Муса Џафери
Муса Џафери (албански: Musa Xhaferi, 7 јули 1959 во Зајас) — македонски политичар од албанска народност. Тој дипломирал на економскиот факултет при универзитетот во Приштина во 1984 година, а магистерски студии по економија завршил на универзитетот во Цирих, во 1995 година. Завршил и специјалистички студии по педагогија на академијата за образование на возрасни во Луцерн, во 2000 година.
Муса Џафери | |
---|---|
![]() | |
Министер за локална самоуправа | |
На должноста 27 јули 2008 – 28 јули 2011 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Абдурахман Мехмети |
Наследник | Невзат Бејта |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јуни 1959 Зајас, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Народност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Вероисповед | ислам |
Воена служба | |
Припадност | ![]() |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Зборува германски, а се служи и со француски јазик. Во периодот 1996–2001 година работи како педагог-андрагог во Луцерн, Швајцарија. Џафери функцијата заменик-претседател ја вршел и во владите на Бранко Црвенковски и Владо Бучковски во периодот од 1 октомври 2002 до 6 јули 2006 година. Бил министер за локална самоуправа во периодот 2008–2011 и вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор од 2011 до 2016.
![]() | Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |