година. Потоа диригирал оперски изведби во Љубљана од 1881 до 1883 година.

Во 1888 година, станал директор на кралската опера во Будимпешта и на ова место останал до 1891 година (три сезони).

 
Бронзена биста на Густав Малер од Огист Роден , 1909
 
Портрет на Густав Малер , изработен 1902 од Емил Орлик