Алберто Аквилани

италијански фудбалер

Алберто Аквилани (италијански: Alberto Aquilani, роден на 7 јули 1984 во Рим) — поранешен италијански фудбалер кој за последно настапувал за шпанскиот клуб ФК Лас Палмас.

Алберто Аквилани
Аквилани во дресот на Ливерпул
Лични податоци
Полно име Алберто Аквилани
Роден на 7 јули 1984(1984-07-07)(39 г.)
Роден во Рим, Италија
Висина  м
Позиција среден ред
Број 18
Младинска кариера
1999–2002 ФК Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2009 Рома Рома 102 (9)
2003–2004Триестина Триестина (п) 41 (4)
2009–2010 Ливерпул Ливерпул 18 (1)
2010–2011Јувентус Јувентус (п) 33 (2)
2011–2012Милан Милан (п) 23 (1)
2012–2015 Фјорентина Фјорентина 81 (13)
2015–2016 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 19 (3)
2016-2017 Пескара Пескара 9 (1)
2017- Сасуоло Сасуоло 16 (0)
2017-2018 Лас Палмас Лас Палмас 21 (0)
Репрезентација
2000 Italy U-15 8 (0)
2000–2001 Италија U-16 13 (0)
2001 Италија U-17 2 (0)
2002 Italy U-18 6 (0)
2001–2003 Италија U-19 18 (3)
2003 Италија U-20 2 (1)
2004–2007 Италија U-21 20 (5)
2006– Италија 38 (5)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 9 мај 2018
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 18 ноември 2014

Својата кариера ја започнал во младинскиот тим на Рома, за да во 2002 потпише повеќегодишен договор. Во Серија А дебитирал на 10 мај 2003 против Торино. Во сезоната 2003–2004 бил даден на позајмица во Триестина.

Во 2009 година, Аквилани потпишал за англискиот премиерлигаш Ливерпул за сума од 20.000.000 евра. По една сезона помината во Ливерпул, бил даден на позајмица во Јувентус во 2010 година, а во сезоната 2011-2012 бил даден повторно на позајмица во Милан.

Аквилани бил член на сите младешки репрезентации на Италија. За првиот тим дебитирал во 2006 година против Турција.