Атинагора Цариградски
Атинагора Цариградски, (25 март 1886 во Епир- 7 јули 1972 во Истанбул) — цариградски патријах во периодот од 1 ноември 1948 до 7 јули 1972 година.
Атинагора I | |
---|---|
Цариградски патријарси | |
Вселенскиот патријарх Атинагора I во 1967 година | |
Ракоположен | 1 ноември 1948 |
Службата завршила | 7 јули 1972 |
Претходник | Максим V |
Наследник | Димитриј I |
Лични податоци | |
Световно име | Aristocles Spyrou |
Роден | 25 март 1886 Епир, Грција |
Починал | јули 7, 1972 Истанбул, Турција | (возр. 86)
Своето образование го стекнал во родниот град, а во 1903 година заминал да учи теологија во Халки. По неговото дипломирање во 1910 година, тој бил поставен за ѓакон. Во 1919 година станал ѓакон во Атина, а во 1922 митрополит на Крф. Во 1930 станал архиепископ на северна и Јужна Америка. Во 1948 година станал цариградски патријарси.
Во времето кога станал патријарх, политиката на Вселенската патријаршија се водела главно кон грчкиот народ, а помалку се водело сметка за останатите православни цркви. Така, во негово време дошло до зближување на односите со Римокатоличката црква, а папа Јован XXIII ги повикал на сите православни цркви да учествуваат на вселенскиот собор, познат како Втор ватикански собор. Сепак, тој не учествувал на ватиканскиот собор, туку свикал собор во Родос. Соборот од Родос бил доста значаен и успеѓен, бидејќи дошло до соединување на православните цркви кои опстојуваат под различни политички системи. По овој собор дошло и до тесна соработка помеѓу црквата и источните цркви.